МТВ се ужас! Даваат само три епизоди неделно (некогаш ептен рано, некогаш ептен касно, некогаш ич ), во понеделник нема, а во петок ги даваат репризите од трите епизоди. Сега мислам дека трета сезона ја даваат. Ја гледав последната епизода од втора сезона пред 2-3 недели и дека ме нервираат овие од МТВ почнав да си ги глеам на интернет, до 5та сезона сум Инаку многу јака серија, не е се` во хоророт и страшните нешта, туку има и тажни братски Dean & Sam моменти. Castiel е преубав , особено кога не сфаќа некои работи или кога е збунет. Dean.. лелееее он ми е омилен, дека нели bad boy. * with Dean* Кај Sammy не ми се свиѓа тоа дека има демонска крв и косата му е ептен долга, на почетокот беше сладок со косичката, ама ако! Супер шо има тема за серијава на форумов. Најубава серија <3
Леле значи не можам да престанам да го гледам видеово.Циркузи се.Поготово Дин мој http://www.youtube.com/watch?v=pw8E2reBbSM душааа,стварно е
aхахахахахахаха викаш во 5та сезона има долга коса??? хD чекај да го видиш во 8ма... како Рапанзел е хаххахахха Oh Sammy <3
Ајде уште малце па 4та сезона.Сакам сите одеднаш да ги изгледам ама ај Готово се заразив со серијава,толку ми требаше.
Кога ја дават сега никако не можам да ја фатам? И јас ептен се заразив па неможев да дочекам си ја гледам на филмовизија 8 сезони има а како шо прочитав уште 2 сезони ке се снимат. До 5тата ми беше заразна после и така и така или ми се смачи 24/7 да ја гледам
мене уште 10тина епизоди ми останаа од 8ма сезона после незнам како ке чекам да искачаат една еп. во една недела или полошо- месеци до нова сезона
ако прашуваш за МТВ, мислам дека не ја дават повеќе, или па јас ја немам начекано, ама верувај - вреди да си ги спуштиш другите сезони.. и јас кога ја завршив 5тата мислев да престанам ама голема грешка ќе направев, преинтересни се наредните сезони посебно 7ма и 8ма сезона, преполни се со емоции.. ти барем ќе чекаш "само" три месеци, јас се избрзав и сега еден месец и повеќе ми помина без серијава на почеток гледав видеа на јутуб (блуперси и видеа од конвенции), па слики на тамблр и пинтерест, па истражував за актерите и сега немам што да правам многу тажно, знам ама се заразив со серијава, и сега на твитер ги мањачам Миша, Џаред и Марк Шепард, а и не се баш често на твитер :/ (освен Миша, тој најмногу е на твитер ).. сега гледам други серии, ама досега само од оваа сум се заразила, и тоа ептен мислам дека кога ќе излези првата епизода од 9та сезона, ќе славам како да ми е роденден, до тој степен ја сакам серијава (голем придонес за тоа има и Миша) ова е од неговиот твитер, па уште напишал - If this is how it works, i'm going to owe fortunes in child support: со ваква актерска група, мислaм дека е невозможно некоја серија да биде неуспешна http://uk.eonline.com/news/407332/super ... -not-happy
Јас сега ја почнав серијава, ја изгледав првата епизода и морам да признаам дека за кратко време се препотив и добив два миниинфаркти Јас сум малку забегана, ако и се навлечам ќе ја изгледам за ненормално брзо време и после ќе почнам да сонувам и замислувам глупости Кажувајте дали е цело време така страшна серијата или се навикнува човек??? Да знам бар со време да се откажувам
Има од се по нешто , хумор , хорор , драма , акција ..... пред се има добра музика , јака кола , двајца згодни мажјаци првите 2 -3 сезони се фокусирани кон духови , демони и сл , понатака се вклучуваат и мнооогу други суштества .... според мене , ако ја прекинеш ќе зажалиш , како идат сезоните се подобра и подобра е
И јас вака мислев по првите неколку епизоди, со миженки гледав дури не дека ќе се навикнеш, ама натака серијата се развива во поголема приказна, овие еднократниве мисии ќе бидат дури досадни, ќе има добар хумор, Џенсен ќе стане уште посекси ќе дојдат многу добри ликови. Ако имаш време можеш да ја гледаш, јас сум заразен фанатик, така да малку ќе бидам субјективна ако ти кажам дека е одлична серија И се зависи од тоа дали си фан на приказни од натприроден карактер
После серијава,хоророт веќе не ми е тоа тоа Не дека е многу страшна,туку со се се сретнуваш во серијава и веќе се ми е познато
хахах затоа раката пред очи и гледај си така јас така правев во прва сезона (и некогаш во наредните) и мислам само 1 или 2 пати добив мини инфаркт xD Блади Мери само одназад ја видов, исто и едно девојче дух (неа само мечето и фустанот и го видов), другите некако ги издржав да ги гледам не си само ти, прашај било кој фан, кај сите е исто - сите се навлекле и ја изгледале за брзо време, а за тоа со кошмари и слично, мислам дека нема да имаш, барем јас немав (а јас многу често имам кошмари). и не, не е толку страшна, ќе се навикнеш за брзо време, не треба за таква банална причина да ја пропуштиш серијава значи запамти, кога ќе слушнеш страшна музика (или тишина) - btw - пушти го видеово на 3:25, чисто за забава http://www.youtube.com/watch?v=TW0OPsLRncw
хахахах абе од teddybear немаме одговор, дали не го видела или..... да не доби инфаркт хахах најтажната сцена ја направиле најсмешна