Дали би сакала да видиш и за мојата (секако доколку имаш време)? Го следам некое време форумов и таман после долго мислење се одлучив да закажам кај Александар и го прочитав ова погоре и сеа сум ни ваму ни таму :’)
Мислење за ведска астрологија и наталните карти? Ги истражувам наталните карти веќе подолго време па се заинтересирав и за ова. Поразлични се од оние засновани на western astrology со тоа што степенот на планетите се смета како да е околу 24степени поназад од оној во карта според западна астрологија. Исто така кога станува збор за куќите во наталната карта, ведските користат whole sign system што значи дека еден знак е една куќа(поле) за разлика од западноастролошките карти кадешто куќата пример може да почне негде на средина на знак. Според овие основни разлики кога ќе пребарате sidereal натална карта таа најчесто изгледа сосема поразлично од популарните западно астролошки карти. Цел живот сум следела западна астрологија но во последно почнав да истражувам и за ова. Дали некоја од вас има искуство со вакви натални карти, дали можеби знаете нешто повеќе или сте биле кај некој да ви изработи ведска натална карта? Дали сметате дека се поавтентични и поточни од популарните западноастролошки натални карти?