ај ако ја има те молам пиши термин,јас да ти кажам ги имам гледано овие што се на свет плус ееее од нив сум мн задоволна само што мн лапаат пари. леле стварно не знам што сакал поетот да каже со тоа,ама и не му се замарај,појма си нема.
Некако не сум изненаден. Јас сум бил на индиска астрологија, наводно треба да е попрецизна од нашата и исто воопшто не бев задоволен и мислев и кај овој да пробам ама чим така баталувам. Иднина многу тешко да ти погодат а сум чул дека и они користат компјутер за одредени пресметки. За професионалноста нема што да кажам си знаеш и сама. Зар ни тоа не објасниле? Кармички значи дека со тој партнер сте судбински поврзани однапред, значи веќе сте имале нешто во минато со други зборови ко некој што ти е суден да го сретнеш. Само така рекле а дали е тоа точно кој ќе провери, никој .
а што мислиш за оние на свет плус? ги имаш гледано? неееее кармички и судбински не е исто,само што јас не знам убаво да ја објаснам разликата,а знам дека постои..
Не сум ги гледал така да за тоа прв пат тука прочитав. Мене иднината ме интересира другото и онака ти е џабе да го знаеш и не ти менува ниту користи многу. Добри астролози се изгледа како добри гледачки на кафе, еден на 1000 е добар. Ти кажав кармички значи веќе сте имале нешто и сега ви е судено пак да се сретнете. Ете ако сметаш не е така кажи како е, не дека мора да сум во право .
да де,си поставуваш конкретно прасање и ти кажуваат,што знам јас мислам дека ги бива,ама зависи на кој ке налеташ.
Баш сега читнав малку теорија за карма и судбина и донекаде си во право дека не се исти ама и таму кај што читав така запетњано објаснуваат скоро ништо да не разбереш и цело време викаат ние веруваме дека е така, у стил се мисли ама нема конечен доказ дека мора така да биде. Запетљани работи . Ако дознаеш за Вест обавезно инфомирај .
http://www.vest.com.mk/default.asp?Item ... C1E73A1C50 Еве ви ја веб страната на Вест со бројот и објаснување, што како за пораката, бидејќи некој друг број од него немам. Емисијата на Александар изгледа ја нема веќе, најверојатно поради летните одмори.. кој ти знае дали сега ќе продолжи. Пошто нема друг начин како да стапите во контакт со него, пишете му дека сакате да ви направи детална натална карта, ваљда ќе ви одговори. Обично ви велам неколку дена подоцна ги праќа пораките и од она што јас пратив и некои други... за конкретно прашање погодил... и пораката што стигнува од кај него е всушност три четири пораки Кармички според мене е не судбински партнер дека ти е, а се ти зависи од тоа што ти ќе направиш што ти ќе избереш, дека не ти е шкртнат некаде во твојата судбина конкретен партнер кој ќе биде за тебе... а ќе си го избереш самата, т.е судбината твоја ќе ти го понуди зависно од тоа колку си била ти добра или лоша во овој и претходниот живот Така јас си го објаснувам ова.
Сакам да прашам за Зоран Крстевски...Дали преку фејсбук изработува натална карта и дали е бесплатна? Иако не ми се верува, но вреди да прашам
луѓе дали некој слушнал за тодорка георгиева кај ентернет? ме занима дали ја бива или и она ко зоранчо?
Иако е ова форум за жени сепак сакам jа кaко маж да ви дадам совет за астрологијава - Јас се бавев аматерски со астрологија и можaм да ви кажам дека сето тоа не треба да ве интересира воопшто, зошто тамо може да ве вознемират некоји работи што не треба да ги знаете. Што се однесува за наталните карти, можете и самите да си ги направите на бесплатните сајтови на интернет ги има многу, поарно така одколку да ви зимаат пари приучени дрдорковци и шарлатани, и нека не ве лажат дека они можат да видат појасно и поточно, сум слушал безброј астролози што утињале со прогнозите. Иначе аспектите и планетите во полинјата (куќите) се повеќе потенцијал отколку загарантиран успех или неуспех. Имам гледано многу натални карти на многу успешни и познати луѓе и можам да кажам дека незначи дека ако некој има одлична поставеност на планетите дакa ќе биде успешен човек или дека ако има лоша поставеност на планетите дека ќе биде неуспешен човек, све е индивидуално.
Знаете некој сајт кај што прават бесплатни натални карта али да биде на македонски. српски или хрватски ?
ova e interesеn sajt kade se selektirani rabotite da ne zvucat napadno tuku zabavno. http://www.0800-horoscope.com/birthchar ... nys2exQfRQ
Сепак бидејки е релативно тоа што е во наталната карта предвидено, незначи дека е вистина, добро е да се знае нешто пред време.Иако на некои луѓе кои ми се блиски, им било направено натална карта и се им било погодено, се остварило.Како и да е во наталната карта, сакам предвреме да знам радознала сум многу еднаш ми направија натална карта, па сакам пак, за да видам дали е исто предвидено, како и претходното, чисто од интерес и нема зошто некого да не го интересира.
Убава реклама им правиш на астролозите, а тоа -СЕ ИМ БИЛО ПОГОДЕНО- чисто се сомневам дека е така, лично на мене речиси ништо не ми погодиле тоа и ме натера да чепкам самиот за да дознаам некои работи. Сакав само да апелирам за луѓето што се почувствителни да не подлегнуваат на некакви претскажувања на астролози што гледаат да им ги земат парите без никаков морал и етика.