1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Натприродно (Supernatural)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Leeloo, 25 јуни 2011.

  1. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    @Marossa Сѐ океј, ама мене засекогаш ќе ми остане нејасно како може низ толку паралели со романтични парови (61, да бидеме прецизни :lol: што значи трипати повеќе романса од филмови како Dirty Dancing и 10 things I hate about you), може да не ја воочувате хемијата, како што велиш. :D
    Не сум од оние што велат дека уште од појавата на Кес сум знаела дека има простор за романса, туку како минуваа епизодите од четврта сезона, сфаќав дека има некоја тенденциозно посебна врска меѓу нив, па истражив понатаму и оттогаш сум целосно уверена.

    Единствено објаснување за негирањето на луѓето, ете, ми е или хетеронормативот или тоа што романсата е низ subtext. Ама второво не ми одговара баш, бидејќи никој не е толку слеп да не ги забележи барем погледите кои си ги упатуваат, а секако, пак хетеронормативноста игра улога. Автоматски се исклучува Кес како love interest на Дин. :(

    Патем, токму Крипки е еден од оние кои вели дека Дин би бил привлечен од Кес:
    [​IMG]

    Okay, I'll stop... :D
     
  2. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден кога ги изгледав сите епизоди напишав еден подолг пост за серијата во целост, но решив да почекам да излезе петтата за не спамирам пак и добро сум одлучила. :D

    Од каде ли да почнам?
    Сезонава засега ми е омилена, повеќе дури и од дванаесеттата. Многу ми се допаѓа што сѐ помалку го има preforming!Dean, т.е. површинската верзија од ликот на Дин, онаа која се среќава најмногу во првите сезони. Bad boy motherfucker што ги врти сите женски, мачомен dead inside. За жал, многу луѓе овие денови (кога излегува тринаесетта сезона), велат дека Дин бил out of character затоа што не се однесува вака. Баш напротив, сега се покажува неговиот вистински карактер, она што го крие под фасадата толку долго - ранлив човек со чувства, моментално скршен на милион парчиња.
    Иако Дин не е на добра емоционална положба овие пет епизоди, сепак е важно за неговото себеприфаќање. Мислам дека кулминацијата беше беше сега во петтата епизода, кога буквално реши дека не вреди да живее повеќе. И многу сум среќна што сега кога Кес се врати ќе се разведри. Го заслужува тоа.
    Нема да зборувам за сите Дестиел моменти во оваа епизода и во претходните, а и секако во 12-та сезона, тоа во некој следен пост. ;)

    Инаку, супер е што сезонава ќе биде повеќе фокусирана на Сем и Џек, многу е интересна неговата приказна, но секако дека прво ќе отиде dark side, па team free will ќе му го покажат вистинскиот пат. :muscle: I'm living for it.

    Следната епизода веројатно ќе биде ведра и хумористична, со Дин и Кес каубојци, и Џек, јеј... :D

    [​IMG] [​IMG]

    :D
     
    На srhsejbsk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    ФИНАЛЕТООООО ПРЕЈАКОО! НАЈДОБРАТА ЕПИЗОДА ЗА СЕЗОНАВА ДЕФИНИТИВНО.
    Jensen беше предобар во епизодава. И изглед и глума и се' :D
    Конечно Луцифер мртов. Ликот ми беше смешен и интересен ама веќе ја претера. Кога и да го вратеа истата приказна беше со него, ќе направеа договор тој ќе си земеше се' и ќе ги заебеше. Жал ми е за Џек што е разочаран, а и без неговите моќи ама така му е кога не ги слушаше Сем, Дин и Кес.

    Мајкл, опет па поново, како што беше приказната за Demon!Dean, така и со Мајкл, неколку епизоди и ќе го ослободат Дин.

    Туку, дали сите ја заборавија:
    [​IMG]
    Девојкава излезе од порталот и толку беше. Или јас имам пропуштено нешто или навистина имаат заборавено на ликов.

    How I’m gonna be until October:
    [​IMG]
    А и овој човек многу ми фали :u:
     
  4. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Oh, Chuck... Сезонава почна толку добро, но за жал на сред пат дознаа дека серијата не планира да завршува во скоро време и Даб (шоуранерот) мораше да ја развлече уште толку. Цела втора половина од сезонава беше втф, вртење во круг само (освен 13x15 и Scoobynatural) , што има логика бидејќи втората била напишана пред Даб да знае дека ќе треба да ја развлекува.

    Реално, финалето беше толку лошо, што дури смешно. Алекс (Џек) и Џеред (Сем) глумеа фантастично и ми се допадна што се вртеше околу нив двајца. Многу сум среќна што Луцифер е конечно мртов и добро е што Дин го уби, бидејќи да го убиеја некои од тие што ги мачел (Сем, Кес, Роуина) ќе немаше смисла.

