ее колешки еве уште еден тука од наноматеријали Маки мачам со темава. Сосема сама си ја работам, не се пријавив со уште еден ученик а и од менторот немам помош Така да, преведување, импровизирање, склопување... ајде ќе биде кај вас како оди?
^ не мора да значи... со мојава генерација па баш поинаку е. Тие дигнатите, на мама на тато, не се замараат, зошто да си го мачат мозокот кога се навикнале се да добиваат со лесно. Според мене на натпревариве одат деца што навистина се трудат и сакаат да постигнат нешто. Има и исклучоци, но мислам дека тие и не покажуваат некои резултати (освен ако не е наместено)
хмм или ти душо не си била на натпревар оти си немала знаење за да одиш па се вадиш дека со врски оделе Цел живот сум по натпревари и досега не сретнав ниту еден дигнат таму,напротив сретнав само квалитетни ученици меѓу кои и такви кои се судриле со социјални неправди од типот има 3 дипломи од државно а нема земено стипендија... Таквите на мама и тато може да ги сретнеш да ама само во основно и максимум на регионален натпревар или оние од црвен крст пожаран.. што ја знам такви некои игрички, на државен, а поготово во средно јок
Јас во голема дилема сум сега што да изберам Трета година сум и ми се отвори можност конечно да одам на натпревар,бидејќи до основно ги избираа оние чии родители живееја со наставниците.Имам еден натпревар по сообраќај во Март,и ќе ми користи многу понатаму бидејќи планирам да си продолжам на факултет по струката,е сега другиот натпревар ми е по Македонски,не сакам да ја одбијам професорката бидејќи навистина имам нешто вредно кога мене ме одбрала од цела генерација да одам на натпревар.И сега навистина незнам што да правам И двата натпревари ми се во март,да се знае датумот и кога едниот би бил при крајот а другиот на почетокот би одела на двата,така ќе успеам.Ве молам за помош!Дали некој некогаш бил на натпревар по Македонски во 3та година?Иначе информирана сум дека ќе има прашања од материјалот од 1ва до 3та.
^ Незнам што учиш сега, во средно. Една моја школска другарка беше на натпревар македонски, ама во втора год. Бидејќи сме средно стручно, а во гимназија учат повеќе македонски рече дека голем дел од материјалот било нешто што никогаш не сме го споменале и нејзе и беше многу потешко. Изборот е твој. Неможеш ли да постигнеш за двата натпревари? Еве јас на пример, годинава ќе одам на 3 натпревари Верувам дека ќе постигнам се, само треба малку повеќе учење. Ако неможеш на двата, мој совет ти е да одиш на тој што ти е по струка... Иначе, јас сакав да прашам, има некој што годинава ќе оди на натпревар по математика?
Сега е период на натпревари и во моето оделение сме само јас и едно друго дете така најдобри по математика и оваа наставничкава не не прашува дали сакаме туку ни вика да знаете ве запишав на натпревар Иначе имам мн искуство со натпревариве.Минатата година бев на регионалниот по географија и математика имав онака солидно место (во средните) а и имаше еден натпревар ,,брзи прсти,, и со него до Скопје се прошетавме, 3 пати па и на ТВ на вестите бевме со претседателот .И на кенгур бев 3 место. Оваа година ме запишаа на Кенгур,во Јахја Кемал ќе имало некој и за по Физика и Математика заедно, и на некој меѓународен натпревар по македонски за песни, демек во Бања Лука ќе оделе избраниците Се изнапофалив
е баш не идат дигнатите туку оние што тие дигнатите ги викаат бубалици,без навреда некој,и јас идам на натпревари хаха Иначе некој бил физика?Тешко е?Отприлика какви ќе бидат задачите?8/9 сум јас,па кажете ми вие кога сте биле 7.. Јас со натпревариве сум од секогаш,годинава се пријавив на сите што ги објавија хаха(училишни,освен на историја) и неучев нешто многу,и освоив 1во географија,3то на македонски и англиски,а на млади библиотекари отидов на градско освоив 5то,ама наместено беше таму 3то и 4то место така да.. а физика,наставничката ги извадила задачите од збирката,овие на памет бројките,и имаше 3 деца со сите поени.. јас имав 2 задачи утнато од 25 задачи(првите 10 беа лесни,следните 10 беа потешкички и тие 5 последните беа тешки) и бев 4то место
ај пиши ми лп што конкретно те интересира за натпреварот физика да не се повторувам со мислењата имам стаж на тој натпревад доволно за пензија верувај, од 7-8 одд одам а еве сега сум 4та
Општи прашања Пааа вака... 8мо одделение сум... Оваа година сум полуматурантка и за кратко време ќе одам на државен натпревар по англиски јазик... Но ова ми е прв пат како одам на натпревар и не ги знам правилата какви се... Па доколку можете да ми објасните тие што знаете како се одвива се, одиме група на ученици и не известија дека сите ќе работиме поединечно... Дали знаете дали успехот се смета поединечно како на пример за еден учесник само или се зема целокупниот успех на групата?! Всушност ќе ве замолам да ми кажете се што знаете во врска со ваквите натпревари )) Ви благодарам однапред, ве бакнувам
Општи прашања Па прашај си го одговорниот наставник/професор за предметот. Тој ако не знае како тече и како се бодува натпреварот, ние пак ич
Бил ли некој на народна техника конкретно астрономија натпреварот во скопје јас бев минатата година на применете физика на народна техника ама не знам како е на астрономија. Ме интересира обично со какви теми настапуваат учениците Благодарам однапред
Сабота идам на натпреварот по Математика и Физика во Јахја Кемал Наставничката се ни објасни па некој ако сака да праша, јас ги имам сите информации