Науката во секојдневниот живот и светот околу нас

Дискусија во 'Слободно време' започната од Munchmallow20, 28 декември 2024.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.146
    Допаѓања:
    175.019
    Пол:
    Женски
    Баш некни ова го читав за снегулките и ми е импресивно :inlove:

    Туку ме интересира ова шо спомна @Munchmallow20 за маслиновото масло, идеја немав дека е така. Мислам испаѓа дека точно го чувам, ама „на неќење“. :D
     
    На Mumoftwo30, M&M и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.788
    Допаѓања:
    22.926
    Море сте изнапишале, а јас немам појма :rofl:
    Идејата за снегулките зашто се баш шестокраки ми беше дека во кристалната решетка на водата (распоредот на молекулите) тие се токму како шестоаголник поврзани.

    За маслиновото, кога е механички цедено, без дополнителни процесирања, голем процент се незаситени масни киселини (што се нели поздрави) кои имаат двојни врски, за разлика од заситените кои се со единечни врски. Правило во хемија е дека соединенија со двојни и тројни врски (незаситени) многу полесно стапуваат во реакции со други соединенија, отколку заситените, а тоа значи и дека се поподложни на физички фактори (светлина, температура, притисок итн)
    Затоа горат на пониска температура од масло за пржење и се пакуваат во темно стакло за да се зачуваат од расипување и измена на составот што е можно повеќе.

    Медот не се расипува зашто содржината на шеќер е превисока за бактерија слободно да живее (освен некои видови во мал број) слично како што не може да живее во пресолена средина. Знаете дека порано месото го чувале преку зима без фрижидери така што ставале сол на него. Ваква "густа" средина стручно се вика хипертонична средина.
     
    Последна измена: 28 декември 2024
    На Oriental, tambelina, Lavender13 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.209
    Допаѓања:
    32.857
    Пол:
    Женски
    Супер тема за да научиме нешто плус (y)

    Наједноставно објаснување за појава на виножито е интеракцијата на светлината со капките дожд. При премин на зрак од една средина во друга (во случајов од воздух во вода) доаѓа до дисперзија - појава на спектар, се одвојуваат брановите должини и се добиваат боите од кои е составена обичната, бела светлина. Слично се случува и кога светлината минува низ призма.

    Што се однесува до формата, интересното тука е што виножитата секогаш се цели кружници. Ние гледаме само дел бидејќи се наоѓаме на земја, ако некој лета со авион може да го види убаво целото виножито. Нивната сферна форма ја "диктира" геометријата на капките која е исто така сферна, но таа зависи и од анатомијата на нашите очи, поточно осетливоста и способноста за детекција на бои. За ние да ја видиме пр. црвената светлина, мора да постои точно определен агол под кој светлината од сонцето упаѓа врз капките и расејаната светлина која доаѓа до нашите очи. Затоа некој ако се наоѓа на повисоко место ќе види различен облик од оној што е пониско. Секое виножито има уникатен изглед кој зависи од нашата положба.

    Зошто е ова вака? Мислам што се случува на атомско или молекуларно ниво што определува кои масти се пореактивни?
    Исто, што е тоа во структурата на алкохолот што прави да има пониска точка на замрзнување во споредба со водата? Дали е само до типот на хемиската врска или има и нешто друго?
     
    На Bezimenka90, M&M, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.764
    Допаѓања:
    3.466
    Пол:
    Женски
    Зошто пламенот од свеќа не дава сенка?
     
  5. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.488
    Допаѓања:
    10.510
    Пол:
    Женски
    Зошто вселената се шири и каде?
     
  6. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.949
    Пол:
    Машки
    Затоа што свети. Како можеш да видиш сенка од нешто што свети. Пламенот е тој што дава светлина, а не тој што треба да е сенка. Сенка ќе биде се зад предметите во близина.
     
    На Mumoftwo30, Malesia, f.girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    Извор на светлина нема сенка. Сенка се создава кога светлината е блокирана од објект.
     
    На Mumoftwo30, M&M, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.909
    Допаѓања:
    36.744
    Пол:
    Женски
    Ова е вистина, скоро кога летав, имаше виножито, цел круг. Јас појма немав дека всушност виножитото е цел круг :$ се превозбудив од „феноменов„ и еден куп слики направив. Да ги најдам, може и да постирам некоја.
     
    На tambelina, Mumoftwo30, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Машки
    Ако се сеќаваш органска хемија кога си учела, разлика меѓу соединенија алкани, алкени (двојна врска) и алкини (тројна врска).

    Водата е H20, Алкохолот е Етанол C2H5O (т.е. најчесто кога се кажува алкохол во секојдневна употреба се мисли на етанол, инаку алкохоли се група на органски соединенија кои содржат кислород). Различни соединенија имаат различна природа.
     
