И мене ми е Венера во јарец Карактеристиките на Венера во јарец се 100% јас ладно а уствари внатре вријам
Јас мислам исто дека само потешко изразуваме емоции не сме студени .Напротив наоѓаме машки кои се студени кон нас,на пример
Со право ја викаат, Елса на зодијакот е. Мојата е на граница Јарец/Водолија. Ова за машки можно е постудени карактери, но кај мене дури и кога биле машки Јарци во прашање они биле ''потопли''. На оваа Венера баш и се потрбни потопли карактери (Ракот и е спротивен и ја баланира) да ја стопли и разбуди и таа страна во нејзе, и обратно.
Има ли некој правено натална кај овие Unofficiall: Astrology и Astroscopia потпишани на фб да каже искуство?
Здраво, моментално минам низ многу тежок период, каква ми е наталнава во поглед на финансии и кариера? И дали имам тешки аспекти? Некој ако знае нека пише
Овде ќе пишам, зошто не знам каде. Дали приметувате разлика во енергија на датумите кога Сонцето прави аспекти/ низ полињата поточно аглите, или го аспектира подзнакот. Oдносно дали знаете кој период во годината Сонцето минува низ подзнакот/првото поле или ''знакот што изгрева'' или AC = ascendant, rising sign, овде иронично Сонцето заоѓа и наредни 6 месеци се движи од 1во до 6то поле во скриениот ден на картата. Овој е период за интроспекција. 3 месеци потоа минува низ IC/дното на картата. Ова е знакот на домот, семејството, навиките, внатрешниот свет и она што е ''позади скриени врати''. Овој период е најдобар за нови почетоци и навики Потоа за 3 месеци е во знакот спротивен на подзнакот, или ''знакот што опаѓа'',descendant/ DC каде иронично ''изгрева'' (ова е иначе седмото поле и поле на партнерствата). И овој период наредните 6 месеци започнува движење низ горниот и видлив дел на картата. Овој период личнота е посклона за социјализација. За потоа 3 месеци откако помине низ DC-знакот мине низ знакот којшто е на врвот(MC), овој знак игра голема улога во првиот впечаток за личноста и често иако бар кај нас мислам дека ретко кој си го знае, овој знак неретко може да биде помешан и со подзнакот или знакот бидејќи е буквално на врвот најјаката позција во картата и е задолжен за јавниот живот на личноста. И по заминување на овој знак започнува 6 месечно ''опаѓање'' се дур не стигне до знакот на дното (или IC) и започне нов ''циклус'' на растење наредните 6 месеци додека не стигне до знакот на ввот/ MC. Значи потребно е да ги знаете месеците датумите кога Сонцето минува низ овие агли, а аза тоа потребно е да видите во кој знак се наоѓаат. Потоа веројатно си го знаете датумот на роденденот и со тоа исто може да важи и за знацие во кое е аспектирано Сонцето(односно за датуми, датуот на роденденот, потоа 3, 6 и 9 месеци соодветно.
Eве пример за мене Спојлер: . MC-Лав/ Август АC-Вага/ Октомври-Ноември IC-Водолија/ Фебруари DC-Oвен/Април-Мај Периодот околу Август и од Август до Фебруари сум ''свој на своме'' и најпродуктивна. Отсекогаш сум била зимско дете и обожавам Есен и Зима. Околу Јануари/Фебруари секогаш започнувам нешто ново, навики, небитно, што е и логично донекаде пошто овој период и владее пост- новогодишна атмофера и започнување со резолуции. По тоа сум типична класика. Е потоа доаѓа периодот околу Април/Мај и сум буквално ко ''изгубена У превод'' одреден период, секојпат и одново, она класично зимско будење од пештера, плус и збогување со зимата, со Сонце право во очи=очобол и епизоди на пролетен SAD одвреме-навреме. Исторемено и типично пролетно будење со раст на енергија, и така одреден период додека се адаптирам. Па потоа доаѓа повторно Jули/Август и започнува се наново.
Исто може и да се види за позицијата на Месичината (емотивна состојба) и останатите планети, исто така дали приметувате на одредени датуми, одредени ствари да ви се случуваат и повторуваат традиционално.
Здраво, дали некој правел натална кај некој астролог од Србија и е задоволен? Или нумеролог? Ви благодарам однапред
Се точно кажано. Јас на 19 и 20 Април мислев ќе доживеам нервни слом, ама помина. Е сега на 05.05.2023 т.е еклипсата што ме чека не сакам да помислам. Транзитно сонце во којњукција со натално и почеток на нова соларна година, па плус квадрат со натална месечина и моменталнава журка на планетиве што ми се на ASC и уште Јупитер го чека за да не се препознаам вгодина ова време
Јас лично не сум задоволна многу од неа. Правев кај едно друго девојче за многу поефтина цена и далеку ама далеку подетална карта. Кожа ми се наежи додека читав.
Кај која правеше и колку? Јас се мислев за кај Виолета Марисол да си направам натална, знам дека нема утка кај неа.
Јас кај една астролилитх, околу 40стр ми беше наталната до толку имаше покриено се. Јас се мислев кај една снежана ли како се викаше, ама оваа поефтина ми се виде.