Барај на еден хрватски сајт, онлај натална барај на гугл со хр секако, внеси точни податоци, и час на раѓање, се има. Детално читав за деца, сопруг, работа. Мене ми пишуваше дека во втората половина на животот, ќе ги достигнам најголемите успеси, а реално мислев дека се можеш да направиш до 35 години, максимум 40, а немам толку. Види си таму, ќе се снајдеш. И за болести пишува. Ќе живеам долго и ќе умрам од старост, природна смрт, така пишуваше.
Јас правев кај неа натална 3500 преку месенгер 300 работи ми налупа пола погоди пола скроз утна . За 3500 не вреди @cooll ова за твоето прашање беше
Феминки, зошто наталната карта ја поистоветувате со пророштво? Астрологијата не е гатање, па да очекувате астролозите да ви кажат инфо од типот: баба Перса на тој и тој датум ти фрле црна магија, на тој и тој датум ќе ви дојде принцот на белиот коњ и сл. Наталната карта треба да ви биде еден водич, тутор во животот, кој ќе ви помогне подобро да се запознаете себеси и околината, кој ќе ви помогне да ги искористите сите благодети што ви носи животот, а полесно да ги надминете потешкотиите кои ќе ви ги сервира животот. Наталната карта ви покажува какво влијание имаат небеските тела врз вашите животи и начин на однесување. И, не го заборавајте, најбитното. Не се што е напишано во наталната карта е детерминирано бидејќи сите ја имате МОЌТА НА СЛОБОДНАТА ВОЛЈА која утврдува во која насока ќе ви се движи животот. Да, има работи кои се детерминирани од Бога и од судбината, но Бог ни дал и можност самите да си ја кроиме судбината донекаде.
правев бесплатно по сајтови да речам ми опишува карактер а дали кога плаќаш некој да ти ја направи е поинаку ?
Ne e isto Malesia. Ima ogromna razlika. Na Internet informaciite sto gi dobivate za natalnata se onaka nafrlani, ne sistematizirani i ne se bas najmerodavni. Astrologot od taa popara na informacii, znae da gi izolira vistinskite informacii i da ti ja dolovi vistinskata informacija sto ti treba. Inaku za ona sto kaza Sonuvana se soglasuvam deka ima i astrolozi koi sto pokraj gatanje, primenuvaat i baenje. Kako i vo sekoja oblast imate druga strana na parickata - psihologija, pandan na toa parapsihologija, fizika, pandan na toa metafizika, hemija, pandan na toa alhemija itn. Pa, taka imate i ,,astrolozi" koi se zanimavaat so karmicka astrologija, kabala, cakri makri i koi prakticiraat i baenje. Zatoa pazete si kaj koj astrolog odite. Onie sto se zanimavaat naucno so astrologija, nitu vi zboraat za minati zivoti, nitu vi zboraat za cakri makri... Lesno ke ja uvidte razlikata. Ubava nokj.
Астрологијата не е наука. Што ќе направиш ако ти дојде некој со прашање за живот во странство,на пример...а ти ќе видиш дека се во врска со странство му е лошо поставено и дека астролошки не постои шанса да живее надвор од земјата во која што се родил...ќе превземеш ли на себе улога на Бога и ќе му ја плеснеш ли "вистината" во лице?.....или ќе се обидеш да изнајдеш решение,замена на енергија ,бла бла.... Гатање и баење... Без оглед што можеш да го усмериш на други,позитивни делови од картата, рушиш нечија надеж и сон. Не е наивно,ниту стопроцентно можеш да знаеш дека е точно....има ли поента тогаш? Има ли воопшто поента да усмеруваш нечиј живот, знаеш ли колкава одговорност е тоа?
А враќањето на Џизс е? Затоа нели спаѓа во категорија верувања. Премногу задлабочуваш непотребно. Еве пример, буквално идентична ситуација со колешка истото и го приметив во картата ( не сум астролог, ама пошто знаат дека се разбирам ме консултираат ), бевме излезени и ќе земаме вода,како земавме од оние Јана со пораките I kid you not на шишево стои ''What's written in the stars is written in the heart'' и го покажувам и се смееме. Буквално тоа ми е зборот и поентата, пробав да и објаснам дека не значи дека нема шанси никад и како се тоа предиспозиции.
Тоа со Исус и како стигнав до него е мој пат.....никаде не го спомнав во постов.. Сакав само да истакнам дека астрологијата неминовно до ѕид води, ако си морален и сакаш да помогнеш. Бидејќи чекор по чекор до баење доаѓаш, сакала или не. И до неминовен немир. А да не зборувам за духовната штета. Примерот со другарката е симпатичен и во ред е ако успееш да не се задлабочиш. Не знам како да напишам поинаку лично искуство и не само свое.
Како бе ја волку досаден живот од астрологија до баења, немири и духовна штета не сум стигнала,а шетан светски човек сум. Штовише сo мир и подобро себеспознавање и спознавањее на Универзумот и Бог. Може да изгледа токсично во ултра-религиозен Џизс ис д онли веј ништа више ништа мање мајндсет, друго не знам како.
