@black-angel на фејсбук прочитав коментари дека нема епизода зошто вчера било election day, ама некои од другите серии што ги гледам (на истиот ден) си имаат епизоди.. Можеби зошто имаа прослава за 200тата епизода деновиве?
Време е повторно да се акитвирам на темева. Сезона 10 одличен старт, искрено не мислев дека ќе ми се допадне Дин како демон ама погрешив, човеков нема никаква утка во неговата улога толку перфектно доловува се искрено додека гледав морници ме лазеа.Сем како и секогаш кога му треба помош на братот спремен е да ги помине сите граници колку тоа и да го прави "чудовиште" како што го нарече Дин и се надевав дека нема само после 3 епизоди да го излечат иако верувам дека приказната не е завршена таму зошто сеуште ја има лузната од Кеин. И само мене ми беше досадна 4 епизода?? Не знам зошто ама обично кога има кам бек на ликови епизодата е одлична оваа некако ми беше мех... И да, едвај ја чекам епизодата со Чарли
Епизодава дефинитивно беше најинтересната од десета сезона, а и најсмешна. Фацките што ги направија кога го видоа мјузиклот Дин кога ја гедаше сцената помеѓу него и Сем Кога му кажаа за Дестиел И на крај Чак
Оу оу, грешно мислење имав за епизодава Навистина беше интересна, се разбира мене омилени сцени ми беа ваквите - ама за секој имаше по нешто.. Мјузиклот ми беше малку cheesy на почетокот ама после интересен стана, а и морам да признаам и некоја солза пуштив Крајот беше совршен, 5 минути останав замрзната в место а да немав видено гиф од сцената на тамблр пред да ја гледам епизодата, сигурно пола саат ќе си стоев со отворена уста Навистина предобра епизода, ретко вака да е (речиси) се добро, и се почувствува она "love letter to the fans"... btw, ако сте фанови на Миша и не сакате да си го уништите расположението, не отварајте спојлер Спојлер (x) страшно сум разочарана од Џереми, Миша заслужува МНОГУ подобро од ова!!
2 недели поминаа,а јас сум веќе на 5 сезона при крај,дефинитивно зависник станав.Првите впечатоци ми беа многу поразлични од мислењето сега. На почетокот ја мислев ептен добра,ама ништо посебно,а сега сфаќам колку сум била грешка Серијава е феноменална во секој аспект. Развивањето на ликовите,градењето на нивните карактери со тек на времето и случувањата,одлично направено. Приказните навистина веродостојни,да си мислиш дека се е вистина Посебно 4та и 5та сезона имаат супер сценарио,сето тоа за Откровението е едноставно генијално. Ми се допаѓа што после се што им се издешава,не се губи хуморот и саркастичните досетки,едно големо браво до оној што ја пишувал и правел. Омилен лик освен браќава мора да биде Кастиел,ангелски срцуш ми е,целиот така изгубен И јас сум толку зависник што почнав да ги сонувам,Дин и Сем така згодни и привлечни,па и демони и духови,абе се по ред. Дефинитивно серијава оди на врвот на листата како најдобра натприродна серија што сум ја следела,на тронот заедно со Доктор Ху Не сакам да читам спојлери за понатака,се надевам само дека браќава ќе си останат сложни и заедно,бидејќи никако не ги сакам разделени.
