леле Бани првпат слушам, денот ми го разубави за Џоди шерифот имав слушнато и ми беше сеедно, ама затоа премногу се радувам за останатите, посебно за Габриел јас цело време сум на твитерите на Миша и Џаред, и не ми ни текна да проверам кај другиве фала што ни кажа btw - на тамблр и на конвенциите цело време се бараше мјузикл ако се врати Габриел, се надевам ја прифатиле идејата aма и да нема мјузикл сигурна сум дека ќе биде супер епизодата со Ричард јееееј
Само што ја изгледав 6та епизода од 4та сезона и луѓе мои одамна се немам вака добро насмеано на филм или серија, ми се чини десет минути воздух не можев да земам од смеење на сценава http://www.youtube.com/watch?v=AIUP4Kddqgc и 100 пати премотав назад Инаку Bitersweet спомна за епизодата кај што немаше ништо страшно туку психопати убијци, е баш за таа епизода и јас сакав да напишам. Секое страшно чудовиште што го сретнав во епизодиве, секој дух, врколак, вампир и уште милион други по ден два веќе не ме плашеа, а таа епизода кога ја гледав морници ме лазеа, сериозно е нај нај најгрда епизода од сите. Спојлер И сакав да прашам, дали татко им на некој начин ќе се врати??? И дали Боби ќе умре? Некако такво чувство имам
Кога не ми е денот си го пуштам Дин како вришти и си паѓам од смеење патем за споилерот Спојлер не ке почине татко им , и да Боби исто ама ке се врати по некое време како дух па од дух ќе премине на другата страна нема да го има се до сега, нешто во 9 -та сезона ќе го враќаат назад
хахаха памтам јас кога ја гледав епизодата, иста ми беше реакцијата како твојата а уште посмешно е на блуперите, Џенсен му скокна на Џаред в раце А со Bittersweet зборувате за епизодата од прва сезона, The Benders?? мене не ми беа воопшто страшни тие, малку морничави ама ништо посебно.. инаку се друго ме плашеше, посебно оние децата во The Kids Are Alright и незнам дали ја имаш изгледано Family Remains (11та епизода од сезоната што ја гледаш), е таа е страшна black-angel ти одговори на спојлерот, ама мислам дека не треба да си откриваш спојлери, поинтересно ќе ти биде ако незнаеш што ќе се случи
До family remains стигнав (затоа што е 11ка а јас на 10ка заокружив прееска ) и излегов, сега еве ќе седнував да гледам, ама очигледно утре ќе гледам Па ќе да е таа епизода, да сепак не е страшна ама е морбидна ептен онака језива и дефинитивно до сега ми е најнајглупава, a најгадни за гледање ми се сите епизоди со shapeshifters, а најстрашна до сега некоја не можам да издвојам сите ми се тука негде... Јас морам да читам спојлерчиња, не можам поинаку не ме држи г*от , Спојлер баш штета цело време се надевав дека татко им ќе се врати некако и ќе бидат тројка ама ете џабе сум се надевала... среќа боби ќе го вратат и него ептен го сакам... *** плус се изнервирав што прочитав дека Руби е лоша на крај, тикварка, цело време мислев е добра и некако ќе стане човек и ќе биде со Сем. Сериозно надеживе мои за серијава морам да ги променам
Теди многу забавни епизоди идат, јас веќе на памет ги знам од репете што ги имам гледано Иначе да, можеби најстрашните епизоди се тие каде човекот е злото, а не духови, демони и такви ствари Сем е познат во серијава по лошиот вкус на жени Секогаш, ама баш секогаш мора да одбере некоја забегана. А Дин дури Спојлер и со ангел ќе се смува За брачниот живот на момциве Спојлер Во 7ма сезона Сем ќе се жени Гледај го на јутјуб клипот од епизодата со исплашениот Дин, каде ја пее Ај оф д тајгр цела
