Prettyliar, може да излезе и жив. Мене лично како лик ми беше чиста 10-ка. Ви текнува кога првпат го најавија во серијата? Незнам што да очекувам во 11 сезона, освен нели веќе најавеното. Меѓутоа не ми стои дека ке биде последна сезона. Од 8 или 9 сезона навака нонстоп најавуваат ова ке е последна, е не, ова ќе е последна, ми стои дека се до дека има материјал ќе си гледаме. Од едно интервју со Ерик Крипке бев читала кај што вели дека Супернатурал и нема некоја гледаност, меѓутоа ја има најверната публика веќе со години. А до премиерата на сезона 11..
Спојлер Мене финалето ми беше очекувано, повторно Сем и Дин се избраа себеси пред поголемото добро и сега ќе се борат со поголемото зло Мене не ми смета, уште една сезона јухууу Јас така набрзина всушност дојдов да кажам едно нешто, ај лав Ровина! Лав хр! И мило ми е што ќе има улога и во следната сезона, забавен карактер е Спојлер само се надевам дека Кес нема да го убие Краули оти тоа е више...више преку све
Од првата сезона? Welcome to the darkness. А добрите епизоди тек почнуваат, нема да зажалиш што си почнал да ја гледаш. И јас почнав пак од почеток да ја гледам да си го исполнам хелатусот додека почне новата сезона, да се потсетам какви биле Сем и Дин како млади момчиња.
ups мислев на Game of thrones , сум ги помешал , Инаку тука сакав да пишам друго , Taa Darkness што искочи , многу ме интересира како ќе се справат со тоа , чим требало господ и ангелите за да може да ја победат , што можат 2ца обични смртници Кој ќе чека за 11та сезона
И после 10 години сеуште се забавуваат како две годишни деца, умрев од смеење, gag reel од десетата сезона.
Ja почнав пред некое време серијата,се заразив сега сум до негде 17-18 од втора сезона Не сакам спојлери да читам ама ме интересираат некои работи.Имам читано многу позитивни коментари,дека серијата покрај тоа што има 10 сезони не е упропастена дека е супер итн,е сега дали е стварно така не знам .Па ако може некој нешто повеќе да каже во врска со тоа Ќе и дадам шанса нормално,ама сакам да знам што ме чека Баш по мој вкус е серијата,глумците се многу секси,посебно Дин,омилен ми е
Ние се дружиме на повеќето теми за серии,па еве за оваа да ти кажам дека нема да зажалиш ако ја изгледаш.И јас како тебе ја почнав и изгледав ептен брзо и не ми здосади во ниеден момент.Сега,се разбира дека има некои послаби епизоди,како и во секоја серија,но дијалозите и содржината се секогаш интересни,а харизмата на актерите е иста после 10 сезони.А рачунај од 2005 е почната со емитување Штом си на 2ра сезона,те чекаат многу повозбудливи епизоди,посебно 4 и 5 сезона,тие ми беа прејаки.Понатака може да биде помлитав плотот,ама да не се откажуваш,бидејќи сметам дека од овие натприродните серии што произлегоа последниве години,она си држи баш влијателно место и си има верна фан база. А и едноставно не може да ти здосади вакво човече,уфф маж ипол ми е
Фала ти многу @Marossa Дефинитвно ми стана една од омилените серии уште сега На некои моменти ме потсеќа на Charmed А за човеков немам коментар Ги манијачев малку по твитер и фб и ја видов сликата,прекрасна е
^ www.kat.cr Луѓе ја гледате ли новата сезона,ве нема никаде Спојлер Целиот концепт е интересен,башка ми се враќаат чувства како во првите сезони,онака пострашни непријатели.Ако нешто ме плаши,тоа се маливе деца,во 4та сезона беше Лилит,сега Амара. Многу се морничави Брзо се најде лекот за заболените луѓе,но се очекуваше што Сем беше еден од нив.А мислам дека Мајкл и Луцифер пробуваат да комуницираат со него,многу е веројатно и нив да ги вратат,колку што знам и тие се плашат. Краули од друга страна,си бара сојуз секаде,ама ептен е јак,го обожавам. Кас исто ми е срцка,ама Ровина го осакати,ја видов во промото за следната епизода,белким ќе му ја тргне клетвата. Една работа не ми е јасна,како се поврзани Амара и Дин? Заради белегот? И редно е веќе Господ да се појави,сите митски суштества ги ослободија,него уште го нема.
@Marossa jас сум сега 8ма сезона,полека но сигурно одам натаму A не можам да не сретнам некој спојлер за 11та сезона,среќа не сфаќам многу што се случува не ми откриваат ништо спојлерите