    Борбата меѓу Дин и Луцифер беше најсмешното нешто што сум го видела in a while. :rofl: Зошто мораа да ја уништат тензијата со претањето во воздухот. Многу евтино, многу несериозно. Да не зборам за тој freeze-frame момент на крај и зумирањето, криииинџ. :rofl:

    Инаку, не знам колку сте слушнале, ама продукцијата разгласи дека Џенсен ќе глуми друг лик уште некаде кон 13-14 епизода ако не се лажам. И секако скоро сите што малку повеќе се инвестирани во шоуто веднаш сфатија дека тоа ќе биде Мајкл јер логика, па затоа и се уништи ,,големото изненадување" на крај.

    Исто така, длабоко сум разочарана што CW не одлучија да продолжат со Wayward Sisters (спиноф-от што ќе се темелеше на 13x10, т.е. гифот од Каја што го ставила @srhsejbsk). Е сега стварно не знам што ќе прават во врска со тоа бидејќи тоа е материјал за цела нова серија, која за жал нема да постои. :(

    Тоа е, сега ќе чекаме неколку месеци низ hiatus и ќе се надеваме дека 15 сезона ќе биде факинг последна (14 нема шанси, ќе ја промовираа како последна да беше така) бидејќи мора да се разрешат некои работи, а не да се развлекува само.

    Моите омилени епизоди од сезонава се следниве: 13x05, 13x06, 13x10, 13x12, 13x15, 13x17

    Еве highlights на 13та сезонa. We love you Dabb, you're doing amazing sweetie.

    Тажењето на Дин по Кес:
    [​IMG]
    Враќањето на Кес:
    [​IMG]
    Cowboy husbands:
    [​IMG]
    Пилотот на Wayward Sisters:
    [​IMG]
    Rowena's what's bi is bi:
    [​IMG]
    Конечното појавување на Данил (сопругата на Џенсен) во серијата:
    [​IMG]
    Враќањето на Габриел:
    [​IMG]
    Scoobynatural:
    [​IMG]
    Враќањето на Чарли:
    [​IMG]
    Стриперот од фантазиите на Дин (носи ascot како Френк од Скуби Ду :D):
    a161cbb7-32e5-4c2a-92d0-d7c9f4d86f03.gif
    Смртта на Сем (која служеше да покаже дека Дин повеќе не е reckless brother кој би се впуштил во сигурна смрт по брат му):
    [​IMG]
    Смрта на ангелот Кес (сега чекаме Кес да стане човек ^_^):
    [​IMG]
    Michael!Dean
    [​IMG]
     
    Последна измена: 19 мај 2018
    На srhsejbsk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    @Lella ах да, Wayward Sisters дефинитивно требаше да ја продолжат.

    Гледам си Destiel shipper, а и јас така малце :lol:. Сакав да го изнагушкам ангелов кога го видов ваков..[​IMG] :u::u:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    844
    Допаѓања:
    1.936
    Пол:
    Машки
    Се спрема и 14 сезона , некаде околу октомври мислам :D

    *Серијава е закон , порано ја имав гледано но само 2-3 сезони сега почнав од 4 сезона натаму бидејќи ги имам гледано предходните али ипак е доста јака
     
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.520
    Серијава ја гледам буквално повеќе од цела деценија. Не знам каков е животот без Supernatural. Реално, последниве пар сезони се неспоредливи со првите, во негативна смисла. Но, не се до толку лоши, сепак го одржуваат тој нивен класичен Супернатурал вајб. Премногу ги обожавам браќата за нешто да ми ја уништи серијава и да ме натера да престанам да ја гледам. :D Едвај чекам нова сезона, која патем започнува на 11 октомври!
     
  8. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Баш напротив. Мене новите сезони ми се многу подобри бидејќи има character development и не се врти сè околу motw. Исто така, првите сезони се полни со toxic codependency меѓу Сем и Дин. Целата поента на серијата е дека Сем и Дин треба да научат да живеат независно и самостојно, а не Дин да му изиграва вечен родител на Сем. Плус, во новите сезони се појавија ликови кои не би ги дала за ништо на светов, како Чарли, Роуина, Клер, Дона, Џек... Многу поголем квалитет се постигнува со variety од ликови отколку со шејпшифтери и spirits.

    Исто така (според мене и најважно), многу поочигледна станува soft природата на Дин. Во последниве сезони сè повеќе е прикажан како грижлив, добар, чувствителен. Затоа мислам дека најчесто луѓето кои велат дека првите сезони биле подобри мислат дека постои само една верзија од Дин: tough macho man, кој би си ги убил пријателите за колата (многу јако нема што), слуша само рок и ништо друго, носи leather jacket и секоја вечер ебава нова девојка. А неговиот лик е многу повеќе од тоа.

