Dali nemkoj ima praveno natalna karta kaj Marina Govorko i dali e zadovolen? Gledam i Ivica Trpenovski ima sto se reklamira no neznam dali e ok kaj nego?
Јас сум многу задоволна од Маја и Сандра, односно „astrotwinss“. Ако ништо друго, дома ќе си отидете со многу позитивна енергија и пријатно искуство. Ми се допадна како ми ја анализираа наталната карта, но јас отидов чисто за забава и не се опседнувам многу со тоа колку и дали ќе ми се остварат работите кои се запишани таму. Иако би било убаво, секако. Насоките се дадени, мое е да работам на тоа нештата да станат реалност.
Здраво на сите. Јас сега имам анализа со Марина говорко имам закажано жената е топ и е со најголемо знаење од сите адтролози во МК! Во нејзината група сум и имаме направено два реда муабет работи и со регресија и слично, моја блиска другарка отиде кај неа и има тешка карма, Марина и помогна многу околу тоа и се до детал стварно е топ, имаме закажано за 13авг. Ако знае некој астро ако сака да види поврзано со финансии кариера и заминување од државава. Ви благодарам.
Ете ти ги доле десно позициите на Месечината и планетите. Ги имаш и на првата слика што ми ја прати. Спојлер: . Подзнак/AC-Овен/DC-Вага IC-Рак/МС-Јарец Месечина-Вага Венера-Водолија Марс-Бик Чворови-Северен(N. Node) -Јарец/јужен(S. Node) - Рак Сатурн-Јарец .
1500 ден. правев и јас кај нив. Јас зборев со Маја супер позитивна особа. Анализа на карактер точна, е сега за иднина што ми кажа ќе видиме
Со вакво пасив-агресив понашање и улична сељачка реторика џабе да ми праиш натална не би сакала дури ќе ти платам само да не те слушам како тропаш. Дегутантно ми е и мноогу мизерно. Можеби во право си дека не вреди да изработиш некому натална карта бесплатно бидејќи ти одзема време, ама ако си професионаец нема да користиш ваков фонд на зборови "voslivi slivi" ; "tupam mozokot" itn... Ќе одбереш поинаков метод и на културен начин ќе објасниш каков ти е начинот на соработка. Пошо од ова напишаново само гледам дека си исфрустриран, напет, и сакаш да лечиш тука незадоволство. П.с сигурно си некоја комбинација од бик и водолија по понашањево....no offence батка, ја само бесплатен совет ти давам како да поработиш на однесувањето со потенцијални клиенти.
Не е воопшто пасивно агресивно. Само искористените навреди не чинат, за другото се согласувам. Една цела гранка е астрологијата, како и нејзино интерпретирање. Во странство на ова не се гледа како ,,баба - гатара'' напротив, се цени и плаќа. Овде од друга страна не е така и затоа оние кои се интересираат/занимаваат со астрологија професионално мора да се соочуват со вакви линчови и напади, каде секое возвраќање е гледано како зла самоодбрана. На крајот од денот астрологијата е занат. Во било која кондураџиска продавничка се плаќа поправката на чевли, па така е и со ова. Ама менталитет нели.
За мене тоа ми е многу ОК мислење, воопшто не е навредливо. Сите работиме за пари на крајот од денот.
Никаде не кажав дека треба бесплатно тоа да го прави. За мене е пасив-агресив и не можеш да ме убедиш. Пак ќе се повторам, никаде не потенцирав дека треба да работи некој бесплатно за било што, и било кого. Не кажав дека некој специјално треба да откинува време за некој што не го познава и да пишува натални карти, мојот коментар беше за ова негово писание каде што не е професионално и користи ужасен вокабулар. Си има начини и методи како да се справи со луѓе што не го разбрале неговиот принцип на работа. Има луѓе што не наплаќаат за објаснување натална карта и тарот, има луѓе што наплаќаат и двете се океј и за почит. Секој си има свој разработен систем на политика, ама ако веќе наплаќаш и се квалификуваш со пиетети ко ултра професионален астролог тогаш поработи малце и на однесувањето и реториката. Немојте после да се пуни темава со мислења како сте биле кај јанко петко станко и таму ви се дереле, ве преплашиле, ве напнале и што ти ја знам. Основната етика на комуникација и организираност треба да ја знае секој што започнува бизнис.