Толку беше битна жената на Сем што ја немаше ни на сликите по дома му. Невидлива некоја Не знам дали ја гледавте The long road home? Претпоследна му доаѓа, ама со интервјуа е и сцени од цела серија. Ако не сте ја гледале, пуштете ја, можеа комотно со таа да завршат.
Сепак на крај судбината ги стигна. Дин умира спасувајќи животи, Сем основа семејство и има мирен живот, Кастиел е војник на Бог. Таа е приказната и толкав е буџетот. Од прилика сите знаевме како ќе зарши, нели? Мене уште епизодава ми е како во сон. Зар стварно го изгледав финалето? Претпоставував дека вака ќе заврши (бев убедена дека Дин ќе умре, пошто во 5та сезона Сем умре), само мислев сето тоа убаво ќе биде стокмено. Мислев Дин во рајот ќе има сопствен бар, многу пиво и девојки, па така ќе кулира со најблиските, а Сем ќе остане на земјата. Цела сезона ми беше разочарувачка, ама сега жал ми е да сум разочарана за финалето. Во чест на 15 години дружба, се осеќам ко за другари да зборувам зад грб (Требаше во 5та сезона да заврши, ама ај...) Не ми беше лоша, ама не ми беше ни најдобра. Ептен избрзано и многу нешта фалеа. Ме изнервираа зошто Мери, Џон, Кастиел и Џек не ги прикажаа во рајот. На Дин не му беше гајле за родителите, туку си замина со колата која ја вози 24/7. Му го скршија ликот. Заради коронава не можеле да дојдат актерите, па затоа и Ајлин ја немаше. Мислам во изолација седат актериве и секој ден ги тестираат, па стварно чудно е зошто не дошле Периката на Сем, пантолоните на детето, небитната жена на Сем... Битно Џеред и Џенсен заради серијава станаа најдобри другари и кумашини. На сминање сопругите ги запознаа, деца им се родија...Пола живот ги толкуваат улогиве. Ептен се осеќа посебна хемија на екран. Само јас ли плачев на некои сцени? It’s ok Supernatural...You can go now!