Здраво на сите, Јас правев исто кај Снежана, гледам од другите членки слични информации, нешто за последниве години и дати за иднината. Искрено, малку и остра ми дојде, се претстави како од психолошки аспект да разбира, а кога споделив некои настани кои сама ги побара за да ги поврзе со датите, беше со повишен тон во фазон (јас што имам поминато во животот, тоа е ништо за тебе)... во тој аспект не ми се допадна, нормално секој со свое искуство. Останува само да ги чекам датите од иднината, тие дати кои поминаа, ништо важно не се случи, а требаше. Кај мене уште остана желба за пребарување и толкување на наталната, моја грешка е што немав прашања подготвено, а на се што ми текна да прашам, одговараше со предобра натална, не знам зошто правиме муабет; демек предобар живот ќе имам... Може и јас очекував друг начин, сеедно обавезно да си запишувате, ако се одлучите кај неа, за цената е океј.
Здраво, Би сакала и би била благодарна ако може и за мене 04.04.1987 во 13:50ч во Скопје Однапред Благодарам Поздрав
Дали сте правиле во Мк кај некој/а Н.Карта и дали ви е излегло точно? Кој би ми препорачале? Фала однапред
И мене ме интересира, никогаш не сум била по вакви работи, а сакам да видам што ќе ми кажат. 16.10.1997 12:45 Штип
Членката @Tediii555 не сум забележала да е активна на темава подолг период. Кога ми ја толкуваше наталната карта се точно ми погоди од збор до збор, ама каде исчезна .