Мене пак не ми е воопшто страшна серијава, можеби дека обожавам хорори па овде т.н страшни сцени ми се онака лајт Најсрашна епизода досега ми беше мислам во 1 ва или 2 ра сезона со оние лудаците што ловеа луѓе, немаше ништо натприродно во тоа само фамилија на сериски убијци, лудаци. Се штрекнувам само кога ми го убиваат Дин (да, да, мој си е да не се расправаме ) иако знам дека како главен лик нема шанси да остане мртов. И сеуште сериозно мислам дека Кастиел е прекрасно име за мојов бебуш
^Јас сум постара и имам предност , плус тоа сум трудно жениште со тенденција да роди бебе поголемо од тоа на насловната на фемина, така да мора да ми попуштате Мој си е Дин и не го делам со ниедна, само ако пробате да ми го земете со мевов како кунг-фу панда ќе ве тепам Види што е личен како да го делам како тинејџерка попалена сум, не ми замерајте, хормоните ме лупнале во глава
Мајке, живееш во странство, мажена си и наскоро ќе си имаш и две дечиња... А јас...јас? Овде, сама, никој не ме сака, никој не ме зема ... нели ти е жал Надвор 50степени, а мене ми студи на телово и душава, ноќе сама кога ќе си легнам... само мислата на Дин ме грее... Сподели бре мајче, знаеш како ми е тешко, срце ме боли Од пола нагоре за тебе, надоле за мене... м?
Еј ептен ме погоди во срце со жалниот пост, дури и солзи ми потекоа од жал Ми ги користиш хормоните против мене, сега од жал и тага за тебе морам да го делам, уште еден ваков жален пост и ќе ти го препуштам Важи поделбата од пола нагоре за тебе, од пола надоле за мене или обратно беше
^ Избегавме од темава ама па, пак не е фер. Ти и Кастиел ќе си го имаш дома Башка што и белја си бараш, знаеш какви се односите Кастиел-Дин ако ништо друго, за доброто на моите хормони...дај ми го долниот дел само
Ааааа неможе така,сите што почнавте покасно да гледате Натприродно вратете се неколку страни назад да видите дека јас прва реков Дин/Џенсен е мој
хахахаха јас кога дојдов на темава, три си бевте и таман си имавте сите по еден, сега борби се водат јас сум најверојатно најмала тука и немам право, ама само да си кажам - Миша е мој!! ама како што гледам на никој не му е гајле за него, а?? More for me then а и се изгубија на Џаред жените (или една беше..) oва ќе го оставам тука, во случај некој да не сака да се премисли
Го видела го видела ама го пуштив на 3:20 и отидов подалеку од компјутерот, знаев дека ќе ме стегне миниинфарктче и не бев во грешка Инаку мене Сем ми е поубав беее, малку не сум љубител на долга коса кај машки ама кога ќе се насмее уффф, па да си знаете јас се приклучувам кај тие што го сакаат Сем, не ми е проблем да делам (а прво си пишав дека е само мој па после прочитав дека dibs имало за него па еве си редактирам да бидам добро девојче ), вие другите тепајте се за Дин(не дека тој не е убав да не се разбереме погрешно) Инаку јас длабоко навлегов во водите на третата сезона... спора сум затоа што гледам уште едно купче серии ама ќе стигнам до крајот не се откажувам
аа добро, жива си барем ти си знаеше, јас кога го гледав онака опуштена и само наеднаш почна да вришти таа мене сите ми се згодни, ама Миша ми е на прво место заради карактерот, и како што гледам немам со кој да се карам ама да не се појавеше Кастиел во 4та сезона, ќе си останев со Дин и ќе се карав и јас тука, или па ќе преминев на Сем (во 2 и 3 сезона многу го засакав) Спојлер aaaх уште Миша им фали
Прво да ве израдувам а после ќе се карам 9-та сезона на Supernatural место на 15 октомври ќе почне на 8 октомври Една недела порано wooohoooo и денот е сменет за тие што не знаат, не се емитува во среда туку вторник. Сега да се карам G.G јас си го сакам Џенсен уште од Smallville, тоа беше љубов на прв поглед заради него и почнав да го гледам и Supernatural а си ја гледам серијава од прв ден, секоја сезона ја имам изгледано најмалку 2 пати а имам омилени епизоди што сум ги изгледала безброј пати. А и Џаред глумеше во една од моите омилени серии Gilmore Girls, таму ликот што го глумеше се викаше Дин и ми беше симпатија додека не се заљубивме со Џенсен, јас го сакам, уште он да ме сака и завршена работа Кравче ма зошто ми правеш вакви работи Ај нека ти биде, долниот дел за тебе, горниот за мене Мене ќе ми пее вака, немој да се предомислиш, нема назад http://www.youtube.com/watch?v=TNMX7HovRD8
Гледај го Џенсен во Ten Inch Hero Иначе за Џаред, почнав да ја мразам Алексис Бледел бидејќи му раскина во Гилмор Гирлс и нејќев да ја гледам серијата за тоа Kaкви се бре, мх!
каков 15ти, каков 8ми, јас мислев на 1ви почнува ќе почнев кавга тука, ама видов на википедија, навистина на 8ми почнува.. ај добро, вреди да се чека - Миша ќе биди во секоја епизода, дури и ќе биди режисер на една, Чарли ќе биди во 4тата епизода, а и Боби ќе се врати во серијата оф топик - да почнуваше на 15ти ќе ми беше роденденски подарок, ама ништо од тоа...
Го гледав, го гледав И My bloody valentine го гледав само заради него инаку ептен лош филм беше. Леле и јас исто ја мразев Алексис заради тоа што му раскина на Џаред Great minds think alike :geek: Читав дека ќе има спин-оф на Supernatural, пилот епизодата ќе биде на пролет, исто како што направија со The Originals. Туку додека се одлучиме кој дел за кого, гледам има преубава ќеркичка, да си ја направам снашка за нудистот мој а може и за неродениот петко нека бира госпоѓицата Правда, Џенсен сват да ми биде и после ќе биде сват, сваќа фаќа ако не грев го фаќа
и јас заради него го гледав, и баш ми се допадна не би рекла дека ми е еден од омилните, ама не беше ни многу лош btw - ја забележа облеката на Џенсен во филмот, колку многу си личеше со облеката на Дин?? Спојлер на крајот од филмот скокав од радост што не беше мртов
Сакам да почнам да ја гледам серијава,но да не е страшна многу?ако е нема спиење за мене со денови А многу мерак ми прави вака...
Како што читам на тамблр се враќаат и Луцифер,Габриел,Смртта и Џоди шерифот.Незнам колку е сигурно. ( Во Ванкувер снимаат така? )