Здраво женски. Почит за секое мислење и искуство со натални карти и астролози. Еве и јас ќе го споделам моето искуство со нашиве астролози ( имам правено натална кај повеќето од нив ). Виолета Марсол - Астроскопија - натална карта пред пет години чинеше 3000 денари, соларен-годишен хороскоп 4600. Жената има многу знаење, ама и си има ЕГО , а кога работиш со луѓе, поготово со луѓе кои дошле кај тебе затоа што имале мака, потешкотии во одредени свери од животот, а протоа платиле за твоите услуги, нормално е да очекуваат и малку “потинтрување”, како на пример кога идеш на фризер и очекуваш да ти биде пријатно и да излезеш од салонот задоволен од услугата, па дури да посакаш да се вратиш повторно. Јас не би ја препорачала и не би се вратила повторно во “салонот”. Натали од Битола-потпишана како “the witch from Eastern Europe” - пред 3-4 години цената беше колку мислиш дека треба да платиш-толку, јас платив 2000 денари. Девојката има знаење, пријатна е за разговор. Сега слушам муабети дека станала “Rock Star “- натална кај Натали сега чини 120 ДОЛАРИ. Не би се вратила во “салонот” - прескапо е за мојот џеб. Илија Георгиевски - пријатен и топол човек. Пред две години натална беше 800 денари, сосема солидно знаење и пристап , би се вратила во “салонот”.Цаци - Славица најпознатата овде како што можев да видам. Пред две години натална беше 600 денари ( преевтино за услугата и знаењето што го добиваш ), јас би ја посетила повторно - поприлично сум задоволна. Astrotwinss - Маја и Сандра, пред две години беше 1000 денари ,сега правеше кумата и е 2000 што е сосема во ред за огромата позитивна енергија со која те пречекуваат во “салонот”. Многу точни предикции, насоки за битни одлуки во животот, “погодување” на бременоста и полот на детето, предупредување за критичен период во кариерата ( не ги послушав баш, па си настрадав малку ). Со задоволство би се вратила во нивниот “салон”, затоа што бев “изтинтрана” за сите пари. Тамара од Јупитер пред три години натална беше 2500, а соларен 2000 денари. И тука бев “изтинтрана” и испочитувана за сите пари и исто како кај Astrotwinss и Тамара ми ја “погоди” бременоста и полот на детето, и предупредување за начинот на породување - ми рече царски и царски би. Би се вратила и во “салонот” на Тамара. Тоа е моето искуство со нашиве астролози. Во иднина планирам да ги испробам “салоните” на Зоран Крстевски, Марина Говорко и уште еден астролог на кој му го заборавив името. Штом ги испробам нивните “салони” ќе споделам искуство, цена и дали јас ги препорачувам. Ова е мое искуство и мислење, секој астролог не е за секого, на мене највеќе ми “кликнаа” Astrotwinss и Тамара од Јупитер.Поздрав девојки, жени, божици, се надевам помогнав при изборот на совршен “салон” од каде ќе излезете задоволни и со правилни насоки.
Астротвинс ми рекоа декември ќе се вработам после преправија фебруари март а Славица тек 2026 па договори и упорна дека имам аплицирано некаде не знам ти не си обоена партиски не си омажена се лага на лага... баш сум партиски и имам брак зад себе. Глупости невидени се ова со картиве никогаш не верував ама гледам многу во последно прават па ајде да видам. свашта.
Здраво, дали можеш да ми кажеш можеби малку повеќе информации? Дали може да и се поставуваат прашања, дали кажува и позитивни и негативни работи, како тече толкувањето? Благодарам.
Кај да пишам сеа ај овде, иначе @Gosh сега видов годинава имаш транзит Сатурн на Месечина(Саде Сати) и трае 2-3години. Исто и @Mrs.Right
Еве баш сеа читав за значење, и како и да свртам, газот ми е одпозади. У Јарец ми е у трета фаза, у Месечина ми е у втора фаза.
За транзити и фанзити не знам, ама ми излегува прееска reel дека иако од 1-ви е ретрограден Меркур, од утре било pre-shadow ретроградно И објаснува девојката како нешто бил овој пат нема да бил вообичаен, туку 10 пати посилен. А јас се чудам зошто пак почнаа соновите. Ах, јас не сакам натална карта, јас сакам лоботомија
@oblace1 Ова pre-shadow ќе трае до 1-ви т.е до почетокот на рм (некаде пишува до 8-ми), а официјалниот ретрограден Меркур ќе трае до 24-ти април Некаде пишува до 25-ти. Односно, вежите се, полечемо низбрдо
Пред недела дена се слушнав со Славица и ги пратив податоците на вибер и уште ја нема, ми пишала само во ред. За колку време одговара, ја изработува наталната или да ја барам упорно?
И јас го имав порано направено тоа и потоа ја снема. Се мислам дали да и пишам повторно, дали воопшто вреди. Малце се осеќам ко да молам за пари да дадам, и на крај ако и гледањето не е добро мислам дека стварно ќе се изнервирам.
После некое време и пишав пак и се договоривме. Пред некој ден ми гледаше, ми кажа некои работи онака, ке видиме дали е во право. Има знаење, се гледа дека сe разбира, ми кажа нешто логично, нешто па и не, па ке оставам на време да видиме.
А дали ти кажа некои детали или поише општи работи? Ме интересира бидејќи многу слушам опишуваат карактер и слично, а тоа веќе го знам и не би ми помогнало ништо во моментов. Ми треба некој да ми даде некаква насока, односно да добијам одговор во кој правец да продолжам. Еве еден пример: помеѓу две понуди за работа во странство дали и за која да се одлучам.
Мене ми има кажувано и детали. Пример, кога бев последен пат во фебруари, и спомнав дека имам намера да се селам во друг град во март/април, и сега да не должам ми објасни дека можам тоа да го направам и сега но дека ќе имам проблем околу пронаоѓање на стан, нешто нема да ми одговара, ќе се обидат да ми наплатат повеќе отколку што треба, ќе биде поскапо, и иако сега ми почнува периодот каде што сум желна за промени, многу поповолен период би бил август/септември и од тогаш супер би се снашла на секое поле. Исто ми спомна дека пролетва ќе имам понуда за работа со доста повисока плата (април/мај), но поврзано со истото што го работам и сега. Јас искрено зошто не барам нова работа во моментов, се надевам дека ќе биде некое покачување, или ете може ќе излезе нешто part-time којзнае. Првиот дел со станот што ми го кажа до некаде испадна точен, така што муабетот ми беше кажува работи за во иднина, не е дека ти го опишува карактерот или некои општи работи само.
Кажува и за иднина, не е само општо. Фина и пријатна е жената ептен, што те интересира ке ја прашаш и ке ти каже. Мада и самата кажува, али комотно можеш и да ја прашаш.