Значи неможам да опишам колку го сакам Краули Не ми е јасно зошто Дин и Сем сеуште сакаат да го убијат, мислам добро сепак е крал на пеколот ама низ што се не поминаа заедно, колку пати им помогна.. Се знаеше дека нема да го убијат ама сепак стресови ми прават И Краули е единствениот лик што поминал 4 сезони без воопшто да умре, сигурно нема сега... За знакот од Кеин и ефектот што (ќе) го има врз Дин се зборуваше уште пред епизодава, и изгледа навистина ќе е така - Дин ќе почни да убива неконтролирано и на крај Кес ќе го спаси, слично како тогаш кога Дин го вразуми со - I need you, ама овој пат ќе биде со - I love you Океј ова второво е повеќе фантазија на Дестиел поддржувачите ама првиот дел не е воопшто невозможен Сигурно ќе има голем ефект врз него, ќе видиме како ќе испадне.. И Снуки беше супер, толку омраза доби за 5-минутна улога (и толку дали беше), сосема незаслужено..
Е ај сама ќе продолжам да си коментирам.. Новата епизода беше предобра, мислам се знае - Миша беше директор, не може да не е добра Многу ми се допадна што раскажаа повеќе за Џон и Абадон/Џоуси, а и планот на Абадон е баш интересен, ќе има голема борба сезонава.. :geek: Дин и Краули секогаш ми е задоволство да ги гледам заедно, ама онаа марката од Кеин веќе почнува да има ефекти врз Дин.. И многу ми беше мило што во епизодава покажаа дека Сем навистина се грижи за Дин, само не го кажува тоа Само нешто пак фалеше во епизодава - Кес Како не израдуваа на почеток, рекоа дека ќе биди series regular, изгледа различни дефиниции имаме за тоа Добро барем Миша го имаме цело време, вчера на фејсбук ме изнасмеа Во наредната епизода ќе го има, ама кој ќе чека 2 недели
Абе ај осет немаат овие... арно излегуваше на секоја 1 недела...сега на 2 недели или повеќе... Инаку заразен сум со серијава... 3 пати досега ја имам гледано од почеток до крај на 8ма сезона, а планирам и уште еднаш ама и 9та да ја додадам Едноставно неможам да не се смеам на глупостине од Дин... https://www.youtube.com/watch?v=Cb3G5Qj_Lo8 ... епик е батката нема што...
Ле-ле! Спојлер Неможам да ви доловам колку се израдував кога го видов Габриел.Легенда е,се изнасмеав Ама на крај испадна дека не е он Додуша не ни сфатив што се случило со него. И добро што е сега поентата со Метрон?Што ќе напише он тоа се случува? Морам да напоменам дека 100 пати поинтересно ми е да видам што ќе се случи со ангеливе и со Метатрон отколку дали ќе победи Краули или Абадон.
вака требаше да почни Од почеток до крај напната епизода, секогаш кога го гледам Метатрон очекувам нешто лошо да се случи Ама да знае Ричард Спајт Џуниор дека заради него добив единица Хемија, кога видов дека Гејб е во епизодата, се друго откажав И јас не сфатив точно што се случи со него.. - Koга ја гледав епизодата не му ги забележав очите во сценава, ама како што гледам тука мислам дека навистина е мртов И очекувавме музичка епизода кога (ако) се појави Гејб ама добро, и ова беше океј Важно си имавме Дестиел колку што сакаме Ама ова со ангеливе навистина не ми е јасно, сега што, непобедлив е Метатрон?? И крајот не ми беше јасен, дали Кес се согласи да ги води ангелите во нивната смрт за да добие место во рајот или едноставно го правеше тоа зошто Метатрон го напиша тоа?? Многу нови plot twists направија, Дин со марката од Кеин, Кес и Метатрон, Краули и Абадон, се надевам нема со се да не удрат во the feels во последната епизода Инаку што е ова бе, не сум повеќе сама omg92 - прво, добредојде во темава, колку што гледам нов си ッ И да ти одговорам на тоа со епизодите, ова беше период на паузи за многу серии па така се погодило сега, ама до последната епизода нема да има повеќе паузи, секоја недела ќе излегува нова епизода ッ
Знаев дека Трикстерот не е уствари Трикстерот ама ме потсети на толку многу ликови што умреа во серијава...сите умреа Кога почна последнава епизода мислев дека ќе биде нешто во стилот на Френч мистејк, мислам дека немаа таков стил на епизода до сега во сезонава. Малку сум збунета во кој правец одат, се си мислам на крај ќе се разделат Сем и Дин. Врати ги ангелите на небото, врати го кралов на пеколот во пеколот малку се тргнаа од она сејвинг пипл хантинг тингс, мислам епизодите со ловење демони и чудовишта. Исто така, Абадон ја нејќам ич и го сакам Краули во секоја епизода!
