Draga Justicija, da me kontaktiravte vo licna poraka i mi prativte svoja natalna karta. Baravte povekje da vi kazam za pari, kariera, stranstvo i brak sto e recisi maltene 70% tumacenje na cela natalna karta. I eden kup drugi lugje mi pustija svoi natalni za da im gi intepretiram. I iskreno na nikoj ne vi interpretriav sto se vi e napisano i kodirano vo natalnata karta. Zosto? Bidejki site sakate toa da bide besplatno. Jas ne sum tuka da se reklamiram. Samo spodeluvam moi razmisluvanja i iskustva od zanimavanjeto so astrologija. Kazete mi vi se molam: koja e logikata da gubam vreme (5-6 dena kako sto kazav mi treba za temelna interpretacija na natalna karta, prvo se presmetuva za sekoja planeta almuten domus, se gleda dali ima ili nema dostoinstvo, pa se analizira mestopolozbata na sekoja planeta, pa aspektite sto gi pravi, pa dali ima konfiguracii megju 3-4 planeti, ima ili nema prisustvo na odreden aspekt, pa da se analiziraat vladeteli na kukji itn.), da si go tupam mozokot so necii natalni karti, da si go zgolemuvam diopterot od sedenje pred kompjuter i pisuvanje so cel da interpretiram necii karti za 5-6 voslivi slivi (besplatno)?!? Jas i vo pogornite postovi koga kazav deka interpretiram natalni karti jasno kazav, da ne mi prakjate karti ni javno, ni vo privatni poraki za da gi interpretiram besplatno. Ne planiram da go pravam toa. Tuku sme na forumot za da spodelime nase mislenje za astrologijata, za natalnite karti i sl., a ne za da interpretirame necii natalni karti onaka od razonoda, da gubime zaludno vreme.... Koj si sakate besplatno i od zabava da si interpretirate natalni karti, odete si po sajtovite, ostavete vase ime prezime, grad na ragjanje, cas na ragjanje i datum na ragjanje, avtomatski programata ke vi izraboti natalna i ke vi dade 100 info sto znaci Mars vo prva kukja, Mars vo Rak, konjukcija Mars - Jupiter i sl. I ke dobiete eden kup rastrakani informacii i kontradiktorini koi na krajot uste povekje ke ve zbunat. Znaci koi sakate besplatno, slobodno interpretirajte si karti na internet samite, a ne mene da me zamarate vo privatni poraki i javno tuka na forumot. Tuka sme da razmenuvame iskustva za astrologijata, za natalnite karti na forumot, a ne za da izigravme astro sovetuvaliste i da interpretirame necii natalni karti. Koj saka interpretacija na natalna karta, neka si odi na astrolog (ne mora kaj mene, kaj kogo saka neka odi, ima vo drzavava dosta kvalitetni astrolozi Zoki, Aleksandar i sl. koi ste gi spomnuvale po forumov) i neka si plati, a koj saka besplatno neka si ja interpretira samiot natalnata karta na angliski ili hrvatski sajtovi, pa sto ke razbere i kolku e tocno napisanoto e znak prasalnik.
Јас не сум астролог, туку искоментирав дека не се цени доволно трудот на астролозите генерално, иако е тоа професија како сите др.
