АААииииииииииииии најсреќна сум и јас влегов 86/100 не верував, ама ни на крај памет не ми дојде дека ке влезам. Од моето школо имам највеќе поени
Јас дури сега ја гледам темава и дека веќе има дискусија за натпреварот за Наноматеријали. Мојот тим е со 100 поени влезен и со најмногу поени за нашето училиште. Сега за сега сме премногу задоволни и се надеваме дека ќе продолжиме понатаму, но ништо не се знае. Нашето школо е прво за презентации и ќе има свечено отворање (како што ни кажаа), така што ние сме меѓу првите за презентирање. Ви посакувам многу успех на сите што сте се пријавиле и што сте продолжиле понатаму.
Тие што презентирате утре обавезно пишете ни впечатоци, дали ве прекинуваа проф, како прашуваа...се детално пишете ни ве мооооолам и со среќа на сите и од мене
Не би требало да имаме страв, но секогаш ќе постои стравот, како и тремата. Но верувај ми дека откако ќе почнеш со презентирање, првите две-три реченици ќе ти биде тешко да ги кажеш, но потоа се опушташ. Најважно е добро да ја знаете презентацијата, да знаете колку сте ограничени со време и да внимавате на елементите по кои ќе се оценува презентацијата. А јас утре ќе ви пишам впечатоци од тоа како било.
Вака јавно ќе кажам дека сум ептен разочарана од организираноста на натпреварот. Ние како школо домаќин, го отворивме „свечено“ натпреварот. Присутни беа министерот за образование и наука, градоначалникот на град Скопје, деканот на ТМФ, ректорот на УКИМ и професори од ТМФ кои беа дел од комисијата. Секако дека беа присутни и директорот на училиштето, неколку професори, како и тие што беа дел од комисијата. Имаше и неколку медиуми кои фотографираа и земаа изјави од некои од натпреварувачите, воедно и од мојот тим. Е сега, не внесоа во училната каде што требаше да се презентира, а ништо не беше наместено. А не се ни испочитува времето кое што беше предвидено за почеток на натпреварот. Воопшто ниеден временски рок не беше испочитуван, се беше на шега, ако можам така да речам. Најверојатно ќе презентирате по ред, онака како што сте запишани во списокот со бодови, иако, ние бевме на списокот втори, не ставија да бидеме први за презентирање бидејќи сме имале најмногу бодови. Презентацијата како што веќе знаете, треба да трае 10 минути, а толку лошо мереа тие од комисијата што некои добија и по 15 минути презентирање. Исто би ви рекла да не се плашите од прашањата затоа што кај нас поставуваа многу малку прашања (на нас само едно ептен кратко и просто прашање ни поставија, иако на другите малку покомплицирани прашања им поставуваа), но сепак во секое училиште има различна комисија, па може на вас да ви се паднат некои ќе поставуваат прашања и кои добро ќе внимаваат на времето, така што подгответе се добро во тој дел. Друго не знам што да речам. На крајот ептен набрзина ни прочитаа кои освоиле прво, второ и трето место, ни поделија маички, се ракувавме, се сликавме и толку. Не ни дадоа детално објаснување за тоа кој колку поени освоил од презентацијата, не ни појаснија ни кој зошто земал прво/второ/трето место, ни ништо. Ни рекоа дека сертификати за учество ќе добиеме по една недела бидејќи министерот не сакал да потпише нешто и затоа подоцна ќе ги доделуваат сертификатите, а за паричните награди треба да се отвори трансакциска сметка во банка затоа што не смееле на рака да ни ги дадат парите. Тоа е тоа. Нешто подетално ако ве интересира прашајте. Инаку мојот тим освои второ место, иако искрено беше малку незаслужено. Спојлер Исто сакам да кажам дека сум изреволтирана од коментарот на еден од членовите од комисијата. Не знам вие какви теми имате, но доколку ви се поврзани со токсичноста на наноматеријалите или со наноматеријалите во медицината ќе добиете помалку бодови (т.е. веќе би требало да имате само 80 поени за проектот) затоа што тие теми биле надвор од доменот на факултетот. Односно дека тие немале некоја посебна врска со медицината и токсиколошките ефекти и дека сте требале друга тема да изберете.
