Јас ја прекинав. 40 мин велам ми раскажуваш основи кои ти нагласив дека ги знам. Разговорот треба да трае саат време а ти веќе 40 мин не си ни почнала. И се збуни. Ааама вика јас ова морам, не се секирај повеќе ќе трае разговорот. Велам не може повеќе бидејки јас одвоив саат време. И најјакото- глупости тресење. Ништо немаше врска едно со друго. Од 2010 правам натална и секогаш ми била водич поставеноста на планетите. Но реално, чат џпт повеќе ми кажа од тамара. И уште појако, ми вели - ти и да не направиш ништо тоа ќе се случи зошто мора да се случи Еве, веќе месец дена според неа живеам у странство пошто "морало да се случи". А единствено што сменив уствари е чаршавот у спална Пред се, не можеш да речеш мора да се случи. Поставеноста може да покажува отворен пат, тоа не значи дека ќе го прифатиш...
Исто и кај мене,ми дробеше пола саат и поише вовед у астрологија демек морала она тоа да го објасни од старт ко ние од марс да сме паднати,па секој шо решил да даде пари за натална знае што е наталната и го интересираат прогнози и транзити а она глеа да изгуби време на вовед оти реално знање околу толкување натални слабо има.Она толкувањето натална го има сфатено ко гатање и мене ми велеше демек ти што и да праиш тоа ќе се случи,ко кај гатач да сум отишла а не кај астролог.Астрологијата според транзитите и поставеноста на планетите може да даде прогнози за поволни/неповолни периоди и за одредени потенцијали што личноста ги има но тоа се само поставености на ѕвездите и планетите,за нешто навистина да се оствари зависат и многу други фактори и неможе ти на некој да му кажеш тоа и тоа ќе се случи без разлика ти што и да праиш,ок баба Ванге,еве гледам се ти што кажа баш така и се случи.Крајно непрофесионална и крајно неедуцирана во тоа што решила да и биде примарна професија. Така да дечки совет мој од лично искуство а и од искуства на многу други одбегнувајте ја Тамара Јупитер сторис за натални.Ќе си потрошите време и пари за џабе,користете вештачка интелигенција ќе добиете попрецизни одговори него од Тамара такозвани астролог.
Би ти го препорачала Зоран Крстевски,иако не сум правела натална кај него,имам прочитано неколку негови книги и изгледа дека човекот има доста знаење во таа област,а и знам доста луѓе кои биле и се задоволни од него.Е сега поскап е во однос на некои други астролози,ама подобро да дадеш повеќе пари и да добиеш детална анализа и точни прогнози него да фрлиш 3000/4000 на астролози како Марјан или Тамара кои врска немаат од астрологија само добро се рекламираат по социјални мрежи.
Прогресивно поскапува секоја година хаха,јас му имам пишано уште пред 4 години и тогаш памтам беше 3300,следната година му пишав пак ми рече 3800,последно го прашав лани и ми рече 4800 ете годинава има нова цена.Ми е жал само што не напраив уште кога беше поефтин,5300 и мене ми е многу за натална но ако еден ден решам да правам дефинитино би го одбрала него макар што е поскап него овие самопрогласениве по интернет.До тогаш,ке си толкувам натални со чатгпт
Многу познато ми е ова.И јас се излажав да правам натална кај Тамара пред неколку години и сфатив дека си ги фрлив парите за џабе…подобро да си купев нешто со тие пари него да ја слушам 45 минути како ми објаснува што е натална и дека таа не се менува у жувотот и дека кај кој и астролог да одам истото ќе ми го кажел,важи.Од залудно потрошени пари у живот правење натална кај Тамара би беше едно од најзалудните трошења пари на глупости.
Kaкво време дојде, секој глуми астролог. Шетав по профили и налетав на личност што ја знам и не е никаков астролог, а направила таква страница, се пишала астролог и дури наведено дека прави натални за пари. Разбирам дека секому требаат пари, ама срамота е да се правиш астролог, а не си. Се знае кои се астролози во Македонија, па и треба да си реагираат ако видат дека некој се претставува дека им е колега, а не е.
Гледам дека членки пишуваат дека биле кај овие Астротвинс, Инстаграм немам, со гуглање не ми дава ништо. Имаш контакт некаков од нив? Мејл, нешто?
Во право време ја отворив темава за да НЕ закажам кај Тамара Пред месец и пол прв пат ѝ пишав, враќа после 2-3 недели. Еве уште немам закажано бидејќи толку долго ѝ треба да врати на порака. Искрено до пред одреден период не верував и не читав вакви работи, ама во последно време откако ми се случија некои работи почнав да се интересирам. Натална имам извадено од astro.com и чат гпт ми даде некои одговори. Прво пред да прашувам за било што, му реков да ми направи целосна анализа за мене како личност, до толку ме опиша со сите мои особини, језиво дури. Можно ли е навистина да дава точни прогнози за планетите, транзитите и што тоа значи во конкретната натална карта? За споредба, и Gemini ми дава слични одговори. Не знам колку е паметно ова со вештачкава интелегенција ама мене ми е баш интересно и си прашувам за сѐ
И јас си толкувам натална на Чатгпт но доста често знае да погреши во анализа пример ако му пратам слика па треба да го преправам така да не земам се здраво за готово,повеќе се општи работи но во секој случај е подобро опција него да си фрлаш пари по квази астролози.Конкретно за Тамара правев пред неколку години и од оваа гледна точка можам слободно да кажам дека врска нема од астрологија,така да и подобро шо не си закажала,ќе си фрлиш пари за џабе.А вака вештачка интелигенција бар е бесплатно и можеш милион прашања да поставиш и да добиеш детални одговори