Правев натална кај Александар Јанкович иако не бев нешто многу оптимистична затоа што немам искуство со вакви работи. Цената беше 2000 и верувајте вреди секој денар што го дадов. Не знам како функционира ова точно ама човеков сѐ ми погоди што се случувало во минатото и во моментов, за тоа што кажа за во иднина ќе видиме ама искрено не се сомневам воошто. Имаше една случка што ми ја спомна поврзано со фамилијата за којашто јас не знаев ми ја кажа, после тоа ја прашав мајка ми и испадна навистина се случило. Исто така во врска со љубовен проблем што го имав за да не ја продлабочувам темата му кажав дека трае околу еден месец, тој ми вика да не почна случајно во октомври што е вистина и сам ја кажа суштината на проблемот. За се што прашуваше му одговарав со да и со не, а тој ќе почнеше опширно да зборува за тоа што се случувало. Исто така имав запишано неколку прашања, ама тој со разговорот ги опфати сите теми и немав ни што да го прашам на крај. Имав некои проблеми во кои се сомневав ама сѐ ми потврди и искрено многу му олесна. Отсега ќе му се јавувам кога ќе ми треба некаков совет за тоа како треба да постапам за некои битни ситуации.
На фб исконтактирај го, ќе ти ја објасни процедурата и ќе се договорите за понатаму, јас така направив.
Дечки само што сакав да ви пишам за Александар Јанкович. Бев кај него крај на 2019та година. Го слушав што зборува за мене за моите мајка ми сестра ми ми предвиде и смрт на блиска машка роднина и ми даде совети за моето здравје. Тогаш мислев дека треска глупости и си велев 1500 ден фрлени во вода. Ми кажа нешто за мајка ми што тогаш не го разбрав и ми вели заспана си сега ке се освестиш за година две и се ке ти биде јасно во животот. И навистина така и беше се се случи он како што кажа. Временската рамка не беше најточна ако кажал ќе се разочараш од дечко ти во Мај тоа се деси во Јули ама тука некаде е неколку вакви слични имаше. Го препорачувам.
Дали некој има правено натална кај Младен, како сте задоволни и како да го најдам на фб незнам презиме. Благодарам
Zdravo, me interesira dali nekoj pravel solaren horoskop kaj Violeta Marsol ili Krajnicki i ako ima takov, kako e zadovolen?