Серија во која што настапуваат Џенсен Еклс и Џаред Падалецки како Дин и Сем Винчестер, двајца браќа кои патуваат низ земјата во потрага по нивниот исчезнат татко, а притоа се во борба со зли духови. Сем Винчестер е студент на правен факултет и е решен да избега од минатото на неговото семејство - за разлика од неговиот постар брат Дин. Уште од деца, татко им фанатично се обидува да ги најде злите сили што ја убиле неговата сакана сопруга, а како резултат на тоа, тој ги тренира своите синови за да можат да му помогнат во одмаздата. Тие израснуваат во ловци на натприродните суштества. Сем бега под изговор дека ќе студира право и води среќен живот со девојка му Џесика. На друга страна, Дин останува со татко му и му се придружува во „ловот“. Дин го замолува Сем да му помогне кога татко им исчезнува и Сем му се придружува на брат му во потрагата по татко им. Неговата краткорочна потрага по Џон Винчестер се претвора во долгорочна мисија откако ужасна трагедија ќе му ја уништи можноста на Сем за понатамошен среќен живот. Поврзани по крв и трагедии, двајцата браќа патуваат низ земјата и се среќаваат со ужасни и опасни сили за кои што се верува дека се само суеверие и митови. Во својот пат, тие ќе се соочат со девојката во бело, со демони кои што предизвикуваат авионски несреќи, со Крвавата Мери, вампири и многу други зли суштества. Ова е серија која веке редовно ја следам од самиот почеток до сега. Доста ми е интересна, смешна на моменти и поразлична од другите. Не ми е типична серија со вампири, за религија помегу бог и ѓавол и сл. А и Дин,
Супернатурал (Supernatural) Баш пред некој ден се мислев да отворам тема за серијава. Зараза е, место да учам за колоквиуми или да спијам јас неа ја гледав. Ми бесе премногу интересна на почетокот. На шестата сезона сум и малку ми стана банално целото тоа со ангелите, па умри па оживеј.... едноставно мислам дека умреа премногу пати. Во секој случај ја обожавам серијата... одам одма да изгледам уште една епизода.
Супернатурал (Supernatural) ја од скоро почнав да ја гледам, уште сум прва сезона, не знаев дека се шест. интересна е, посебно браќата ловат натприродни нешта како тоа да е најобичната работа на светот. Едно не ми е јасно од каде пари за бензин,за сместувањата по хотелите? сум испуштила нешто...
Супернатурал (Supernatural) Лажни кредитни картички, сигурно си го испуштила тој детаљ. Инаку, годинава ќе излезе и седмата сезона.
Супернатурал (Supernatural) Фала ДАнгел!!! Првата сезона ја гледав така, колку нешто да се гледа. Откако почнав втората, ми станува се поинтересно, ме интересира само дали би можела да ми кажеш дали наскоро ќе го убијат жолтоокиот демон, и Сем каква врска има со него.
Супернатурал (Supernatural) Сем е крвно поврзан со жолтоокиот демон, нема да ти кажам точно како. Спојлер И ќе го убијат, ама многу ќе се изнамачат.
Супернатурал (Supernatural) Од почеток не ја сакав серијава ама како што се одвиваа настаните, од сезона во сезона се поинтересна и поинтересна, така да сега едвај ја чекам 4епизода од 7та сезона.
Супернатурал (Supernatural) Mи изгледа интересна за гледање,баш вакви сакам Kолку сезони има? Cакам да ја почнам
Супернатурал (Supernatural) Сега е седмата. Првите 2-3 сезони се мноооооогу интересни, после почнуваат малку да претеруваат. Седмата уште ја немама почнато па не знам каква е...
Супернатурал (Supernatural) Ги изгледав прва и втора сезона,и ми се допага серијава,иако на моменти се мочам од страв Cега ке правам пауза и ке ја почнам и 3 сезона,за 1 недела -две сезони изгледав A Дин повеке ми се допага,овај Cем како ме нервира со она косата,нека ја скрати малку :geek:
Супернатурал (Supernatural) Mи беа интересни до 5 сезона,некако 6 сезона ми е слаба,неинтересна Aј некој ако ја гледал 7 нека пише каква е
Супернатурал (Supernatural) Јас сум до 4та сезона на почеток ама некако страв ме фајќа на моменти.Ептен ми е хорорна.Ама ми рекоја да сум ја изгледала до крај. Како што поминувале епизодите била се подобра.
Супернатурал (Supernatural) На мене 6та ми беше најслаба, 7ма е нешто подобра. Се си мислам дека првата најмногу ми се допаѓаше
Супернатурал (Supernatural) Ја гледам новава сезона и мислам дека е подобра од преходната. Инаку првите сезони беа подобри од последниве две, не знам што се случи, едниот продуцент мислам откажа и сега нема толку возбуда како во првите. Исто и музиката ми недостига. Серијава беше исполнета со рок музика, а сега ништо немам слушнато еве еден клип што едно време го гледав секој ден по неколку пати со ред http://www.youtube.com/watch?v=HsyMtYoSkC0
Супернатурал (Supernatural) Jас ги изгледав сите сезони и сега ја чекам новата епизода што излегува на 6 јануари,на почетокот колку се плашев кога ги гледав,сега како навика ми стана и без страв си легнувам Cите сезони ми беа добри,освен 6та некако се беше измешано,не знаеа со кого си имаат работа,а 7ма не е лоша,за сега Aбе зошто го тргнаа Kас бе? Mногу ми беше мил,така гревчуле,многу ликови тргнаа,е веке сега и Боби ако го тргнат нема да е интересно A Cем се разбуави многу детево бе,секси многу ми е,се израдував кога прочитав дека Pуби(бринетата-демонот) му била жена во реален живот,и таа лична е
Супернатурал (Supernatural) wolf4e, јас пак ич не ја сакав ... шознам, некако по ми се допадна плавата Руби. За Кас не ми се верува дека, скроз ке биде тргнат од серијата, секако ке се појави сега од овие епизоди навака (ај хоуп соу) пошто како шо кажа ептен ликови тргнаа и неможе серија само со двајца луѓе. Мило ми е шо го вратија хуморот во претходните неколку епизоди со венчавката на Сем, пошто ептен на сериозно ја затепаа, мислиш стварно на светот крајот ке му дојде. Не е како во првите неколку сезони ама ке пројде. И незнам сега, дали ова е последна сезона? Читав дека наводно ке била, посебно ке гледале се фокусираат кон врската помегу Сем и Дин, братството и се океј, ама ако ја планират за последна некако не ми оди кон тоа. Незаборавни моменти: http://www.youtube.com/watch?v=ASZkRM1vx54 http://www.youtube.com/watch?v=eJ6iYN9f56c
Супернатурал (Supernatural) Eј не ми се верува бе,вистина го тргнаа на Bobby Ceга што ке биде од серијава?
Супернатурал (Supernatural) Мојата нова опсесија денеска баш ја завршив 1-ва сезона утре либето ќе ми ја донесе 2-ра.Искрено дин е бонбонче