Јас на фб го најдов и го додадов. Таму и ми се јави откако му пишав. Побарај Илија Бошков Крајнички и ќе ти искочи.
Дали верувате во натална карта? И дали мислите дека со поместувањето на планетите нас ни ја запишуваат судбината?
кој ти ја правеше наталната? Јас сум шокирана од раскажувањето од страна на астрологот, све негативно ми раскажа
Искрено, мислам дека не може да се одговори стриктно со да и не. Верувам во натална карта, ама порано многу се измачував, имав дилема околу судбина и слободна волја. Можеби поради тој факт пропуштив животни искуства кои требаше да ми бидат лекции во овој живот. Сега верувам и во судбина и во слободна волја. Некако се испреплетени, ете. Судбина ни се родителите, браќата, сестрите, децата, удобствата што ги живееме, смрт на родител исто верувам дека е судбина. Правиме избор за партнер, професија, место на живеење, е сега имаш лоши и добри избори. На наталната сум се ослонила зошто ме мачеле некои прашања зошто ми се случува тоа што ми се случува или дали ако се решам да направам нешто е добар периодот или треба да почекам, дали ќе имам успех во тоа и какви се аспектите.
Здраво. Дали ти ги испрати по меил или треба лично да се видиш со човекот? И што поконкретно те прашуваше кога ти се јави?
Натална карта е исто точно колку одење на гатачка или бајачка.Никој вистински не би знаел да каже. Пробај си.
Не меил. Кога ми се јави му кажав само датум,време и место на раѓање и според тоа ми кажа доста работи.Доколку имаш прашања околу наталната ти следува секако и бесплатна консултација таа недела.
Леле и јас кога бев пред две години само лоши работи ми кажа, се мислам сега дали пак да ми прави некој.
@Justicija Па вака кога ќе размислам ми се оствари една голема работа, ама ми остана она лошо чувство кога ми кажа дека нема да ми се погоди никој во животот, се нешто ќe ми сметало, така ми биле поставени ѕвездите. Затоа се мислам сега пак да отидам, ама кај некој што ќе ми даде напишано, кај оваа демек другарка ми снимаше на тел, уствари не снимала
Па добро кога ќе наброи некој 20 работи има шанси една да се оствари по случајност.Не си фрлајте пари за џабе за после да седите и да се мислите кога ќе се случи нешто лошо што ви го кажале.
Ако веруваш во Бога , тогаш ти е јасно дека наталната карта не може вистинита да биде , бидејќи со Божја помош и милост се надминува " судбината ". Тоа е всушност само замка во која упаѓаат оние кои се изгубени во духовниот свет и измамени да веруваат во лага. Ако пак не веруваш во Бога , тогаш како можеш и да помислиш дека е можно да постои некое невидливо влијание , од далечни планети , кое управува со тебе како да си марионета... Зарем постои невидливо во кое веруваш, а не веруваш во Творец на истото тоа невидливо и ова наше видливо кое е испреплетено со споменатото? Астрологијата е само глад по духовна храна , но за жал таа храна е отровна и штетна. Можеби е и корисно што ти е сервирана и во лоша амбалажа , за полесно да ја исфрлиш од себе. За астрологот кој се осмелува да сервира чист отров , не размислувајќи дека можеби и трајно ќе го промени животот на една душа или на десетини ....со огромна жалост можам да тврдам дека неговиот е уништен во голема мера... Може ли добар човек да посее лоша мисла ? Што бараш кај лош човек , па уште да ти нуди одговори за твојот сопствен живот, одговори и решенија на кои само ти самата имаш право, бидејќи тебе ти е доверен...
Никој не ти сервира отров. Никој не рече дека во картата ти е запишана судбината, туку ти е како водич. Ако имам потенцијал според картата да бидам бизнисмен, а јас лежам по цел ден и чекам да падни од небо, ќе бидам бизнисмен само оти така ми се поставени планетите? Не. Знаеме дека во животот за да имаме нешто треба да работиме на тоа, ништо нема напишано во универзумот и ќе ти падне тебе од небото...Споредбата со верата и астрологијата што ти ја правиш е чиста глупост, сакаш верувај во астрологија сакаш не, твое право. Исто како што ти не веруваш во астрологија, некои не веруваат во господ.
И одговорив на @Justicija , бидејќи ми делуваше разочарано од толкувањето кое го добила....инаку немаше да употребам толку " тежок " збор. Секако дека постојат астролошки " вистини ", во спротивно не би можела да опстои илјадници години.....но, многу е погрешно да дозволиме истите да завладеат со нас , бидејќи кога се позитивни, лесно можат да не направат мрзливи и горди , а кога се негативни да не исполнат со страв и да не заробат како во пајакова мрежа. Астролог кој дава негативни прогнози , отров сервира , често несвесно , суетно и гордо ,наводно во име на вистината , која ја гледа во една обична мрежа од симболи. Сепак " човекот е повисок од ѕвездите " , водичот треба да му биде сопственото срце.