Соларна e картата на последниот роденден, пр. картата за одредена година од животот, секоја година имаш нова соларна карта. Натална е картата од денот/датумот на раѓање и е доживотна.
Соларните карти ви даваат инфо што ќе ви се деси во периодот од вашиот роденден до вашиот следен роденден, односно во текот на една година. А, наталната е за цел живот. Соларните карти ви се перење на пари и не се точни бидејќи за да се изработат се зема предвид местото на кое живеете. Ако се преселите на друго место, тогаш добивате сосем нова карта со нови прогнози. Затоа е дискутабилно колку се точни. А, наталните се друга приказна. За нив се користи за да се изработат датумот на раѓање, час на раѓање и место на раѓање и податоците што ги добивате се тие и неменливи бидејќи не можете да се родите два пати на различно место или различно време. Датумот, часот и местото на раѓање се тие што се и податоците што ги имате во наталната се тие што се. Соларните се чиста филозофија и ништо друго.
Сите астролози кај нас прават соларна. Цената варира од 1000-2000 денари. Но, по мене подобро е да си направиш натална бидејќи таму ги имаш сите нешта што ќе ти се десат во животот. Соларната не е баш најточна. Ако живееш во Скопје, добиваш соларна карта со една прогноза. Ако се преселиш и живееш во Прилеп, ќе добиеш сосем нова соларна со 10-та прогноза.
Здраво , дали некој може повеќе да ми каже за 5 поле во вага, таму ми се планетите сатурн и плутон ќе ја прикачам и наталната карта,ако има некој малку време да ја погледне, поздрав
Ако Вага ви се најде на врвот од петтата куќа можат да ви се случат многу непријатности кои што ќе доаѓаат од вашите деца. За да се чувствувате добро, ќе биде потребно да ги задоволите своите уметнички и музички склоности. Важни ви се пријателите, љубовните врски, дружењето со другите луѓе, посебно ако Близнаците или Ракот ви се во искачување. Рано ќе го почувствувате животот, а доцна ќе стапите во брак. Другите можеби ќе сметаат дека во животот најважно ви е задоволството бидејќи кон се пристапувате безгрижно. Ако Бикот ви е во искачување во помала мера ќе бидете склони кон поигрување, но ќе ја задржите чувствителноста со тоа што во тој случај положбата на Венера во вашиот хороскоп ќе биде еден од најважните аспекти. Сатурн во петтата куќа носи голема дистанцираност, дава заладеност, инхибиции во односите или во љубовта. Бидејќи петтата куќа е куќа на љубовта, децата, сексот, хазардните игри и творештвото, Сатурн може да донесе отфрлување во љубовта, како и проблеми со децата. Ваквата положба на Сатурн го отежнува искажувањето на љубовта кон партнерот, со што партнерот ќе има слика за студена личност. Многупати со себе може да донесе и проблеми во сексот, во самиот однос со партнерот. Личностите што го имаат Сатурн во петтата куќа се склони кон цврсти врски, тие не можат да го разберат авантуризмот, како и тоа да се има повеќе парнери во исто време. Многупати Сатурн во петтата куќа укажува на недостаток на родителска љубов, посебно од таткото. Лошо аспектираниот Сатурн во петтата куќа носи дружење со личности што не може да ви ја возвратат љубовта, не се за вас или пак не се слободни. Создава големи стресови во љубовта. Плутон во петтата куќа со себе носи склоност кон ризици, дава вродена и многу истакната љубов кон коцкањето. Личностите што го имаат Плутон во петтата куќа подготвени се на емотивно и финансиско поле многу да ризикуваат. Плутон во петтата куќа може да донесе посериозни проблеми со децата, да го отежни и самото доаѓање до деца. Ако е лошо аспектиран може да донесе и за прерано и ненадајно губење на дете или на својот партнер. Личностите што го имаат Плутон во петтата куќа треба да обрнат внимание на коцката и хазардните игри, може ненадејно да изгубат се. Плутон во петтата куќа дава дарба за творештво, посебно за пишување романи со морбидна содржина или пак за сликање на мрачни мотиви, мотиви од царството на темнинатата. Во вашата натлна карта Плутон и Сатурн се во коњукција. Овој аспект во Вага го блокира сексот и создава психолошки проблеми. Тука разумот ги следи инстиктите, отворено се наметнува сопствената волја. Овој аспект повеќе се манифестира кога ќе се најде во близна на други планети. Личностите што го имаат овој аспект се амбициозни кога е во прашање моќта и статусот. Инсистираат на доминација над другите што може да им донесе и добро и лошо. Подготвени се да претрпат многу работи, за да ги остварат своите цели. Другите луѓе ги сфаќаат интуитивно и многупати ги користат за остварување на сопствените желби. Ефикасни се во сите свои потфати, лесно доаѓаат до почитување, па и восхитување. Таинствени се кога се во прашање нивните планови и ако не се активно ангажирани на некој проект може да дојде до фрустрираност или пак до склоност кон тешки опсесии. *** Ана Мила тука може да се пишуваат уште многу работи. Но, сметам дека е доста. Бидејќи имаше конратко прашање, затоа си зедов слобода да ти дадам одговор. После овој пост, знам дека ќе има наезда од барања за толкување на наталните карти. Но, јас наталните карти ги толкувам професионално и не планирам да губам време, седејќи на форуми и да губам време за тумачење на нечии натални карти за 5 вошливи сливи.
Ана Мила, инаку само ова е една кратка ретроспектива на твоето прашање. Сепак и покрај тоа што Сатурн и Плутон се тешки планети, треба да се има во предвид и другите аспекти што ги прават со останатите планети. После исто така си има и значење тоа што Сатурн и Плутон се во Вага. Сепак астрологијата е комплексна наука и не можеме целото тумачење на наталната карта да го збиеме во неколку реда текст. Кога сум работел натални, излегувале по 30-40 страни текст. Ова што е напишано е само зрнце песок од морето се информации кои ги има во наталната карта. Тука се исто битни и аспектите на Асцедентот и Medium coeli, кофигурациите кои ги прават аспектите, дали недостига некој аспект и сл. Буквално се се зема во обзир. Јас од срце ви посакувам да бидете среќна, насмеана, живтотот да ви е исполнет само со убави моменти и успеси да ве следат во секое поле.
Астролозите во МК обично ги изработуваат наталните за 3000 денари. Таа е цената за натални што ја држат горе-доле сите.
Да Ама треба проверени астролози со прецизна анализа А не 2 саати да се тупи Јупитер во марс, плутон во шкорпија и итн, еден муштерија не знае ништо во врска со астрологијата затоа ангажира астролог за прецизна и кратка анализа
Јас кога прашав за цена, една ми рече 7000 за натална карта плус толкување. Се откажав, што е многу, многу е.
А замисли не знаеш што ќе добиеш, наместо крака и прецизна анализа ќе го тупи со Јупитер и Нептун кај биле што биле а ти појма немаш што значи тоа што е нормално да знаеше астрологија не би купувала натална карта