Мене Илија Крајнички ми кажа некои конкретни работи од минато и иднина, но на консултацијата по телефон. Во наталната поопшто беше напишано.
Александар тој со црната коса и црна брада, на него мислите? Тој работеше некаков поинаков вид натални нели?
Здраво, не сум баш сигурна дека ќе најдеш добар астролог во Мк. Јас бев кај неколку од кои двајца се попознати и немаат ништо погодено до сега. За во странство не знам, знам една членка дека била кај Астро Леа она е од Србија и еве погоре една членка ја спомна Астросимболика и таа е од Србија како што видов на инстаграм. Поздрав
Да јас имам и сум генерално задоволна, доста работи погодува. Но позадоволна сум од Зоран Крстевски, он ми кажа се како што е
Колку зема и како работи сега Зоран ( мислам дали може и телефонски ) Јас сум правела натална кај него пред многу години може околу 10 да има и не се сеќавам баш што ми кажа
Да споделам искуство со Лина (the high priestess), бев за тарот ама знам и натална дека чита. Ептен имав големи очекувања, најмногу затоа што прочитав многу позитивни коментари од луѓе кои биле кај неа, затоа и не сакав да кварам углед ама осеќам потреба да споделам искуство во случај да не се залета некој како мене. Прво, цената треба да е доста пониска за нешто кое трае десеттина минути, можеби зависи од човекот и самото читање ама не би рекла дека има читање кое трае повеќе од петнаесетина минути. Можеби ќе си рече некој "добро не е до времетраењето, туку до тоа што ќе го каже" но, девојката истото го повторува, кажува општи работи кои најверојатно претпоставува дека мнозинството би се пронашло во нив- како да те проценува по изглед и возраст и базирано на тоа да ти кажува нешта кои за "тој тип на човек" можеби би биле до некаде точни. Пример кај тинејџери од прилика се знае обично што ги мачи, симпатии кои не им обрнуваат внимание и слично или конфузија за што понатаму со кариерата, кај постарите најверојатно проблеми во бракот или работата, значи тие се тие општи нешта кои се повторливи и сите сме свесни за нив- баш таквите ги кажуваше, а воопшто не значи дека баш на секој човек тоа му е проблемот. Стварно не ми беше до парите толку колку што ми беше до искуството, кое мислев дека ќе е нешто невидено. Единствено нешто што беше специфично беше лична работа која ја спомнав на другарката додека чекавме пред вратата, а таму стоеше нејзината "асистентка" што куцаше на телефон, која најверојатно и пишуваше што сме кажале затоа што тоа нешто кое го спомнав беше првото кое ми го кажа, исто со мои зборови, и нема шанси да е коинциденција- дури ме насмеа од што беше идентично. Нормално ништо друго не погоди, ни на мене, ни на другарка ми. Пак ќе речам, споделувам искуство, па вие терајте како мислите, можеби ете кај некој ќе е различно чим има толку добри коментари за неа ама според мене беше глупост и сеа се двоумам дали воопшто верувам у ствариве после ова ))