леле не ми се верува колку брзо помина времето Уште еден месец остана ама што е ова, колку време нема ништо ново ?? Последен пат кога имаше некоја статија беше пред околу една недела (можеби и повеќе) А и на твитерите немаат ништо ново, изгледа се презафатени со снимање
Не држат во неизвесност оваа сезона,јас само прочитав негде т.е Миша изјави дека сезонава Кас ќе имал секс само не откри со кого
хахах знаам, го имав поставено тука видеото се надевам не се зафркава, баш сакам да го видам Миша во акција Ааа, за малку ќе заборавев - пред неколку дена прочитав дека во сезонава ќе се појави некоја бивша девојка на Дин Незнам дали ќе биди само во една епизода (како Кеси), ама ништо друго не прифаќам, посебно после тоа што се случи со Лиса Не сум Dean Girl, ама сите женски ликови досега кои биле во љубовна врска со некој од браќата (освен Џо, ама таа не ни беше во врска со Дин), биле катастрофа ликови, само ги ставиле колку да ги пополнат празнините во сценариото.. Немав ништо против Лиса, ама кога беше она со Амелија едвај ги гледав тие сцените со неа и Сем A и мислам дека на серијава не и требаат повеќе женски ликови, си ја имаме Чарли
Ме насмеа со сликите Чарли ептен е срцка се надевам дека ќе има нешто и за неа,па цел рај ангели паднаа може ќе ја спојат со некој женски ангел O
^ хахаха се изнасмеав ама Миша е врв - Спојлер па и сирената кога ја имитираа не се нормални, дефинитивно
^ топ коментар на видеото на јутуб - Како јас да сум го пишувала Едвај чекам да поминат овие 28 дена, сезонава изгледа супер btw, еве што се случува на Тамблр - Спојлер
Me again Како напалена тинејџерка сум, што ти прави неспиење Кога и да го гледам ово се утепувам од смеење....enjoy http://www.youtube.com/watch?v=lplsKKiqcJU
^ ме изнасмеа јас само гифови од ова имав видено, никогаш не го изгледав видеото тенкју што го сподели овде ај и едно од мене, да не останам покусо http://www.youtube.com/watch?v=YlZAOcfiZjM
До петта сезона сум и почнувам да имам потешкотии во контролирањето на емоциите дури ги гледам епизодите. Мислев дека на Tumblr претеруваат ама излезе дека не..