со физика имам 4 годишен стаж веќе според годинките 3 година си ,м епа вака ќе отидете прво на регионален, тој изгледа вака ви даваат едно ливче со 5 задачи http://www.dfrm.org/documents/55natprev ... p_2012.pdf еве ови беа лани слични се секоја година имаш мислам дека беа 2 саати за решавање, си земеш со себе чоколада, вода 10тина пенкала а тетратка ти даваат они(асистентите од пмф) ќе ве пазат проф од училиштата кај шо се одржуваат натпреварите, ама на 2-3 минути поминуваат асистентите така да единствен начин на препишување е од позади на дигитронот да си напишеш некој формула но ништо повеќе иако имаш 2 саати за решавање нема шанси да седиш толку ќе се здрвиш бре, ја за пола саат излегувам чекаш резултати 4-5 саати зависи во кои регион си и ги гледаш асистентите надвор како пушат цигари а ти од нив чекаш резултати и секако пола од учесниците си заминуваат без да ги видат резултатите кога конечно ке стигнат резултатите под шифри и сите ќе видат дека највеќе поени има првиот и тоа 30тина пишуваат приговори, со приговорот ти даваат 5-6 поени и така со филозофијата КАЛИМЕРО-НЕМА ПРАВДА си одиш дома а по пат си се смеете сите заедно од училиштето и измислувате што ќе лажете кој колку бода имал Е сега ме излажале твоите годинки и зборуваме за натпревар од 7 или 8 одд наместо 30тина бода првиот има 100 бода и одиш на државен.. да не ги замарам другите пиши што конкретно те интересира ааа да и за регионален последната тема од книгата по физика не влегува, а за државен е целата книга
наставничката ме пријавила на натпревар по биологија, прв пат одам. малку сум возбудена темата ми е Бременост. треба да направам презентација и после пред комисија да презентирам. презентацијата ми е готова уште нешто интересно треба да смислам за да направам/покажам додека презентирам. некоја идеја?
Фала за одговоров, иначе јас сум прва. Отприлика колку задачи реши ти, и колку највеќе поени освојуваат другиве??
Јас бев лани на натпревар по математика Оваа година ми рече наставникот дека нема мене да ме прати дека ќе прати некој други да им ададе шанса и на нив а догодина пак јас ќе одам
Сум била скоро на се ! Математика (иако неам појма, кеиф и беше на професорката у 8мо одд) Физика, Хемија, Информатика, Ликовно, Македонски, ОТП, Електро, Мехатроника, Висок Напон, Локомотна Техника, Роботика (ај да не редам, многу технички натпревари) Астрономија, Латински, Англиски, Француски... Абе за све ме бива Ако некој има прашање за било кој натпревар, слободно ЛП или овде П.С. бизниси, менаџменти, сметки - тоа не, никако !
Shto se odnesuva do temava ,,Natprevari'' me interesira shto vie kje kazhete mislam na toa kakvo e vasheto mislenje: Dali nekoi od natprevarite se namesteni?
Бејби, скоро СИТЕ се наместени Некогаш не се, но обично се, а кога не се - едноставно знаеш (зборувам за оние кои се на есеи, на песни, на цртежи, па дури и задачи. практичните не се местени никако)
Во основно си грмев со земањето на награди Не знам на каков натпревар не сум била. Секаде се пријавував и секаде земав награди. Веќе во средно ме фатија бубачките и не се замарав со натпревари. Единствено на некои литературни конкурси учествував и тогаш земав награди
Имал некој искуство/учествувано на конкурсите од Ноќ на истражувачи ?? Тоа е настан организиран од Европската комисија за да се покажат преку литературни, ликовни творби, научни трудови оние кои се заинтересирани за науката како субјект, и колку е таа присутна во секојдневниот живот. Сакам да учествувам на литературниот конкурс на тема “Науката е во тебе, љубопитноста е … насекаде: Кон европски развој! , и не знам што да пишувам Бараат да имало силна поента, оригиналност и слично, па затоа нешто гуглав на темава, али некако ме збунува ова за европски развој, треба да полемизирам што не сме во EУ или како да ја унапредиме Европа ?? И се ова во 500 збора.. Идеи, луѓенца ?
Касно одговарам, ама ајде и јас да кажам мислење за темава. Јас одам на математика натпревари и на регионалниот има местенки. На државниот може да се случи некоја ама потешко, а на олимпијадата мислам дека нема шанси. Ова што го напишав, како што знам не се случува само на математика натпреварите, туку и на сите кој што се со решавање задачи. Најмногу местенки има на оние натпревари со есеи или пак со преокт кој ученикот (читајте менторот) треба да го спрема пред натпреварот. Факт е дека сите натпревари се намести, ама оние кои поминале со помош на менторот, кога ќе одат на натпревар на повисоко ниво и со појаки критериуми ќе бидат во последните. Од наместени натпревари ништо не се добива, тие што имаат талент и без менторот пак ќе се меѓу најдобрите. А да и да кажам мислам дека натпреварите по музичко нема шанси да се наместени.
Јас секогаш одев на натпревари по математика, и СЕКОГАШ го освојував 2 место Освен на регионалниот. Ама оваа година ни ја сменаа наставничката, и незнам дали новава ќе ме зема на натпревари. И по ликовно оваа година ќе одам, зашто многу убаво цртам, па ќе видиме што ќе биде
Дали некој има одено на натпревар по македонски јазик и литература јас оваа година одам прв пат и некој ако е одел ако се сеќава на некои прашања нека ги напиша овде. Однапред фала