хаха најсмешен момент ми е овој од 2ра сезона,а па во другите колку ги има само хаха http://www.youtube.com/watch?v=FHfcZortMTc
е голема е љубопитноста знам.. ама јас кога дојдов на темава никој не пишуваше во спојлер и без разлика дали сакав или нејќев, морав да видам по некој спојлер, сцени од смешни епизоди, сцени од тажни и мислам дека ако не дознаев за Боби предвреме, ќе плачев многу повеќе.. а за 8ма сезона ги знаев сите најважни спојлери и пак како бебе некое се изнаплакав Спојлер татко им ќе се врати ама како млад Џон, и ќе биди во 2 или 3 епизоди (ама како што гледам го имаш видено, во 3та епизода, 4та сезона се појави).. А тоа со Руби знам како ти е, и јас многу ја сакав плавата Руби ама таа во 4та сезона многу ја замразив (единствено престанав да ја мразам кога видов дека му е жена на Џаред ).. Цело време ќе имаш надежи за нешто да се случи, ама многу ќе се разочараш, најмногу кон крајот на 6та сезона, не ти кажувам што ќе се случи ама можам да кажам дека е една од најтажните епизоди Сем има лош вкус за жени или обратно ?? Спојлер сите што биле со него се мртви (освен Амелиа), па би рекла дека жените што спијат со Сем имаат лош вкус
леле Мишаа http://www.youtube.com/watch?v=rmEaDt80Li4 само тој може толку фраерски да заврши интервју ах Џаред, Џаред, 31 година напрај и уште детиште е (не дека тоа е лошо нешто ) - сигурно пола од блуперсите во 9та сезона ќе бидат од епизодата на Миша сиротиот тој
Јас денес ја завршив 6тата сезона. Значи серијава сериозно е предобра. Сега да почнам со моите тврдења, изјави и заклучоци. Кастиел го обожавам, ненормално многу го засакав и цело време ме смее, абе сонце невидено е, сега и тој го сакам за маж. Спојлер Не ме тепајте ама ептен го засакав и Crowley, знам дека е свиња злобна ама ептен добра појава ми е, има некоја харизма, сексуљав е некако ептен и ненормално убаво ми зборува, така како ги изговара зборовите да го грабнеш и да бегаш или да му бидеш queen of hell. Морам да признаам дека и Луцифер ми беше убав, што ќе беше оваа работа со мене и убавите bad guys Спојлер Дин, душа напатена абе таман реков ќе му потрае среќата го уништија пак, ептен ми е жален, сите стресови на негов грб се, греота е бреее. Сцените меѓу Дин и Death ептен ми се допаѓаа, некако не знам ептен паметни ми беа, смирени, сериозни, ептен ми беа добри. Спојлер Многу многу многу плачев на последната епизода од 5та сезона, кога ќе му се обратеше на Сем и на крајот кога Сем/Луцифер го претепа ептен ми беше жал, а па кога се појави кај Лиса на врата и ја гушна и стисна ме утепа(плус затоа што го поврзав со личност од мојот живот) ама липав без престан. Исто плачев и кога правеше муабет со бен, и кога им го избришаа сеќавањето, леле тоа беше најглупавиот потег во цела серија, јас цело време навивав да бидат заедно на некој чуден начин да успеат и ете ти, уште една андеж ми расипаа. Спојлер Многу многу сакам да го гушнам и онака да му речам Дин не се секирај се ќе биде во ред. Срце невидено е ептен го сакам. Спојлер Овој цитат од Дин ми беше предобар: Just because you love someone doesn't mean you should stick around and screw up their life. Ај сега на повесели работи, се измочав од смеење кога мислеа дека кастиел ќе умре и кога го однесе да ја изгуби невиноста, пукнав од смеење. Исто така многу се смеев на епизодата кога беа во лудница кога сем беше предозиран со лекови, и кога Дин ги спушти пантолоните и рече pudding, тоа беше врв, ми пукна мочниот меур од смеење Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=92EcOwiEXQc