Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Натална карта

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Gordana10, 27 март 2010.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    6.529
    Хахаха, леле луѓе, подвижна реклама и станав на Славица, заради форумов луѓе не можат да фатат термин. :D Иначе јас не се сеќавам она да ми зборела многу за мене како личност, може нешто уз муабет, нели тоа не е ни поентата, во главно јас сум ја прашувала она што ме интересира, ама да знаеш во глобала кажува за наредните неколку месеци, наредна есен/зима, до наредни 2-3 години. До сега најмногу во иднина нешто што ми кажала во врска со едни документи беше 2 години пред да се случи тоа. Зборам за нешто што ми се има остварено, за другите работи не знам уште, некои од нив уште треба да се случат, некои се случиле за неколку месеци.
     
    На Smiley92 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Smiley92

    Smiley92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2021
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Искрено, преку глава ми е да плаќам за некој да ми кажува каков карактер сум. Го знам тоа, убаво е за потврда, ама не даваме пари за тоа. Кажи ми го тоа што не го знам, транзитите, аспектите како ми влијаат, какви шанси имам во следниот период, за тоа е астрологијата.
     
    На Siri23, Alex.T, Lo_Ra_ и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Lo_Ra_

    Lo_Ra_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2020
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    може контакт од Славица и колку наплаќа , дали може на телефон?
     
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    6.529
    @Lo_Ra_ Добро луѓе, немојте погрешно да ме сфатите ама секој на секоја (или секоја втора страна) ме прашува за контакт од Славица, колку наплаќа, кај се наоѓа и на секоја страна мислам дека поединечно по неколку пати на секој враќам за некое од овие прашања. Можете да скролнете погоре на страната, или да отидете страна, две поназад или пак да пребарате на search и ќе ги најдете сите информации.

    Ова не се однесува лично на тебе, иако испадна сега на тебе да ти се "истурам" ама со едно пишување Славица горе на search во или без комбинација со мојот user ќе ви излезат сите мислења поврзани со неа. Ќе кажам сега уште еднаш за сите и готово. Жената се наоѓа во Мичурин, бројот и е 070 206 277, наплаќа 900 денари. Не знам дали може на телефон, јас до сега сум одела само кај неа дома и сум и давала пари лично.
     
    На MariMari1 и Smiley92 им се допаѓа ова.
  5. MariMari1

    MariMari1 Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Да споделам мое искуство за Славица. Жената е отворена, позитивна, мене лично ми се допадна. Од старт се замуабетивме и разговорот уствари се вртеше околу тие неколку работи што мене ме интересираа. Не ми кажа ништо конкретно дека ќе се случи, ништо за минатото или каква личност сум, само какви се можностите за тие неколку работи во наредниов период од 2-3 години и нејзин совет од аспект на поставеноста на планетите. Единствено малку мака имав додека да се договориме да се видиме, ама очигледно жената е многу зафатена. Јас сум задоволна.
     
    На Alex.T, Smiley92 и blueeparadise им се допаѓа ова.
  6. Lo_Ra_

    Lo_Ra_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2020
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу стпив у контакт. Те прашав зашто ти верувам не излажа воопто за астротвинс дека само зборваат позитивно а уствари се преварантки
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  7. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    8.409
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со Славица по телефон да ја чита наталната или да ви ја пратила на вибер? Дали функционира и вака?
     
  8. Eugenija09

    Eugenija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Da, Jas bas minatata nedela, se dogovorime za termin, mi ja isprati smetkata na vuber, uplativ I se slusnavme po telefon, polovina cas razgovaravme, prvo ti kazuva taa kakvi aspekti imas vo natalnata karta za narednite godini I mozis I ti da ja prasam sto te interesira, mi se dopadna sto e jasna i koncizna, bez mnogu tupenje, se gleda deka zenata se razbira
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    8.409
    Пол:
    Женски
    Ти погоди нешто?
     
  10. Eugenija09

    Eugenija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Pa da, za nekoi generalni raboti vo minatoto, za drugoto vo idnina ke vidime vaka imam pozitiven vpecatok deka znae sto zboruva
     
  11. МаријаМилаАлекс

    МаријаМилаАлекс Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2023
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно зошто зборуваш невистини, а поготово со вреѓање, јас сум презадоволна од Астротвинс, мене круцијални работи во животот ми погодија и ми помогнаа многу за ќерка ми. Невкусно и просто е ова што го зборуваш, ми изгледа како намерно да шириш лаги. Астротвинс се најдобри, јасни, концизни, имаат знаење и искуство и секогаш се достапни за уште муабети. Ама па јасно ми е со таа лоша енергија што ја имаш не ни може да ти се оствари нешто, па што сака нека е. Јас сум Стрелец и мразам оговарање и лаги, а ти тоа го шириш! Срамота. Нека ти е со среќа во животот!
     
  12. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2022
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    414
    Пол:
    Женски
    Од Лина сум презадоволна :sun:
     
  13. Lo_Ra_

    Lo_Ra_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2020
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Nikoj ne siri lagi samo toa so mi rekoja ne se ispolni i pak im se javiv pak rekoja sega i nisto. gluposti sve za pari
     
  14. МаријаМилаАлекс

    МаријаМилаАлекс Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2023
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Е како не шириш лаги? Еве јас ти тврдам дека се' ми погодија и многу ми помогнаа! Исто и моја пријателка беше кај нив и таа беше во многу тешка животна ситуација и се' и погодија и и' помогнаа. Како баш тебе ништо не ти помогнале? Па уште пишуваш биле измамнички. Ти да не си измамничка? Срамота да се девалвира нечиј успех и талент од злоба.
     
