Bi te zamolila samo da mi pojasnis dali pravese natalna karta za cela godina, cenata kolku e i dali mozes da mi pises vo privaten chat kako da stapam vo kontakt treba li da zakazam unapred ili kako ... Te molam pojasni mi koga ke mozes
Претпоставувам има навала кај него после поткастот со Лазаров. Баш сподели дали си задоволен од наталната кај него.
Му пишав на бројот што му е пишан на инстаграм за нарачки на вибер, враќа еднаш во недела. Му пишав пред три недели, а можеби и повеќе и се' уште не можам да стапам асално во контакт така што не верувам дека е од подкастот. 5000, но одговорот му е прекраток, не објаснува конкретно се' во еден одговор како оди плаќањето и кога се закажува, туку е ептен краток одговор едвај еднаш у недела па чекаш пак нареден одговор неколку дена и така. Се надевам дека ќе се реализира некогаш хаха
Здраво, ќе сака некој аматерски да ми ја прочита мојата натална? Не треба детално само една сфера за во овај период?
Јас сум правела кај него пред повеќе години. Воопшто не е лош, многу работи ми кажа како што и што ќе се десат.
врска нема. ама скроз врска нема. најсериозно. и ако малку се разбираш на тоа поле, прашај ја нешто се губи.
Се согласувам,и е многу непрофесионална.Имав уплатено два дена унапред и закажан термин и она скорз го забораила мојот термин,требаше јас да ја потсетам за терминот па да ја чекам дополнителни пола саат за она да се спреми,што значи она ја нема ни отворено мојата натална а камоли да ја протолкува.Потоа пола саат и повеќе ми држеше вовед у астрологија и што е тоа натална,а мислам дека секој што решил да праи натална валјда знае шо е тоа и го интересира конкретно наталната и прогнози за иднината,а не општи дефиниции.Такви без врска работи ми тропаше сеа кога ќе се навратам наназад што реално да отвориш Chatgpt подобро ќе ти ја протолкува наталната.Во последно време доста проучувам за астрологијата и можам да кажам дека Тамара врска нема од астрологија,тоа е мојот впечаток,но ете нашла начин да штанца пари користејќи ја лекомисленоста и наивноста кај луѓето.Се на се џабе потрошени пари и време.
Марјан по тоа што читав по интернет искуства од луѓе изгледа дека врска нема од астрологија но му оди со користење вештачка интелигенција.Го следам некое време на фб и се сомневав на почеток дека се текстови копирани од Чатгпт но после неколку искуства од луѓе што правеле таму натални се уверив во истото.Праќал копирани и преведувани текстови. Барајте проверени и искусни астролози а некои самопрогласени астролози што никнаа по интернет откако зема замав вештачката интелигенција.