Супернатурал (Supernatural) Добро е, барем и тоа е нешто. ДОбро ќе ми дојде пак од почеток да си ги гледам
Супернатурал (Supernatural) Mногу ја сакав серијава,но веке досадна станува,само се некако во круг се врти,на крај од сезона или Дин или Cем ке бидат изгубени во пеколот,рајот или чистилиште.A и некако 8мава сезона ми се чини со сила ја тераат,не му текнува веке што да снимаат и овај Kас бре,само исчезнува или се појавува,како не умре еднаш?! Hе знам дали да продолжам да ја гледам,не ми е веке интересна
Супернатурал (Supernatural) Неверојатна е ја имам изгледано до осма (последната ја немам почнато). Најубав микс од смешки и од акција. Кас и Дин ми се поомилени некако со текот на времето Сем падна на второ место. Ама сепак супер серија.
Супернатурал (Supernatural) Јас ја гледав до петта. Шеста ја започнав ама ми беше многу досадна и престанав. Ми го немаше шмекот како првите сезони. Хм, грешка сум, на седма застанав. Сеедно, не е тоа што беше на почетокот.
Супернатурал (Supernatural) Јас сега почнав да ја гледам серијава уште 4епизоди имам до крајот на 1ва. Ми се свиѓа и заразна е, на моменти доста страшна, прекривам очи ама некако е и предвидлива зашто знаеш дека на крајот овие двајца секако ќе се спасат И оној Дин... ептен е сладок
Супернатурал (Supernatural) Потполно се согласувам со Кравче, Дин е бонбонка И јас ја изгледав прва сезона и искрено, се мислам дали да продолжам Некако ептен ми е предвидлива, се знае секако дека ќе преживеат и двајцава, овој татко им ми лази по живци (освен што по малку ми наликува на Хавиер Бардем физички ), како тоа он дава наредби а двајцава слепо го слушаат, шознам, па може да се појавува кога му умираат пријатели а кога им треба на децата го нема никаде, за нивно добро демек...блабла...штознам, ептен проѕирно и веќе видено...добри работи во серијава освен Дин нали , музиката е фантастична и колата на слаткишот Можеби некад кога ќе бидам во дефицит на позанимливи серии ќе и се вратам повторно на оваа.
Супернатурал (Supernatural) ^За музиката ептен ги погаѓаат песните. Туку, јас едвај ја прогурав втората, сакав да се откажам, ама затоа 3та сезона во 3дена ја лапнав ептен интересни работи доаѓаат и смешни моменти има повеќе, во една епизода не прекинав да се смеам Спојлер (кога втор пат се појави трикстерот и Дин постојано умираше ) така да, ако имаш време, не се откажувај
Супернатурал (Supernatural) Насловов нема смисла. Треба да е: Натприродно. А во заградата нека си стои на англиски. On topic: Предобра серија, првите 5 сезони. Значи како дрога ги гледав епизода за епизода без престан. После ги фаќав епизода по епизода како што излегуваа, ама имав заборавано што се случувало претходната, па ги оставив да се собере цела сезона за да ја гледам раат. Малку почнуваа да ја отупуваат последните 2 сезони. Некако не ме влечеше толку да ја гледам. И со тие демони, досадија веќе. На почетокот беше добро зошто имаше од сите натприродни видови, секоја епизода нов случај, па во одела, ФБИ и претставени со 100 различни имиња. Тогаш во акција беа предобри, сеа ова со демонскиве работи досадно ми е да ги гледам. Како и да е, серијата ја ставам во ТОП 10 омилени, чисто ради жанрот, а да не зборам за Ден и Сем, подобри не можеа да ги изберат. Плакнење очи
Супернатурал (Supernatural) Стигнав до 5та ипол сезона Колку сум заразена това е невероватно. Првите две сезони нешто слабо ми фатија за око, ама од третата ептен се загреав. Малку почнаа да ме нервираат ликови, Дин мора да ги исправа грешките на Сем, а Сем се прави мутав и постојано греши. Ама ептен ми се добри како тим, секогаш едниот нешто ќе направи, другиот поглед убацување и све ти е кажано Спојлер Откако Дин се врати од пеколот малку беше досаден (разбирливо) и мислев дека ќе му исчезне таа харизма, ама 5та сезона се вратија на правиот пат. Епизодата кога се разделија, како ми се плачеше Трикстерот е најдобар, епизодите ми се ептен смешни со него. Овие двајца пак се во форма, Дин пак јаде ко да не видел овој пак го прекорува со превртување очи : Чед Еверет во улогата на Дин на стари години беше ептен добар, истите фацки, истите потези, истото движење браво за него стварно. На момент помислив да не го маскирале Дин Меѓу најдобрите епизоди секако и онаа кога Дин ќе се зарази со страв од еден дух, како сум се смеела. И секако тука иде фамозната негова ај оф д тајгр Од најтазе гледаното, покрај имитацијата на Хорацио од ЦСИ со цвикерите http://www.youtube.com/watch?v=ovGlA3s0dH4 http://www.youtube.com/watch?v=-ynCGQUSRUk
Супернатурал (Supernatural) ^двајца голи мажи на еден кревет...нат кул Пак јас иначе ама го заборавив Кастиел да го искоментирам. Љубов ми е, прекрасен лик е, на моменти смешен затоа што е баш паднат од небо (збунета фаца нон стоп), ама правилно мери и праведен е. Ептен е сладок Епизодата од иднината, без моќите, издрогиран и спремен за оргии...комедии Спојлер
Супернатурал (Supernatural) Многу убаво и интересно филмче. Почнав сега да го гледам на мтв ама ќе го гледам на некоја онлајн страна Иначе Дин и Сем се преубавии
Јас почнав да ја гледам серијава и покрај забраната на маж ми. Плашлива сум малку затоа. Ама ме завлече и морав да ја гледам. Вака на почеток е интересна, ама некако клише се епизодите, а и двајцава ми се неуверливи, ама штом уште турка верувам дека понатаму се подобрува и епизодите се позаплеткани и си продолжувам со гледање.
Од минатава недела неверојатно навлечена на серијава.Бракава се мхмхмх. Посебно ми се допага што нема љубовни тријаголници од типот на Vampire Diaries, пошто веке тие серии ми се клише и ми здосадија.Те едното исто.Ама па добро оваа е постара серија.Како и да е ептен ми е интересна за гледање.