  15. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    6.529
    Леле добро, еве и јас, и членката и уште две девојчиња тврдат дека ништо не ни погодија и кој шири лаги тука, ти или ние? Мислам џизс жено, како жустро ги браниш ко по дома да ти шетаат, и пари да ти даваат секој ден и услуги ти завршуваат, та ти помагаат, натална карта ти напраиле, чил аут малце. И мене Славица од Мичурин ми погодила, па ако на некој не му погодила, јебига, ќе се согласам дека не му погодила. Астротвинс од што се толку фини и се нудат дека можеш после тоа да им пишеш во секое време со прашање, девојчето што беше со мене им пиша и недела дена не доби ни seen. Ете во ред е, тебе ти погодила, ама прифати дека за нас 4 везе с везом немаше и тоа е малку чудничко четири души да имаат исто мислење, нели?
     
    На *Amethyst*, oblace1 и Polyincognito им се допаѓа ова.
  16. МаријаМилаАлекс

    МаријаМилаАлекс Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2023
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Ааа јас ги бранам жустро, а ти 5 месеци "нежно" ги напаѓаш? Па прочитај колку пред тоа се задоволни од нивните услуги. Во тоа мнозинство од задоволни, кои си пишале по еден коментар, вие незадоволните 20 пати пишувате, како да ви убиле некого ги критикувате. Инаку јас сум жустра кога има неправда и сакам да се слушне гласот на правдата. Па холи спирит вуман, не се окупирај по 5 месеци со некој кој ти е толку небитен. Бај д веј дали си слушнала дека кој што сака да ти зборува, сам си го креираш на крајот на краиштата животот? Или друг ти е крив? И најубави аспекти да имаш, ако не веруваш, нема никогаш да ти се остварат. Ова очигледно многу озбилно сте го сфатиле и сте се преокупирале, па навреди, па плукање, тоа е она што е антипатично во целава ваша приказна. А за мене биле достапни секогаш, секако не сум ги гњавела по 20 прашања плус, пошто не се ни должни да ми одговараат на се' што ќе ми текне да ги прашувам откако веќе ми гледале. Јас сум дупли Стрелец и секогаш ќе бидам на страна на вистината! Астротвинс водат до сега со знаењето.
     
    На BosaVega му/ѝ се допаѓа ова.
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    6.529
    Да, ги браниш жустро, тоа се гледа токму по овој твој пост каде што се гледа дека се изжестена небаре зборуваме за некој разгорен светски проблем и/или лично те напаѓаме тебе, или навредуваме твоја блиска роднина, маж или дете а не непозната личност. Впрочем, јас не ги ни напаѓам, јас ја кажувам реалната слика за она што ми се случи со нив. Моите 10 последни постови во оваа тема беа за Славица, и имам спомнувано и други астролози, така што не би рекла дека последниве 5 месеци зборувам за Астротвинс. Дури би рекла дека во оваа тема им имам посветено дури цели 3 поста од кои еве некои и настанале од реплицирање со членки. Во моите постови немаше никаква лична навреда кон нив - ама тоа што тие го кажаа не се оствари или со други зборови беше лага. И тоа што 100 пати напомена можете слободно да пишете било какво прашање, ние одговараме на пораки за нас беше лага, зошто една единствена порака немаше seen на неа.
    Мислам, те молам, возрасна жена се расправа за некои си астролози што земаат пари од нас мислиш ко доктори да се и животот ти го спасиле. И прифати дека сме на форум, ти имаш добро мислење за нив, топ, продолжи да одиш кај нив, ние немаме и ќе си го искажеме слободно тука. Имај убава вечер.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. МаријаМилаАлекс

    МаријаМилаАлекс Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2023
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Не знам од каде ти е поривот да елаборираш на 15 страни за нив, па после да се правдаш дека нема врска, а уште ги кудиш., ти си знаеш,. Ти ги напаѓаш цело време, а после ние сите што сме задоволни од нив сме криви. Ако некој се понаша дека животот му зависел од нив и е некоја круцијална работа во животот што не ти погодиле нешто, тоа си ти. А тоа што упорно тврдиш дека е лага ми е смешно и симптоматично, бидејќи еве јас тврдам дека се' ми погодија и е вистина. И леле на едно девојче не му одговориле, аууу... Пиши уште 15 поста против нив. Јас сум била кај неколку астролози и ете од нив сум задоволна, а и од Зоран Крстевски исто така. И те молам не користи спинови дека " животот ми го спасиле небаре биле доктори" со цел да ја омаловажиш мојата интелигенција за ти да се воздигнеш, туку реков дека ми помогнаа за многу работи и ми погодија многу случки. Тие ми се интересни, професионалци, интелигентни и позитивни. А ако ми укажуваш дека ова е форум и си пишуваме секој свое мислење, тогаш побогу остави ме на раат да си напишам дека се супер о да ги пофалам.
    П.С И да знаеш дека ќе си одиме сите ние задоволните од нив пак кај нив, а ти буквално каде сакаш. Се надевам дека некој некогаш ќе ти се погоди.
     
  19. freaky26

    freaky26 Активен член

    Се зачлени на:
    14 април 2022
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Dali ti kazuva vo zivo ili preku telefon?
     
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    6.529
    Мене конкретно во живо. :)