@bittersweet види колку сум одговорна, дури една недела подоцна си го исполнувам ветувањето Последнава епизода... стварно немам зборови... толку многу Кес, толку многу Клер, абе совршенство!! Искрено ми беше освежување, не дека не ги сакам Сем и Дин, далеку од тоа, ама веќе ме изнервираа - Миша пак series regular, пак одвај се појавува Мислам дека епизодава беше предобра за развивањето на Кес, ама секако ова најверојатно немаше да се случи ако не беше Хана Стварно душа беше, ќе ми фали :/ А Клер исто ми е супер, само се надевам нема да ја вратат во child prison (ах бе Кес ), туку ќе ја видиме или во бункерот со TFW или сама со Кестиел, односно - Dadstiel Совршена динамика имаат и се гледа дека Кес се грижи за неа.. А и барем дознавме со сигурност дека Џими е во рајот :/ Инаку приказнава со Дин станува навистина поинтересна, немало причина за паника кога дознавме дека demon!dean ќе биди само во 3 епизоди Мислам нејќам пак да е демон срцката (или можеби сакам, не ме тепајте ) ама подобро е вака кога имаат една приказна и се држат до неа цела сезона... А Краули бе, лелее Роуина (вака ќе ја викаме?? :3) e искрено badass, океј има моменти кога ми е антипатична ама тешко е да не ја сакаш - The sass is genetic!! Се надевам нема и од неа да се отарасат, со оглед на тоа што знаеме колкав е "рокот на траење" на женските во серијава Ее, кога сум веќе кај женски, ќе заборавев да ја искоментирам претходната епизода.. Значи лудило беше!! Дона и Џоди се совршени, цела епизода се газев од смеење xD Инаку се зборува (помеѓу дел од фановите, ништо официјално) за spin-off за овие две, е ако се паметни креаторите на серијава, барем еднаш ќе не послушаат :3 А наредната епизода изгледа прејако, само ќе треба да чекаме 7 недели
Стигнав до 9 сезона,јее Таман до Нова Година,додека паузираат за празниците,ќе ги изгледам. Инаку 6 и 7 сезона ми беа послаби со приказната,ама никако не ми здосади серијата.Оваа 9та е циркуси,Кастиел како човек е комедија,а пак онаа епизодата кога Дин зборуваше со животни,се пресмеав. Навистина е успех да направат толку сезони и да успеат да задржат заинтересираност,и со приказна и со одлични дијалози. И да додадам само,Краули е генијален,се надевам ќе го гледам почесто,ептен јаки изреки кажува и ненормално многу шарм има во човекот
Луѓенцаа,ве стигнаав Дали е до мене,или овој Дин станал уште позгоден од порано? Можеби дека беше демон,му влијае на сексипилот Мака ми е за Кес,некако сакав да го видам во пар со Хана,ама нејќат продуцентите да му дадат женска,није фер Мајка му на Краули е феноменална,исто како и него.Навистина,како ги нашле глумциве,совршено се надополнуваат. Следната епизода гледам ќе биде интересна,Дин пак на старите навики,ама многу е секси,премногу
Dean Winchester likes Taylor Swift,I didn't see that one coming Ми фали Краули и Кастиел,ептен се концентрираа на тој белегот,ги заборавија двајцава
Ја гледате ли уште,јас последна почнав,до последно гледам Многу завлечкаа со оној Знакот од Каин,цела сезона им отиде,ама самиот дијалог и закачки уште се на ниво. И само да кажам,Краули и Дин ја имаат најдобрата броманс,ептен си одговораат,I ship them И сакам крајно сценарио да биде пријателство меѓу нив,не да се испоубијат
Па јас си коментирав,ама престанав,незгодно ми падна. Искрено нема што да се каже,слаба сезона,ништо не се промени,освен Спојлер Дин што стана дивјак,што се појавија Франкештајн и ги уби во секунда.И Чарли си умре,ептен не фер И Краули не може да умре И то..
Ме нема и мене, ги оставив последните 3 и таа од денес, финалето сите заедно да ги изгледам, избегавам тумблр, фб, твитер, не ги гледам последните конвенции а да не правам муабет колку ми е криво што не успеав да најдам карта за конвенцијата во Мелбурн, за 10 секунди се распродадоа, немав доволно брзи прсти. Утре од кога ќе ги изгледам последниве епизоди ќе се најде ваљда некој да искоментираме, да не бидам си правела муабет сам со себе. Not ready, not ready at all.
И јас ја гледам уште, каква и да е, не се предавам последна ми е 17та, чекам да излезе и последнава и сите со ред да ги фатам
Јас спуштив една програма за гледање на серии.И сакам да ја гледам Натприродно.Дали е добра и дали да ја почнам?
Јас ти ја препорачувам,посебно ако си фан на натприродни работи,презгодни момци и саркастични досетки