Друго не знам што да кажам, веќе кажав дека серијата е ненормално добра, актерите се предобри, јас имам еден недостаток и многу се приврзувам за ликови, па ептен ми беше жал кога умреа Елен и Џо, и не ми се ни гледа 7ма сезона затоа што знам дека ќе умре Боби, јас сум љубител на среќни краеви(како на пример елен и боби во брак како во епизодата со титаник) ама тоа е што е се помирувам и со црните судбини на луѓенцава. Инаку ми се свиѓаше крајот на 6та сезона, едино што би сменила е душите(тие злобните на л) да не останат во Кастиел туку да избегаат од purgatory и да оспеднат некој друг ама не беше лошо и вака. За нај нај најдобра епизода ја прогласувам таа кога ги глумеа нивните реални личности, значи будали се скроз, епизодата беше предобра. За понатаму се надевам ќе им најдат малку љубов и помалку ќе ги убиваат, аман само стресови ми создаваат Јас малку споро гледам зошто учењето ми ги пореметува плановите ама кај и да е ќе ги довршам сезоните. Ги изгледав сите можни bloopers што ги најдов на нет, и милион други клипчиња и сфатив дека трудот што го вложува целиот тим за да сними една епизода е ненормално голем и е за почит. И се надевам дека ќе носат уште повеќе убави мажи, а од друга страна пак се надевам и дека нема да донесат премногу затоа што не можам да се одлучам кој да ми биде маж, кој прв швалер, кој втор, трет итн. Ај доста ви е, постов го пишувам втор пат, еднаш го напишав и се ми се избриша затоа што сум ставила некој линк со вирус, ама не се откажав, морав импресиите да ги споделам И за крајјјј Спојлер Се гледаме после 7ма сезона
Теди - те читам и плачам и се смеам во исто време - All these feels Кас не го давам, јас кога го сакав кај беше ти ?? Нема кој да те тепа за Краули, СИТЕ го сакаат Краули Посебно ќе го сакаш во финалето од 8ма сзона (во спојлер имаш ставено една од сцените), а не ни почнувај за гласот, кога и да слушнев Hello Boys, летав А и Луци сите го сакаат, ама срам да ти што не ги спомна Габриел и Балтазар И ете сега знаеш зошто не ти кажав што се случи на крајот од 6тата сезона (за Лиса и Бен) и мене ми беше тоа најглупаво нешто во цела серија ама беше преемотивно, па затоа уште повеќе ја засакав серијата.. а Дин кога му рече на Сем да не зборува повеќе за неа, си го сфатив како мене да ми кажува, па затоа секогаш ја избегнувам таа тема (а и затоа што секогаш плачам).. Ме изнасмеа со Дин (Пудинг), кога и да слушнам Пудинг на него мислам ама чекај, тоа не е ништо, да видиш ти какви смешни епизоди има во 7ма сезона.. Инаку Боби не умира во 7ма, туку во 10та епизода :/ за љубов не се надевај, ама многу интересни ликови ќе се појават (на Сем ќе му најдат љубов ама нема многу да трае), и да, помалку ќе ги убиваат... Голем труд вложуваат, посебно затоа што Џаред му ги уништува сцените на Миша по стопати Мило ми е што не сум само јас „полудена“ по серијава, бидејќи кога почнав да ја гледам и кога дојдов на темава, за секоја втора епизода коментирав на долго и широко Welcome to the family
Shame on me, ги заборавив пустите, може дека тие беа од the good guys хахаха (Габриел не ми го правеше баш меракот ама Балтазар охооо да) Сериозно шала на страна кога ќе подразмисли човек сите се убави у пм. Уф а пазев сите сликички да се од сезоните што ги имам гледано и ете ми се испуштила некоја Значи чим не ме тепате за Crowley сега тој ми е на прво место другите нека бидат ваши ама ќе ми ги позајмувате така понекогаш колку да ми пројде меракот