    Даб толку многу се труди да ги открие вистинските страни на ликовите и да ги однесе полека до ендгејм, а сепак никој не му дава кредит и сите велат дека Крипки ерата била најдобра и тогаш требало да заврши.

    П.С. Амм во првите сезони го нема Кес, хелоу, како може спн да е подобра без Кес? :D
     
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.520
    Види, за мене лично нема ништо лошо у серијава, најмногу си ја сакам. :D
    Кастиел се појави на крајот на 3-та сезона, што гледајќи на 13 веќе пуштени сезони, значи спаѓа во првите сезони на серијата. Мене лично тогаш ми стана најинтересна. Ем ги имавме оние класични Супернатурал епизоди каде што во секоја епизода беа фокусирани на пронаоѓање мистериозен случај и убивање на нешто натприродно, ем започнаа приватните заплети. Тогаш најмногу имаше ангели и демони, подеднакво јаки беа и рајот и пеколот, имаше разни архангели, 4-те јавачи на апокалипсата, итн.
    Во последно време премногу се фокусирани само на судбината на Дин, Сем и Кес, башка ги преупотребуваат некои ликови.
    НО, сепак си ги сакам најмногу. Иако ми е опадната по приказна, не ми смета, приврзана сум за нив. :D
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    844
    Допаѓања:
    1.936
    Пол:
    Машки
    Што мислите колку сезони ќе направат и ќе ја завршат?

    Btw од шо ми е интересна нејќам да заврши али мислам 14 ќе е последна од интуиција бидејќи Џенсен кажал дека ќе има само 20 епизоди во 14 сезона а во сите предходни има по 23
     
  11. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ќе има 15 од причина што ќе ја рекламираа како последна 14-та да беше стварно, за повеќе гледаност. А мислам дека нема смисла уште повеќе од 15 да се развлекува, таман се толку. :)
     
  12. kize

    kize Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2017
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    78
    Причината за намалениот број на епизоди е затоа што актерите побарале дополнителен слободен месец за да поминат повеќе време со фамилиите.
     
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Прочитав коменар пред некое време:
    -Дали ви текнува дека цела 5та сезона се вртеше околу тоа да не се сретнат Луцифер и Мајкл, пошто ако почнат да се тепаат ќе настане апокалипса? Епа ете сега се сретнаа во последната епиозда, се тепаа и што се случи? Се скрши само еден прозор.
    :rofl:

    Значи буквално едно исто се врти.
    Де Сем е заробен од Луцифер, де Дин е Мајкл, де еден умрел, де го вратиле во живите :rofl:
    Уште не се гледа крајот на серијата, ќе тераат овие до 20та сезона :?:.
     
    На Outspoken му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    844
    Допаѓања:
    1.936
    Пол:
    Машки
    И конечно излезе 14 сезона , епизода 1 баш денес ја изгледав

    Ептен е јако сеа Дин кога е опседнат од Мајкл , едвај чекам други епизоди.
     
    На Purelove92 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    It's not eye-fucking, it's eye-love making. :inlove:

    03abe8c3-327b-46d5-a3e6-05a4e4bfadf0.gif 023e581f-d0a6-4558-bba7-ef1ef8878be7.gif
     
  16. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Дестиел е официјално потврден дечки. :inlove:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.520
    Ај за тие што уште не го виделе крајот, ќе го ставам мислењето во спојлер...

    Го умреа Дин на парче шипка, бе. Па боље ќе беше еден од вампирите да го исцицаше... или whatever... Знам дека од увек е нискобуџетна серија, ама толку не можеа подобра перика да му стаат на Сем? На Тошо Малерот е боља, у пм. Ми се допадна идејата што последната епизода беше онака регулар супернатприродна како оние на самиот почеток, ама скроз го утнаа начинот како да ги пратат у рај. Требаше да си отидат со "bang", а не овака, апла безвезе...
     
    На bittersweet и kravce им се допаѓа ова.
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Енд оф ен ера. Што да се каже. Можеби многу очекував, ама сепак, последна епизода и вака да заврши? Пропаднаа во вода сите претходни сезони, епизоди, сцени каде никако не дозволуваа ова да се случи. И сега? Хах.
    Ќе ми недостасуваат момциве, и покрај тоа што последниве сезони не ми беа баш нај нај, ама толку многу години вложени...
     