    На f.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.792
    Допаѓања:
    40.685
    Пол:
    Женски
    Колку што памтам, незаситените полесно стапуваат во реакција бидејќи јаглеродните атоми имаат слободни места за сврзување со нов атом, што значи има електрони кои се полесни достапни за да формираат нови врски и поголеми се шансите да се сврзат со друго соединение. Плус поради тоа што не се заситени, се формираат повеќе двојни или тројни врски меѓу самите јаглероди и тоа ја прави молекулата уште пореактивна за да се раскинат тие врски и да се поврзат со други атоми.
    Кај застените сите места се зафатени со единечна врска, стабилни се и треба енергија да се раскине врската, да се истисне електронот и да се формира нова врска, што е секако потешката и поспора варијанта.
     
    На Mumoftwo30, Bezimenka90, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  11. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.209
    Допаѓања:
    32.857
    Пол:
    Женски
    Додека сме на тема сенки, скоро ми излезе рил на инста каде беше поставено прашањето зошто нема сенка додека хурурзите оперираат во салите. Одговорот беше дека се користат повеќе светла за убаво да се осветли целиот пациент, односно на местата каде што би имало сенка се користат светла поставени под различен агол па така се анулира нивната појава. Јас ко видов бев ко :o , едноставно објаснување, а никогаш не сум се запрашала зошто е тоа така.

    Следејќи ја оваа аналогија, сега ми е јасно како забарите ги гледаат забите, т.е. како ги осветлуваат. Иако делумно го блокираат светлото кога се директно врз нас, верувам дека со помош на рефлексијата на светлината од огледалото можат добро да ги видат забите без да има сенка врз нив. Може и ќе потврди некој дали е точно ова :D
     
    На tambelina, Bezimenka90, M&M и 3 други им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.909
    Допаѓања:
    36.744
    Пол:
    Женски
    Еве го виножитото.

    IMG-67a54896f4e39f2074ce898dee5c7945-V.jpg
     
    На DragonFly22, Miss666, butterfly6223 и 24 други им се допаѓа ова.
  13. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    2.565
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би ми паднало на памет дека е можно вакво нешто. :o
    Дури ни во цртаниот го нема ова. :^)
     
    На Mumoftwo30, Malesia и DS10 им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.075
    Допаѓања:
    188.333
    Дали од истите причини не е добро да се пржи на маслиново масло?
    Се пржи или не, мислења поделени. И дали истото важи и за печење? Посекојдневен живот од ова-амин :D
     
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.788
    Допаѓања:
    22.926
    По правило да, не се пржи, масло што содржи голем процент на незаситени масти не треба да се изложува на високи температури, може да гори и мириса. Мада не е страшно брзо пропржување на тивко. Има маслинови за пржење, тие се различни од овие вирџин ладно цедени што се.
    Али пак, имајте си башка за пржење, ладно цедено маслиново за сирова употреба е најздраво
     
    Последна измена: 29 декември 2024
    На Mumoftwo30, theowndemon и Biljarkata им се допаѓа ова.
  16. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    3.195
    Маслиновото масло генерално има пониска точка на горење од други масла што стандардно ги користиме за готвење (пр. Рафинирано сончогледово масло), па треба да се внимава да не се загрева на многу висока температура. Мислам за екстра врџин беше околу 165, за обично околу 200 степени. Ова е генерално. А читав дека има студии што покажуваат дека и покрај пониската точка на горење сепак е постабилно од други масла при загревање до точката на горење. Така што мислам дека е многу подобра опција за готвење од повеќето масла што ни се широко достапни.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.800
    Допаѓања:
    274.694
    Ни сенфот никогаш не се расипува инаку... :)
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    4.749
    Пол:
    Машки
    Со шеќер се прави, не те гори не се мисли на температурата :) иначе ако ракијата мрзне има вода во неа и тоа не е добра ракија, доколку е како шо треба чистиот алкохол има висока температура на мрзнење.
     
    Последна измена: 30 декември 2024
    На Amellie13 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.146
    Допаѓања:
    175.019
    Пол:
    Женски
    WDYM не се расипва? Како?
    jennifer-lawrence-what-do-you-mean.gif
    Пошто сигурна сум дека ми има мувлосано. :tmi:
     
    На M&M и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.800
    Допаѓања:
    274.694
    Читав баш скоро на вики, од хемија и биохемија се разбирам околу ич проценти, гуглај :D

    Ова во хир ми аут треба да го напишам, гуглам свашта оти ете така ме интересира, после заборавам и така :D
     
    На Mumoftwo30 и theowndemon им се допаѓа ова.