Tocno SkyStar 99. Mnogu sakaat lugjeto da ja potcenuvaat profesijata astrolog. Eve jas posto bev potenciran deka sum se izreklamiral otvoreno kazuvam deka toa ne e taka. Prvo, ako sakav da napravam reklama, ke gi kazev tuka koi mi se i instagram profilot i fb grupata, za da dobijam povekje klientela. No, voopsto ne go napraviv toa. A, vtoro i da posaka nekoj preku forumov da mu napravam interpretacija na natalnata karta so plakjanje, pak nema da prifatam bidejki preferiram koga imam kontakt so klientot da go znam identitetot na klientot kako sto toj ke go znae mojot identitet. Ovde na forumot site imaat nikcname i nikoj ne znaeme dali toj sto e pozadi profilot e masko / zesnko, a da ne pravime muabet za nekoi poznacajni informacii (a i taka treba da bide posto ova e sepak forum). Jas na primer na licnost na koja ne i go znam identitetot i koja bi me kontaktirala preku forumov vo privatna poraka i da saka da mi plati, pak nema da se nafatam da mu pravam natalna (ja kazav pricinata). I da se navratam na tranzitite deka gledam cesto gi spomnuvate. Tranzitite ne znam kolku ste informirani, ama se koristat za izrabotka na onie dnevnite horoksopi sto izleguvaat vo spisanija i vesnici. A, site znaeme deka tie horoskopi se gola voda i ne se tocni. Zatoa rekov deka prediktivnata astrologija koja se zanimava so prorokuvanje sto ke vi se desi i koga (vo nea se izucuvaat tranziti, progresii, solarna karta, direkcii i sl.) e obicna cista filozofija. Istoto vazi i za sinastrijata koja se koristi za ljubovni ili biznis horoskopi kaj sto se analiziraat natalnite na deckoto/devojkata ili vraboteniot/sefot. A, uste pogolema glupost e karmickata astrologija koja se zanimava so reinkarnacija i so vasite minati zivoti i vi dava info koi lekcii da gi naucite vo ovoj zivot so cel da ste ja popravele karmata i da gi isplatite karmickite dologvi. Za toa ni jas ne bi daval pari iskreno. Vistinska prava astrologija e onaa natalnata koja se zanimavala so izrabotka na natalni karti i koja ima koreni od anticki vreminja i se unapreduvala i primenuvala do den denes. A, se ostalo (karmicka astrologija, prediktivna astrologija, horarna astrologija, sinastrija, kabala, sideralna astrologija ili vedska astrologija i sl.) od iskustvo vi kazuvam deka se GLUPOSTI i ne vredi da davate pari za takvi filozofii. Natalnata tropska astrologija e onaa pozadi koja ima tradicija i koja astrolozite ja primenuvale od damnesni vreminja do den denes vo koja nema minati zivoti, karmi, gatanje, baenje i sl. stvari.
Прав астролог според мене е тој шо коа ќе ти ја отвори картата на лице место ќе ти каже работи што те интересираат, бидејќи има знаење ,а не дома да бара на интернет за аспектите и куќите и владетелите и да составува една недела дипломска да пишува па да ми ја предаде да си ја читам и после да неможеш нишо да прашаш шо значи ако те интересира. Битно труд било се трудел да ископа да состави..ма ајде молим ти се свашта...за мене тоа не е астролог! Па уште и сите до еден дрски. Будала е некој на дрскоќа пари ќе ви дава...
Elf, a koga ke odis kaj nekoj da prasuvas toa sto te interesira i koga ke sedni da ti objasnuva od kaj si sigurna informaciite deka nema da ti gi cita od e-hroskop sto e napisano na hrvatski jazik? Hahahahahahahahah Ako zborame taka najpravilno e astrologot sam da ti ja nacrta natalnata, pa sprema Efemeridite da ja odredi pozicijata na sekoja planeta, a posle spored Plasidus da gi odredi Asc i da gi ocrta site kukji. I se ova da go pravi racno sose premestki. Ama nikoj toa ne go pravi. Se e stil na rabota. Da, ima astrolozi i taka sto rabotaat usno pred tebe. Jas povekje si preferiram da sednam na raat da ja sostavam natalnata karta, da ja napisam i da ti ja pratam, pa posle da sednime na zoom ili nekoja druga platoforma ili vo zivo i da objasnime se sto ne e jasno. A, sto ko ke odis kaj astrologot na usna interpretacija vo zakazniot termin, ako e preokupiran so drugi problemi i umot mu e na drugi 300 strani i ne ti go ukaze toa sto go baras? Posto na kraj kraeva i astrologot e covek i normalno e da ima problemi i ne e Bog, pa da nema problemi. Sekoj stil na rabota si ima prednesti i nedostatoci. I ne treba da se sudi za stilovi na rabota. Ubava vecer.
Ќе се примети некој што чита не заебавај жити се ако ти тоа го правиш не значи дека сите го прават . Ама од една страна кажуваш како треба да ја ценат работата и трудот, а од друга страна што ако е преокупиран астрологот со проблеми ??Молам ?? Епа Драг Летачи Спајдермену ќе си откажеш термин и нема да му ги зимаш парите на клиентот ќе си презакажеш. Инаку да таа е најправилната работа до деталното учење на сите подробности на Астрологијата и само цртање на наталната. Ама сега никој не го прави тоа со цртањето има програми.