Со нетрпение ја чекав епизодава и сега кога ја изгледав сфатив дека џабе сум била оптимист Мислев дека ќе биде супер серија, приказната интересно звучеше ама изведбата некако не ми се допадна.. Се ми беше веќе видено, како секоја серија за вампири, врколаци и сл... А и глумењето не ми се допадна баш многу, Lucien беше добар, другите не баш Некако ми беше премногу cheesy, Дејвид и Вајолет како Едвард и Бела Ќе продолжам да ја гледам, барем 3-4 епизоди пред да се одлучам дали вреди да се гледа, можеби ќе ми се смени мислењето.. Ама отсега пониски ќе ми бидат очекувањата Претходната епизода исто не ми беше многу интересна, сакав малку од она старото - saving people, hunting things, the family business а и беше супер што се врати Џоди, ама некако ми беше премногу filler, посебно во време кога нешто толку важно се случува (Кес и Метатрон, Абадон и Краули) Нареднава изгледа ќе биди за Метатрон, или барем за Кес, ама ми фалат Краули и Абадон
I spoke too soon Ќе ги има и Кес и Краули и Абадон, а Метатрон можеби не http://www.youtube.com/watch?v=bxW2P5dhpVE
Најомилена серија дефинитивно, ја обожавам. Дин <3 Иначе да ве прашам јас денеска ја догледав 8 сезона и сакав да прашам дали некаде можам да ја гледам 9 сезона?
Конечно интересна епизода, поврзана со приказната Дин полека но сигурно се претвора во "the bad guy", дури почнаа и да кружат теории дека тој ќе биде главниот негативец во наредната сезона Не ми се верува дека тоа ќе се случи ама сепак ефектот од марката е се поголем и поголем, ми изгледа како да ќе повреди некој во финалево, или Сем или Кес.. Смртта на Абадон беше неизбежна, знаев дека ќе се случи кога-тогаш ама не очекував баш во епизодава, и кога ја уби Дин се виде дека тешко ќе може да престане.. Краули ми беше срцка како и секогаш, со син му баш беа интересни А за Кес и групата сеуште немам одредено мислење, изгледа како да го прави баш тоа што му го рече Метатрон :/ Гадриел мислам дека ќе му се придружи на Кес, или барем ќе го напушти Метатрон, како и да е ако Кес навистина планира да го победи Метатрон, a не само да го прави тоа што му го рече, има шанса да успее bubamara96 - онлајн може да ја гледаш овде http://putlockertvshows.me/ или овде http://www.primewire.ag/watch-11054-Supernatural
Спин-оф серијата е откажана http://www.screenfad.com/the-cw/cw-anno ... -ups-19832 Не можам да кажам дека ми е многу жал ама навистина не го очекував ова, барем да и дадеа шанса.. Сега криво ми е
Се надевам дека разбираме нешто погрешно во ова... Колку што знам сигурна беше 10та сезона и глупо би било да ја прекинат серијата на крај на 9та со незавршена приказна... Плус оваа сезона има поголем рејтинг од претходните 3-4 па така да можеби само грешно си разбрала
Чим пишале на Википедија дека ќе има , значи ќе има 10та сезона. А баш ќе ми биде жал ако го убијат KING OF HELL .... изминативе 4-5 сезони баш ми се допадна како лик .
Maggie мислеше на спин офф серијата Supernatural: Bloodliness која што требаше да почни да се емитува. Таа е откажана, а не Натприродно, таа ќе си има десетта сезона секако. Инаку јас ја пратам серијава одамна, иако не коментирам во темава, не сум навикната да коментирам, ама затоа редовно ве читам.
Луѓе а да прочитате прво што напишав, и што е во статијата?? Supernatural има сигурна 10 сезона, можеби повеќе, ама спин-оф серијата, Bloodlines со Дејвид, Енис и сите други ликови е откажана уште пред да почнe .. Едит: аау не видов дека Vikica веќе објаснила, ама ај нека седи мислењево
ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕе сеа ме разочараа.Баш вчера ја изгледав таа епизода и се порадував пошто некако ми беше интересна.Башка што Шон Фарис ми е љубов,а и Кол од Вампирските Дневници беше интересен во спин оф епизодата. Мене па оваа некако ми се здосади не ја гледам со ист ентузијазам ко на почетокот.И Дин и Сем и Кас ми се досадни ,а новата серија ке беше супер промена .Штета сеа скроз ми се скрши филмот.