Дали некој нарачал натална карта од странава, цената е 800 денари, прашав и на профилот на unoffical : Astrology меѓутоа најниската цена е 5.000 денари, дали некој има искуство да сподели
Која е Снежана? Гледам наназад за Славица се збореше да не е она? Уште е таа цена од 600 денари, ако за неа збориш секако.
Пробав да ја најдам на нет и ми искача една помлада девојка на фб и инста, таа е така? Не најдов некои мислења за неа за натална карта а ценава е горе доле како другиве што се попознати. Не ми се даваат онака парите сакам стварно некој што знае да даде предвидувања. Ми идеше еднаш да го барам оној астрологот на Цеца и Џоковиќ и кај него да закажам ако воопшто има термин хаха. Ако тебе треба шамар да ти удриме, менеее ќотек ќе треба.
Јас кај Марина Говорко летово имав закажано и уплатено за едно прашање. Нешто што ми беше битно да речам и ми е во моментот. А и реално прескапа е, мислам цела натална карта и е 6000 денари, за ова беше 2500. Е сега жената можеби има познавање, и многу познати фаци од кај нас и екс ју одат кај неа зошто како што разбрав со ова работи доста години, ноо јас баш и не сум задоволна бидејќи се што добив беше опис на тоа што се ми значи што сонцето ми е во тој знак, венера во тој знак бла бла и вториот дел беше пре општо за темата/проблематиката за која и уплатив и кратки објаснувања за транзитите до 2025 сето ова во саат и 15 минути аудио снимка.. Дека ми се реши мистеријата не ми се реши, дека некаде се пронајдов - се пронајдов, имаше нешта што ми беа и нелогични и со кои и не се поистоветував.. Она што сфатив според тоа што го добив е дека да може имам за некои работи предиспозиции ама дека на крајот од денот не е се тоа зацртано фиксно. Дали вреди не знам.. Како ве води срцето така ❤️
Иначе за таа снежана видов на igtv кај le mon rebeca многу ја испофали, ама како навистина, неплатена реклама, и кажувала некои работи што никој не ги знае туку само она, така да, одете кај нејзе изгледајте го видеото
Taa e, да и јс идев по таа логика другарка ми уплати кај неа а јас кај Крајнички, и на другарка ми и кажа некои рабпти што и се десиле ама јас ди викам ај глупости за минато на тепка, ама рабпти што и кажа дека ке и се десат почнуваат да и се случуваат и за тоа одлучив да закажам зошто на крај испадна дека ако некој е познат не значи дека вреди повеќе од некој непознат, јас од Крајнички воопшто не сум задоволна
Точно не значи дека ако е познат е добар. Баш во понеделник пиши како си задоволна па да ја контактирам. Се чека многу и како му доаѓа натална карта за во иднина или соларен хороскоп оној за една година?
Јас натална одбрав, иначе не знам минатиот пат у пишав на крај н декември ми рече слободен термин за крај на јануари, а сега и пишав во петок и и имаше некој откажано за понеделник и така го добив тој термин.
Ne voopsto ..katastorfa e..samo filozofira a nisto ne kazuva..mislam deka go mrzi duri da ja gleda natalnata karta pa taka si prai filozofski nuabet..