А и што ќе ти беше? Мислиш ќе ти дадеше некој 3500 за да му кажеш во кое поле му е венера или дали ќе се омужи? Астрологијата не е гатање или бааење, едноставно некои работи треба да се земаат во предвид, на пр во ретрограден Меркур да не се потпишуваат договори и сл, а не дали ќе се омажам и дали ќе одам на Малдиви, дубаи и сл
Настрана цената и јас мислам дека е превише, астролог никогаш не сум консултирала и вистина некои имаат комплекс на бог, поради тоа меѓу другото и сама си се учев. Зборот ми беше контрадикторна си во овие постови, ти и во друг пост мислам имаше пишано дека веруваш во хороскопски знаци ама не и во натална. Настрана астролозите денес и добар дел од луѓето ни не знаат што сакаат и имаат нереални очекувања од астрологијата и сакаат само да слушнат you'll marry a tall, rich man, the universe has your back и такви ми ти ствари... И така и волкот сит и овците на број. @Justicija
da spodelite kade vo skoro vreme ste pravele natalna karta, kako ste zadovolni, kolku cini i dali moze cel toj proces na davanje podatoci, izrabotka, dostava, plakjanje da se izvede elektronski????
Инаку да се надоврзам на она што го кажуваше една феминка дека некој астролог и ги анализирал транзитите и ништо не и погодил. Во неколку изминати постови јавно ви кажувам дека транзитите, прогресиите, соларните карти, синастријата и сл. дека се гола вода и дека се обична филозофија. Она што јас како астролог го признавам е само наталната астрологија. А, се остало стварно е глупости во боја. Инаку најголемата грешка што сите ја правите е што ги сметате астролозите за јасновидци. Феминки, астрологијата не треба да ја доживувате како вештина за предвидување на иднината. Има една гранка во астрологијата се вика ПРЕДИКТИВНА АСТРОЛОГИЈА и таму изучуваат транзитите, прогресиите, соларните карти, дирекциите и таа се занимава со предвидување. Но, за жал, предвидувањата не се најточни. Астрологијата треба да ја третирате како метафизичка наука која со јазикот на симболичката херменевтика и езотеричната методологија претендира ја открие тајната и судбината на човечката егзистенција. Добрите астролози никогаш не ја занемаруваат моќта на слободната волја. Значи донекаде и самите имаме можност да ја кроиме судбината. Има една реченица од сајтот Астроскопија што е на Виолета Марсол и што е многу точна. Ја цитирам: Вашата натална карта добиена преку Астроскопиа нема да ви даде предвидувања за вашата иднина. Нема да ви даде готови рецепти за животот. Нема ниту да го изоди наместо вас патот што треба вие самите да го изодите. А исто на нејзиниот сајт има и одлична дефиниција за наталната карта која ќе ја цитирам: Јас наталната карта ја нарекувам „упатство за работа на себе“, бидејќи наталната карта не е нешто конечно и непроменливо. Таа е само збир од предиспозиции за формирање на вашиот карактер и судбина кои ги носите од моментот на раѓањето. Од друга страна, до информациите што од наталната карта ќе ги дознаете, би можеле да стигнете и на друг начин, по години и години самоанализа (под услов да сте објективни), преку посета на психолог, со помош на разните видови психотерапија, како и преку практикување на цела палета останати духовни дисциплини. Меѓутоа, на овој начин информациите за себеси ги добивате веднаш, со едно кликање, со што заштедувате и време и пари. А, бидејќи нашиот карактер ја креира нашата судбина, откако ќе го запознаете сопствениот карактер би можеле драматично да ја смените и својата иднина. Наталаните карти имаат првенствено цел за да ви помогнат подобро да се осознаете себеси и да ви служат како едно упатство кое ќе ве насочи како да ги решите и надмините проблемите кој ви сервира животот. Пример, работите како новинар, а не сте успешни. Правите натална карта и добивате информација дека имат супер можност за да просперирате во маркетинг секторот и изготовка на реклами и новинарот се преквалификува, почнува да работи со маркетинг и паричките доаѓаат. И наталната може да ви даде насоки и за многу други работи како деца, љубов, странство, пријатели, а не само за работа како што пишав во примерот. Затоа е убаво да се направи натална и натална се прави еднаш во животот. Не ја правите стално.
