Дали знаете кај некој астролог да може да се иде периодов лично, а сте задоволни? Му пишав на Зоран цената е 3000, но и ти ја објаснувал само по телефон или евентуално преку скајп. Или ако не се оди лично да биде барем во печатена форма. Вака по телефон ако ми каже све ќе заборавам, а сакам да правам и натална и соларна, такада 6000 не ми се фрлаат џабе.
Нова сум во сево ова, може некој да ми објасни што е разликата меѓу натална карта и соларна карта? И јас сакам да правам кај него, направив муабет и точно, по телефон или скајп објаснувал, а не во живо ради короната. И си е во право за тоа, си се чува човекот и не сака да се изложува на ризик да се зарази. Според мене е многу подобро со разговор отколку печатен текст. Ќе се прави муабет саат време и ќе може да се објасни и разговара за се што е многу подобро отколку некој само да ти прати напишан текст и ај со здравје. И јас го мислев истото, дека би заборавила така што планирам да запишувам во тек на муабет, а можеби и да го снимам разговорот.
Соларна се прави само за период од една година, од еден до друг роденден. Со самото тоа треба да е подетална. Ме интересира дали има некој правено кај Илија Крајнички? Има сега баш понуда натална и соларна со предвидувања за 2500 денари.
Јас ја платив 1500 денари , презадоволна сум бидејки дечкото од 2018 до сега скоро се ми погоди во однос на датите и многу е фин. Ако треба да донесам некоја поголема одлука го замарам него за помош
Јас правев 2018 тогаш се видовме лично и си запишуваш се што ќе ти каже. Сега незнам како е, дали се гледа лично или преку телефон.
Сепак се решив за кај Илија Крајнички па ќе видиме. Ми се јави на тел и ми кажа неколку работи за мене кои ги погоди. Нарачав комплетна натална и соларна со предвидувања. Следна недела ќе ми ја испрати и се надевам ќе има нешто подетално за иднината да не е општо само.