Не правам никаква реклама, си кажувам како што е, како што ми кажале, немам зошто да лажам за нешто што не е толку значајно, а е сепак интересно.Затоа и реков дека не секогаш е точно тоа што е предвидено во наталната карта.
Мислам дека некои имаат погрешно мислење за наталната карта и хороскопот во глобала. Не е поентата некој на ви каже на 21 мај ќе родиш дете или на 4 септември ќе ја запознаеш љубовта на твојот живот. Поентата е да си ги увидите лични карактеристики, слабостите и јаките страни, талентите и карактерот и да знаете како да се поставите во одредени ситуации во иднина, кон што да ја насочите вашата енергија и слично.
Токму така, лично ме иритира кога гледам астролози по телевизииве кои се однесуваат како гатари а не како астролози. Ви претстоји пат во странство, напредок во кариерата, ако не сте вработен ке се вработите од тогаш до тогаш... дрн дрн јариња.. Во наталната карта можете самите да си го видите потенцијалот кој го поседувате за некој работи, да ја видите поставеноста на планетите и аспектите помеѓу нив па да извечете заклучок.
имам слушнато за Младен што прави натални карти,и живи во Битола,па ако го знај некој ако можи да ми кажи...фала однапред =)))
Вака изгледа мојата натална карта...Незнам се што значи, ама горе долу, врти сучи, на кај водолијава се ме тера.
Бил некој скоро кај овој Александар за натална карта??? Мајка ми ми должи натална карта за роденден, па ме интересираше како се цените, претпоставувам со закажување иде, и дали ти прави анализа на лцие место (знам дека некои самонаречени астролози само ти праќале на домашна адреса натална карта со безврска анализа). И некој бројче за контак да има???
Mене освен општи карактеристики друга работа што увек ми испаѓа е дека ќе ги победам сите непријатели Тоа е супер .. уште да ги имав или да знаев кои се А јас пријателски настроена кон луѓето -.- Шо знам јас го сфаќам како забава, не верувам баш дека положбата на ѕвездите може да ти го одреди текот на животот.
Ви правел ли до сега некој наш астролог натална карта? Кој? Како сте задоволни? Сакам некој кој што знае да види и да ми даде одговор на поконкретни работи... а не само општи, тоа може да се најде и на интернет. Знаете ли за некој што стварно го бива?
077/ 638 / 972 - изработува натални карти цената веројатно е некаде од 1800,оо до 2000,оо денари го гледав на ТВ СИТЕЛ
Јас на интернет имам правено натална карта, ама и не верувам баш во тоа. Колку што помнам ми пишуваше дека млада ќе го напуштам домот и ќе се осамостојам, дека за брак ќе сум барала партнер кој што ќе го сакам, но и да биде добро финансиски ситуиран и ред други глупости. И упорно запнале со таа уметност. Но, доста работи околу мојот карактер ми имаа погодено, но ништо не си земам здраво за готово. Eве како изгледа
KE MOZE LI DA MI PISES BROJCE OD ASTROLOGOT U PORAKA FALA [mod-kirilica:11n7qqar][/mod-kirilica:11n7qqar]
Ми има правено натална Илија Бошков Крајнички, го знаете келавиот што го предвиде атентатот на Глигоров. Пријател ми е на фб, го гледал профилот, датата на раѓање и направил натална. МИ пиша да му титнам да ми се јави да ми каже што, како. Се поѓаѓа ептен. Ме погоди каков карактер сум. И самиот си кажа дека обично енго луѓе го замарале да им прави натална,а мене без пари ми направи. Кажа дека бројките биле интересни па затоа се јавил. Има вистина.
Наталната карта треба да се анализира заедно со транзитите на планетите што се одвиваат во одреден период. Освен наталната карта, доста веродостојна е прогресивната натална карта и соларната карта-тоа е годишна карта од роденден до роденден, и многy зависи на кое место ќе бидеш на роденденот планетите се подредyваат во зависност од локаЦијата. Исто во прогресивната карта треба да се гледа лyнарната Фаза. Ако е полна Месечина, тоа значи оти во оптек од 2 години излегyва на површина yспеx од сработеното и важна животна промена.
И јас синоќа од радозналост си направив натална карта на линковите на нет.Карактеристиките мои излегоа точни од збор до збор.Е сега за некои идни работи ќе видиме,иако според мене големи се шансите за нивно исполнување.А денес на фб го додадов за пријател тој Илија Крајнички уредникот на списанието Хороскоп.И ми пиша да се слушнеме за да ми каже нешто од наталната карта.се двоумев на почетокот ама си реков е ајде де ништо не губам,онака да слушнам што ќе каже... Кога почна да кажува јас незнаев дали добро слушам или си замислувам. Како почна да погодува...за проблеми со здравје на пример,кариера,љубов.прво ми кажа што и како било, до некаде беше точно.А за иднина нешто ми напомена и ми беше мило да слушнам дека ќе биде се онака како што јас очекувам.Јас сум прилично задоволна од човекот.
така без пари ти ја направи наталната карта,ти прво го исконтактира или тој самиот? а ако зима пари која му е цената?
На нет направив натална карта ама ништо не разбирам бројки бројки колку сакаш како да се снајдам ај помош