Ама затоа што ти така кажуваш не значи и дека е така (освен за соларните и прогресиите и мене ми е тоа дискутабилно). Астролгијата е првенствено за пратење циклуси (лични и глобални) и првенствено така и се употребувала уште од античките времиња. Друго, ако е е наталната валидна ( еден натал) тогаш е и синастријата (споредбена помеѓу два натали) овде си контрадикторен. За останатиот дел од постот се сложувам.
Се согласувам дека се користи за пратење на циклуси и дека се користи од антички времиња. Но, еве ќе ги земам за пример транзитите. Некој ќе речи кога Меркур транзитира и е ретрограден ќе има проблеми со комуникацијата, пари и документи. Но, тоа не значи дека ќе се манифестира кај сите луѓе на планетава. Обично луѓето што на степените по кои ќе се движи ретроградниот Меркур во моментот имаат натално некоја планета, ќе го почувствуваат ова ретро движење. Инаку синастријата (споредбената астрологија) е споредба на две натални. Но, како се прави споредбата? Пример, ако правиме љубовен хороскоп ги анализираме наталните двајцата партнери и ги анализираме дали си одговараат според знакот, гледаме какви аспекти прават нивните натални планети и ко ќе ги анализираш нивните аспекти кои ги прават наталните планети од двете натални карти идат смешките ќе добиеш еден куп позитивни аспекти зошто си одговарале како пар и еден куп негативни аспекти зошто не си одговарале како пар итн. да не ја должам. Затоа велам дека и синастријата е филозофија. И не мора сите да се согласите со мене Инербјути. Убаво е што си имаме ваква дискусија и размена на свои мислења. Не е интересно ако сите размислуваме и тврдиме исто. Мислам сега дека ме сфати зошто реков дека транзитите, прогресиите, соларната, кармичката астрологија и синастријата се филозофија. Додека наталната астрологија е уникатна. Таму имаш натална карта која е уникатна само твоја и која те одвојува како индивидуа. Не постои иста натална карта кај две различни особи на планетава. Дури и кај тие што се близнаци има разлики во наталните и може темелно да се анализираат разликите во нивните карактери со методот на делење на степените на хороскопските знаци на дванаесетини со кои точно може да се увиди кој близнак од кој хороскопски знак и планети зел влијание во поглед на карактерот.
Те сфаќам мислам ова за транзити што мислисш, ама ова со споредбениве не. Сега за споредбените исто како и во наталната на една особа кога имаш шаблонски одреден аспект и истиот се приметува и во карактерот и животниот тек на нативот пр. Месечина конјукција Нептун и сл. и ова се приметува кај сите што го имаат овој аспект во наталот. Исто и во спредбените може да се примети шаблон, еве свеж случај Џони Деп и Амбер Хрд(Марс конјукција Ј. Чвор и Месечина ) уште кога првпат им ги погледнав наталите знаев дека вака ќе заврши , овој аспект можам да го приметам како по шаблон исто кај други парови што се завршиле (екстра неславно)/токсични односи/базирани исклучиво на страст. И спротивно кога се месечините на пример јако позиционирани и на двајцата се работи за длабок и емотивен однос (признавам само јаки аспекти конјукција/опозиција никакви тригони и секстили), ова друго се е гола вода впрочем како и денешниве односи/врски и бракови и само барање утеха дека има компатабилност и нешто више кога уствари нема, впрочем како и добар дел од денешниве односи/врски и бракови. @Spider-man
Да се допишам за споредбените, се гледа целокупната поставеност и тематика на односот ( со нагласок на конјукции и опозиции) за добра и долготрајна компатибилност/врска/брак мора да бидат Сонце,Месечина и Подзнак адекватно аспектирани и на двајцата. За мајлд односи и краткотрајни романси Венера и Марс. Додека најдобри и најкопактибилни се оние кои имаат сите аспекти во адекватна комбинација Сонце/Месечина и подзнак(+Сатурн/Чворови) на едниот соодветно со Сонце,Месечина,подзнак(+Сатурн и Чворови) на другиот и Марс/Венера на едниот со Марс /Венера на другиот. За транзитите, затоа и сe гледаат транзити исклучиво за одреден натал/особа. Чекај, ти нели рече астролог беше?
...исто како и во наталот што се гледа целокупната поставеност, не само поставеноста на Месечината или одреден аспект Месечина/Нептун. Извинење од се срце шо удолжив у 3 поста али multitasking gone wrong имајте разумевања.