Јухууу луѓенца, јас сум тука ги изгледав првите три епизоди, ми недостигаа овие 4рицава цело време се чудев зашо не му даваат на малово да јаде, тоа по друго било гладно
Спојлер Луѓе кој кафез го гледа Сем,оној каде што се Мајкл и Луцифер? Оти ми дојде на мисла дека можеби и Господ е некаде заробен и комуницира со него. Ама јако е што Даркнес му е сестра,прејако.А Дин како ја гледаше,како маѓепсан. И Краули гревче,се приврза со девојчето,а она не го ферма 2 посто
Koнечно ја завршив 10та сезона и можам да кажам дека серијава ми е на прво место.Предобра ми е во секој поглед...Се смеам и плачам на неа во исто време.Секоја чест за режисерите што толку сезони ја одржуваат.Единствено 7ма сезона не ми се допадна нешто многу,мислам не беше досадна ама приказната со leviathans ми беше глупава.За многу ликови што умреа ептен жалам особено за Спојлер Чарли,Кевин и Смртта (не требаше да го убијат многу беше јак како појава,ептен погоден..) .Од главниве не можам да се одлучам кој ми е омилен,сите ги сакам фантастични се..Од што се опседнав со серијата ги сонувам секоја втора вечер,посебно Краули ,најинтересен ми стана во последниве сезони..Ровина исто така ми е добро освежување во серијата,акцентот врв За брзо време ќе почнам со 11та,баш ме интересира што сега со The darkness ќе се случува..
на што ги гледате ? Јас последно што гледав е тоа што Дин го спаси од смртта Сем со повикување на демон на раскрсница и го заложи животот на 1 година
Охоо тоа некаде 3,4 сезона беше ,имаш уште многу за гледање . Јас ги гледав онлајн на филмовизија,ама после почнав торенти да ги симнувам,ги имаш сите епизоди на www.kat.cr
Многу им се јаки последните епизоди,после толку сезони,сеуште не здосадува Спојлер Редно беше Господ да се појави, не очекував да е Чак,ама добро е. Многу се интересни како го гледаат,ако една работа остана иста овие 11 сезони,тоа е беспрекорниот хумор и феноменалното сценарио. Амара многу ми е антипатична,ама не знам зошто,се си мислам нејзиното заробување ќе биде тешка цена за Дин,сепак поврзани се. Исто така интересно е да се гледа како заедно работат Луцифер и Господ,не се сомневам во некоја следна епизода и Краули и Ровина можат да им се придружат
Како може некој оваа личност да ја мрази бе? Јас сега почнав 9та сезона, па така да не гледам по страниве што сте коментирале, пошто не сакам спојлери КОга ја слушам песнава ми се плаче, а можам да замислам на актериве како им е...12 год ја снимаат серијава, ко браќа се Сем и Дин буквално и во реален живот. 12 год (а може и повеќе ќе бидат) посветиле на серијава...кои емоции им ги буди песнава...
Конечно ја завршив сезоната. Стандардно добра,баш ми беше интересна. Спојлер За Чак не очекував дека ќе испадне господ а не ни очекував таков крај да има Амара.Не дека не ми беше мило За Миша можам слободно да кажам дека е огромен талент бидејќи толку добро ги симна сите потези,мимики,гестикулации ама баш се,на глумецот што го глумеше Луцифер. Немаше баш некоја разлика.И добро ми дојде така бидејќи не го обожавам Кастиел многу досаден е на моменти Конекцијата што ја имаа Дин и Амара некако ептен ми беше моќна.Е сега малку ме збуни оваа оживување на мајка им,кој знае како ли ке биде натаму со неа.Едвај чекам нова сезона и искрено секоја чест што уште одат вака после 11 сезони.Барем мене ми се сеуште добри и интересни за гледање.
Луѓе,серијава е закон.Ја ги изгледав сите 11 сезони и ја чекам сега 12,која мислам почнува на 14 октомври . Дин како карактер ми е омилен уште од првата епизода.Ми се свига тоа што во серијава има моменти кои можат да те насмеат,но и тоа што може дури да те расплачат,верувајте знам од прва рака. Крајот на 11 сезона ни остави cliffhanger.Амара ја оживеа мајката на Дин и Сем,Мери и викаат дека 12 сезона ке биде по различна некако.Сем мисли дека Дин е умрен и плус Мери ке го запознае Кас за прв пат. Се на се мислам дека нема да бидеме разочарани од новава сезона,исто како што не бевме разочарани до сега
Во четврток почнува Едвај го чекам Дин... Како си помина времето толку брзо... Што би се случувало сегааа? нестрплива сум премногу
Туку јас заборавив дека така заврши сега ти ме потсети... Господ и сестра му си заминаа, па пошто сфатија дека е битно семејството затоа им ја вратија мајка им.....Сега кога ќе размислам може нема да биде нешто посебно сезонава. Не сакам да се надевам многу и да имам големи очекувања, па да се разочарам. Битно Сем и Дин се тука...ми фалат шегите на Дин, и оној поглед на предупредување од Сем
Спојлер: 12X01 Ми фалеше акција некако во епизодата.Сцените со Дин и Мери ми беа многу емотивни...Не ми е јасно што сака девојката што го мачи Сем..Или имам заборавено зошто го киднапира или не сум разбрала..Едвај чекам да ја видам средбата на Сем и Мери,верувам дека и тоа ќе биде многу тажно..
Го киднапира пошто сака се да дознае за men of letters. И таа била наследничка, па сака да знае што има во библиотеката кај што седат Сем и Дин, и ете нели му поставуваше некои прашања додека го мачеше, ама тој не и кажува...Плус нели не беше само таа, поврзани се повеќе луѓе во киднапирањето, има многу поглавни од неа. Туку и мене не ми беше нешто посебно јака епизода. Знаев и бев подготвена на ваква епизода ама ајде да не се разочарувам. Се надевам Мери побрзо ќе ја снема од сезонава пошто досадна ми е...
Тоа го сфатив дека и таа е од men of letters ама ме збуни тоа што ептен ги гледаше и третираше како непријатели.Веројатно ќе има тука уште да се разјаснува некако многу малку беше за една епизода.
За третава можам да кажам дека беше поинтересна. Првите две... Така така... А во оваа пак како да се враќаат старите батковци
Сега во четвртокот излегува нова епизода -Подготвени сте деца? - Даа, капетане! - Не ве слушааам... Од цел форум само јас си ги сакам Сем и Дин
Никој не ја следи новата сезона? Пак Луцифер се појави и демек сега пак тој ќе биде негативниот лик? Инаку според мене малку претераа со овие рангови во пеколот... И крал имаат, и принцови, и воини и што уште не. Додуша 12та сезона е па нема веќе што да измислуваат