Супернатурал (Supernatural) денеска почнав да ја гледам серијава изгледав 3 епизоди беа интересни во секој случај иако на некои моменти гледав без звук од страв инаку браќава се гром!! Дин малце повеќе ..одам да гледам
Супернатурал (Supernatural) ауу ми се допадна последнава епизода, конечно почувствува дека ја гледам стара добра Супернечрл )) Исто и музиката која толку ми фалеше во епизодите
Супернатурал (Supernatural) Ja гледате серијава,гледам нема многу коментари Mене 7 сезона,слаба ми е,некако се е измешано,наместо да се фокусираат да ги убијат тие "црните големи усти" овие сосема забегуваат и сега кога кога умре тој френк да кажеаа барем кој го уби,некоја информација,ме интересира како ке заврши еве уште 3-4 епизоди има,овие се влечкаат
Супернатурал (Supernatural) Ја заглавив до 3-та епизода 7-ма сезона , неможам да најдам време да глеам , а и некако ептен мутаво се одвива! После 5-та сезона некако ко да не е истата серија за жал ја укакаа. А ќе има и 8-ма сезона се снима
Супернатурал (Supernatural) Јас ги имам гледано сите сезони освен таа новата што е во тек. Многу ми е интересна и возбудлива. Се случува по цели денови да гледам или пак до 5 сабајле да заглавам гледајќи. А за Дин да не правам муабет. Најубав е
Супернатурал (Supernatural) Mене 6 сезона ми беше ептен досадна,многу поразлична од другите,некако измешано,7ма не е лоша имаше добри епизоди,но и некако не покажуваат некако акција за да ги утепаат оние големи усти Cе надевам 8 ке е подобра,оти минативе две се слаби :geek:
Супернатурал (Supernatural) Според мене првите четири беа најдобри .Последнав сезона е подобра од претходната, која за жал мнооогу ме разочара. Не ни помнам што гледав
Супернатурал (Supernatural) Ептен ја утепаа откако се повлече тој што ја напишал првично , фино човекот си планирал 5 сезони и тука да заврши а тие за поголема заработка бетер ја направија
Супернатурал (Supernatural) Почнав да ја гледам без ич елан !!! Некако претерано остануваат без идеи или премногу очекуваме !!
Супернатурал (Supernatural) Ја гледам речиси од самиот почеток, имаше сезони кои беа тотално тупење на приказната ама во глобала е забавна за гледање. Ликот на Дин е закон, стилот на неговиот хумор ме потсетува на себе
Супернатурал (Supernatural) Јас бев си ја заборавила, ама откако надокнадов сега и видов дека Кастиел се врати, ептен чекам серија за серија да видам што ке бидне. Мада сепак мислам, се ќе остане за последната 8 сезона. Уште една од оваа сезона, па ќе чекаме тамо дури.. кога ќе најават. Моментот кога Дин се загреа по балетот..
Супернатурал (Supernatural) Jа гледавте последната епизода? Спојлер Bака значи 6та и 7ма сезона толку многу ми беа слаби,ај во 7мава имаше добри епизоди,ама некако измешано беше многу,како да не знаат што да снимаат веке и крајот многу ме изнервира,оти бе секоја сезона кога завршува,завршува еден од нив да е заглавен во рај,пекол или не знам каде веке Mногу ме изнервираа што го тргнаа на боби
Супернатурал (Supernatural) Ја почнав вчера. Ја гледам пред спиење. И не ја сањам. А сакам Дин да го сањам. Или пак Семи. Сменив мислење за него од кога ја видов сликава