    На black-angel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Крајот беше веројатно најлошото можно сценарио. :D

    Сакајќи демек full circle да направат, го фрлија низ прозор цел развој на ликовите од почетокот на серијата. За што уствари се бореа 15 години? За Дин да умре млад спасувајќи некој друг, а Сем да остаре со жена и деца. Исто ко што ќе беше на почеток ако Дин никогаш не го побара Сем за да го најдат татко им. Побесмислено амин.

    Да не збориме како ги упропастија ликовите, особено на Дин. Човекот цела серија ја помина мислејќи дека животот не му вреди ако нема некој или нешто за спасување, па серијата ни покажа дека всушност Дин сака да се пензионира и да пие коктелчиња на плажа со Сем и Кес, и конечно да поживее малку. И што се случи? Таман кога требаше да почне да живее умре од шипка. Или во превод ,,ако имаш преживеани трауми како Дин нема надеж за тебе на земјава, само во рајот ќе најдеш мир".

    Кес според секоја логика требаше да се врати и да живее со нив, бидејќи и тој заслужи да има место што ќе го нарече дом и да осети дека припаѓа некаде, нешто што беше поентата на неговиот развој како лик. А не ни доби closure со Дин, ниту пак со Сем и Џек. Никој никогаш отворено не му кажа дека го цени и сака. Ужас.

    Трета работа, на почетокот на сезонава некаде, Беки the fangirl кога го читаше крајот што го напиша Чак буквално исспелува дека крај што е центриран само на браќата е досаден и лош. Серијава го надрасна тоа, ни имаше покажано дека браќата се најсреќни до нивното семејство до нив, за во последнава епизода воопшто да не се спомне ниеден од нивните другари, и Дин да умре во рацете на Сем со некој си мелодраматичен говор успат, нешто што палеше максимум трета сезона, после стана старо и досадно.

    Па уште и кога дојде во рајот, беше пречекан од Боби, што е нерелевантен уште од пред 7-8 сезони, а не го пречекаа Џек и Кес, кои наводно го изградиле рајот. Боби беше таму само за да им се угоди на носталгичарите од Крипки ерата. Па и збореа во позитивен контекст за татко му, кој е директно заслужен за лошата ментална состојба на Дин. Кога го прашаа Дин што сака да прави во рајот он реши да ја вози колата додека не дојде Сем. |( Поинаку кажано, Дин немаше еден единствен момент во неговиот живот и надвор од него, а да не е закачен за Сем. Како Дин да немаше сопствени желби, амбиции... Жално за таков добар лик, заслужи да живее по цел поминат булшит.

    За периката на Сем не правам муабет, ниту пак за ,,Дин" моментот на панталоните на детето, да не беше смешно трагично ќе беше. Жената на Сем безименка, само матна точка во позадина, небитна нели, битно е детето што се вика Дин. Не ни знаеме дали воопшто е Ајлин бидејќи писателиве и неа ја збришаа и после се преправаа ко да не постоела никогаш. :devil:

    Ако продолжам да зборам уште повеќе ќе се изнервирам, така да тука ќе сопрам. Ама кој и да бил заслужен за калакурницава од финале, нека се засрами. Страшен непочит кон Миша и Џенсен, што посветија огромен дел од нивните животи за овие ликови, само за на крај да им дадат вакви краеви. Миша не ни беше во финалето, а е единствениот заслужен што серијава уствари не пропадна после трета сезона. :headbang: Џенсен се противел на крајот, ама му кажале дека е ,,преблиску до ликот". Не знам еве, серијава цело време целеше кон среќен крај и конечен "peace when you are done", и толку беа блиску до тоа, ама некако пак успеаја комплетно да ја упоропастат.
     
    На JollyGirl, Yipman2, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Доста тиња финале мора да признаам, не е лошо како Гаме оф троунс ама не е ни добро.

    Најдобар завршеток според мене ќе им беше да завршеа заедно со родителите, или барем со татко им како гостин во финалето да им каже добредојтовте или нешто. Ај што беше тепањето на господ тиња, ама барем финалето можеа да пуштат некој лик од прва сезона да ги поздрави или слично, барем жената на Сем да беше некоја што предходно бил некоја сезона па се смириле. Или уште подобро финале, двајцата седнуваат во кола , иде carry on wayward son песната и викаат работата не е завршена за нас, и шибаат даље... чао пријатно.

    Сеа демек крај на серијата е па наместо да имаме трчање низ цела земја и склопување договори да го врати во живот, Сем конечно ќе го пушти Дин да умре и иде во рајот.Што не го пушти минатите 20 пути кога умрел дин од нешто. Барем татко му да го сретнеше во рајот или нешо.

    Би дал 2ка, ама ќе дадам 4ка пошо барем ми даде убави спомени и ме присети на деновите кога првпат ја открив серијава во основно.:devil:
    4/10.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.