Тенкаи, честитки за освоеното второ место. Го прочитав ова што си го пишала и да те прашам, како всушност комисијата го мери времето? Со штоперица или на некој друг начин?
Благодарам QueenN, ви посакувам многу среќа на тие што допрва ќе презентирате. Инаку не, гледаа на часовник, на телефон. Како што реков, зависи од тоа каква комисија ќе ви се падне, кај вас можеби на друг начин ќе го мерат времето. Кај нас така беше. Баш и поради тоа забораваа да погледнат на часовник и некои добиваа гратис време. А инаку исто рекоа на почетокот дека кога ќе завршат тие десет минути, они велат СТОП и морате да престанете со зборење без разлика до каде сте со презентирање и да го кажете вашиот заклучок. Со тоа што не сте го запазиле времето ви кратат од бодовите.
Сакам да прашам дали прашањата беа наменети конкретно за некоја личност или општо кон групата ? Дали почнуваат веднач со презентацијата со мерење на времето или ви дозволуваат да се претставите и дали останатите тимови ве гледат за време презентирањето ?
Прашањата беа наменети за групата, не го поставуваа конкретно на одредена личност. Значи може на прашњето да одговарате сите членови на тимот, а може и само еден да настапи и да одговори. Нема правило. Со мерење на времето започнуваат веднаш откако ќе ја вклучите презентацијата и претставувањето ви се пресметува во времето определено за презентација. Плус претставувањето не ви одзема многу време, пет секунди дали ќе ви бидат потребни. Само што ви препорачувам еден да ги престави сите, а не сите поединечно да се претставуваат. Да, останатите тимови од вашето училиште присуствуваат на сите презентации. Иако кај нас рекоа дека ќе презентираме на само, без присуство на други тимови, во последен момент се премислија. Плус совет од мене: тој што ќе ви менува слајдови на компјутер/лап топ нека гледа суптилно на часовник. Нека носи рачен часовник и нека мери на време и кога ќе бидете при крај со времето, на некои 8-9 минути, нека ви даде некаков суптилен знак дека треба да привршувате. Ама внимавајте да не бидете приметливи, затоа што инаку и за тоа одземаат бодови.
Дали има некакво ограничување на бројот на слајдови? На вашите проекти во просек колку слајдови имаше? Дали само еден одговара на прашањата или мора сите подеднакво да бидат вклучени во тоа? Дали е неопходно тим-лидерот да презентира? Дали во Вашите теми и презентацијата имаше формули и равенки? Ви Благодарам Ако може да добијам одговор поскоро бидејќи утре презентриаме?
Официјално ограничување за слајдовите нема, ама секако не претерувајте. Најдобро е да имате од 15 до 20 слајдови. На нашата презентација имавме 15 слајдови. Не мора сите да одговараат на прашањето. Ко прво може да ви постават само едно прашање, па сигурно нема сите членови на тимот да одговораат на едно прашање. Може да се договорите кој какво прашање би одговорил. Може да презентира тим лидерот, но и не мора. Може на тим лидерот и уште некој член на тимот да му помогне при презентирањето. Зависи каква тема сте избрале. Ние за јаглеродни нанотуби имавме тема и во целиот проект имавме најмногу три или четири равеники (може ни толку, не ја знам точната бројка), а во презентацијата немавме формули. А инаку може да ставите, зошто да не. Но ако ставите равенка би требало да ја појасните истата. И не ја ставајте ако не знаете што точно значи, затоа што ако приметат дека сте ставиле нешто што не знаете да го објасните голема е веројатноста за истото тоа и да ви постават прашање кое ќе бара детален одговор. И со среќа утре на презентирањето, па пиши што сте направиле.
Ве молам, кажете ми како започнавте со презентацијата, односно кои ви беа првите реченици?? Ви благодарам...
Прво ќе се претставите кои сте дел од тимот, а потоа ќе започнете со воведот, всушност абстрактот (кој не би требало да го имате напишано на презентација, туку само во проектот во пдф формат) и ќе кажете за што ќе зборувате во наредните неколку минути, зошто сте ја избрале токму таа тема и потоа продолжувате со објаснување.