Чекај сега....ова си го допишала. Веруваш дека Бог ни ја дал астрологијата да ни покаже нешто? Дека сме марионетки само? Дека можеме да се развиваме во одредени рамки зацртани? Од каква помош ти е астрологијата поточно? И сметаш ли дека ако не ја познаваш,нешто што е напишано таму нема да се случи?
Ова болдираново ти го напиша,не јас и многу зборува за тебе и твоето познавање и разбирање(и астрологија и твојата религија)
Само сакав да ми објасниш како го поврза Бог со астрологијата... Всушност,извини....делува како да се надмудрувам, иако немав таква намера....
Немам ни јас таква намера Мислам дека малце оф одиме,и на диискусијава и е место во некоја др. тема, ама не знам која. https://en.wikipedia.org/wiki/Star_of_Bethlehem
Здраво,ме интересира мислење помеѓу Александар Јанкович и Зоран Крстевски,кој е подобар и попрецизен во толкувањето,исто така дали некој има слушнато или правено натална кај Маја и Сандра на инста се astrotwinss
Ако отидете на астролог, може да се случи да ви каже работи кои ги знаете и за кои самите сте свесни. Пример, другарка си фрли пари за натална и најбитното што и го кажаа беше дека на поле на кариера направила многу, а сега треба да се посвети на себеси. Така што и кажале работи кои и самата ги знае. Не се фаќајте стриктно за наталната, не е тоа Библија. Јас никогаш не сум прашала ќе живеам ли во странство, но и на натална, и на тарот, и на кафе ми гледале и истото ми го кажале. И видовитиот роднина истото ми го кажа. Значи можеби 5-6 лица досега ми гледале, ми ги кажале истите работи. "Ти ќе одиш далеку, тука нема да седиш", баш така ми рече. "Ќе имаш шанса за странство, немој да ја пропуштиш, затоа што после цел живот ќе се каеш", "Преку некое школо ќе добиеш некој вид стипендија и ќе леташ со авион до таму". Не се знаеме па да речеш ми кажуваат тоа што сакам да чујам. Инаку, жената што ми гледаше на кафе ми кажа дека ќе сменам работно место, и сменив по неколку месеци, непланирано. Ми кажа со кој повод и каде ќе патувам, наведе држави, и тоа се случи. Бев на двете места со ист повод.
Taka e Tanja. Na astrolog se dobivaat i informacii za i koi samite ste svesni (osobeno delot so opisot na vasiot karakter). No, ima eden interesen moment. Na astrolog se doznavaat i raboti koi lugjeto ne gi znaat, a moze da se doznaat i losi raboti. E, sega od citanjeto na temava, razbrav deka mnogu feminki ne se zadovolni od astrolozite deka im kazuvale losi raboti. Ok, toa go razbiram donekade bidejki najcesto na astrolog odat lugje sto imaat nekoi problemi bilo so ljubov, bilo so rabota, bilo so finansii... I sekoj e razlicen karakter, nekoj pocvrst, nekoj pomek (poemotiven). No, koj e stosot da odis na astrolog i da ti gi kazat samo ubavite raboti i da ne gi slusnis i losite raboti? Togas nema smisla da se napravi posetata. Toa se vika stavanje na problemite pod tepih i nisto nema da resi. Problemite pak ke izlezat od pod tepihot i ke bidat tuka. Jas licno smetam deka ako nekoj ne saka da cue losi raboti, ne treba da odi i da pravi natalna karta. Zivotot ne e rozov, pa da sakame samo da cueme ubavi raboti. Ubavo e po mene astrologt da vi gi kazi i losite raboti i losite aspekti. Koga ke gi znaete i losite raboti, polesno moze da se spravite so istite i da gi nadminite vo zivotot. Bidejki na krajot na denot za sekoja losa rabota ima i resenie
@Spider-man и јас така мислам. Луѓето одат за да чујат нешто убаво и ако не го чујат тоа, се разочаруваат. Е сега кај мене одеше спонтано. Низ годините запознав една видовита жена, куќен пријател ни стана, и на своја волја ми кажуваше работи без да ја прашам, кога ќе испиевме кафе, ни гледаше. На тарот со другарки отидовме од забава да ни гледа. Јас и реков на жената да не се воздржува, и да има нешто лошо да ми каже. Роднината беше видовит, сам кажуваше работи за иднина на оние на кои сака. А за натална? Не сум платила, не сум барала астролог, туку на социјални мрежи имав астролог, ги видел бројките, датумот на раѓање, година, месец и ми побара и час. Сам ми се јави и ми ја исчита наталната. Ме опиша како цел живот да ме знае. Муабетот беше "ти ги видов сликите, и секоја твоја фотографија зрачи со енергија. Да не се разбереме погрешно, не коментирам физичка убавина, туку енергија. Ги видов бројките, интересни, па реков дај да видам што човече е ова. Обично мене ме бараат за натални, а сега се случи обратно. Ова ми е првпат". Значи сум го испровоцираа со бројките. Е сега ми имаат кажано дека се големи шансите за спонтан абортус и првата бременост да биде критична. По кажаното татко ми ќе живее уште максимум 5 години, но тоа е што е, судбината не можеме да ја смениме.