Науката во секојдневниот живот и светот околу нас

Дискусија во 'Слободно време' започната од Munchmallow20, 28 декември 2024.

  1. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.146
    Допаѓања:
    4.965
    Пол:
    Машки
    Не само на ракија, на било кој загреан алкохол не можеш да се изгориш. Да, кога ќе ја чепнеш чашата прстите ќе ти изгорат, ама пиј колку сакаш на јазикот нема да му биде жешко.
     
    На Amellie13 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.162
    Допаѓања:
    175.226
    Пол:
    Женски
    :D
    Барав ама вика ако не е отворен можи и по 2-3 години да се чува, исто долго можи и отворен ради киселоста ништо не растело (јас и натаму сум сигурна дека и на сенф имам мувла видено), ама поверојатно за расипвање или "going bad" било да се оддели, исуши или да почни да има поинаков вкус.
    https://greatist.com/eat/does-mustard-go-bad#does-it-go-bad
    ^ова е рандом линк шо сумира се
     
    На M&M и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  3. SeñorPink

    SeñorPink Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2024
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Машки
    Многу преработки не се расипуваат ако правилно се чуваат, обично контејнерите каде се чуваат се расипуваат па потоа преработките.
    Еве најглупав пример, скоро се што е поткиселено индустриски, попрво ќе се распадне капачето отколку да се расипе преработката затоа што чорбата што е е најчесто со висока содржина на оцетна киселина, шеќер, сол, и истите не дозволуваат микробиолошка активност, односно осмотскиот притисок е многу висок и тоа е неповолно за микробиолошка активност. Исто е и со рН вредноста, многу ниска вредност како во раствор со оцетна киселина е многу неповолна за микроорганизмите.

    На истиот принцип работат сите нерасипливи работи. Медот, осмотски притисок, поткиселени работи, рН и осмотски притисок, компот, осмотски притисок, конзервиран зеленчук,осмотски притисок.

    Најпросто, растворот има многу висок потенцијал да влече вода во себе, па секоја клетка што паѓа внатре мора да дојде до изотонична состојба во двата дела, односно внатре во клетката и надвор од клетката, доколку испушти вода клетката истата ја губи способноста за живот. Mембраните се семи-пермеабилни за вода, ама не и за поголеми молекули како белиот шеќер односно сукроза.
     
    На Munchmallow20 и see.emily.play им се допаѓа ова.
  4. SeñorPink

    SeñorPink Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2024
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Машки
    Расипување и мувла се различни процеси, се расипува бактериски, мувлосува од фунги. Мувлата може да се развива во покисели средини. Дополнително може да се направи мувла на одреден дел кој закоравил или не е исто измешан, затоа што на крајот од денот сенфот е смеса од масло и гмечено семе синапово, не е секогаш изедначено тоа. Ама еве отворен, површината можеби оксидирала, и со тоа се зголемува многу ниската рН и тука на закоравениот дел може да се формира хифата.
     
    На FriendOfDorothy, CameliaMiller, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.810
    Допаѓања:
    274.842
    Ај вака за неуки објасни, дали се расипува или не сенфот? На отворен сенф мислам :)
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Затоа што има различна точка на вриење од водата. Секоја материја има точка на вриење и смрзнување. Водата врие на 100С° ракијата на помалку (зависи од типот на алкохолот) Изгореници на човечка кожа предизвикуваат нешта загреани над 52С°.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    3.195
    *пониска температура на мрзнење :)
    Чист етанол мрзне на минус 114 степени целзиусови, водата на нула. Жестоките пијалоци имаат околу 40% алкохол, останатото е вода и други соединенија, и мрзнат на околу -27 степени. Со намалување на процентот на алкохол се зголемува температурата на мрзнење и обратно.
     
    На Munchmallow20 и Realist1 им се допаѓа ова.
  8. -Iris-

    -Iris- Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2022
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    25
    Мене ме интересира дали сонцето стварно ќе исчезне некогаш?
     
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.202
    Допаѓања:
    57.035
    Пол:
    Женски
    Да, но нема да се случи за многу брзо, туку некаде 5+ милијарди години во иднината. Јадрото на сонцето моментално прави водородна фузија, односно спојува атоми на водород во хелиум. Тоа ја зголемува неговата маса и во иднина ќе стани понестабилно, сонцето ќе почни да се шири и ќе стани црвен џин. Не само што станува поголемо туку и посветло. Кога со фузија ќе стигни до железо нема да можи повеќе да прави фузија и ова предизвикува колапс на енергијата потребна за одржување на сончевата плазма, па сонцето на крај ќе се сруши само во себе така кажано. Нашето сонце ја нема таа масовност на ѕвезда за да предизвика супернова, па нема да е типична експлозија. Секако, кога тоа дури и малку ќе се прошири, животот на земјата тука ќе стане невозможен ради големата жештина, па животот на нашата планета ќе умре долго пред сонцето да ја "проголта". :)
     
    На Adidas888, kokodaki, North IcelanD и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.807
    Допаѓања:
    23.077
    За ефект на стаклена градина исто реков да пишам
    Загреана кола е скоро па идеален пример за стаклена градина.
    Во кола, ув зраците минуваат низ стаклото (атмосферата), се апсорбираат во површината внатре (или земјената површина), а се испуштаат како инфрацрвени зраци. Електромагнетен зрак кога ќе се судри со површина, губи енергија и преоѓа во зрак со помала енергија, во случајов ув во инфраред. Инфрацрвени зраци ради помалата енергија, имаат помала продорност и дел не излегуваат низ стаклото (атмосферата) и остануваат внатре како топлина
    Всушност, без овој ефект, земјата би била со минусни температури навечер, кога не грее сонце.
    Проблемот е кога имаме преголем број гасови составени од повеќе различни атоми кои можат да се придвижуваат во повеќе насоки, тоа значи да апсорбираат поголем дел од електромагнетниот спектар, за разлика од кислород и азот (два исти атоми) чие вибрирање е ограничено, со тоа и ограничен спектар на ЕМ зраци се апсорбираат.
    Овие што апсорбираат ЕМ зраци, всушност ги заробуваат и испуштаат назад кон земја, па има повеќе топлина од потребното.

    Инаку од првото мислење
    Солта го "топи" снегот така што кога уствари имаме некоја растворена супстанца во вода (сол), молекулите на таа супстанца се распоредуваат околу молекулите на растворувачот (водата), па така ги отежнуваат врските на молекулите меѓу водата и температурата на која снегот ќе се стопи е пониска, зашто лабави се врските со кои се држи мразот.
     
    На Lianna Anna и see.emily.play им се допаѓа ова.
  11. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    Да, ќе исчезне. Али сепак, ќе не надживее и нас и целата човечка цивилизација. :D

    Поради природниот животен циклус на ѕвездите, управуван од гравитација, енергија и нуклеарна фузија, Сонцето неизбежно ќе влезе во завршна фаза на својот животен век. Сонцето сјае затоа што во неговото јадро се случува нуклеарна фузија, процес во кој атомите на водород се спојуваат и формираат хелиум. Оваа фузија ослободува огромна количина енергија, што ја обезбедува топлината и светлината на Сонцето.

    Меѓутоа, водородот во јадрото на Сонцето (кој е ограничен ресурс) постепено се троши. Со текот на времето, трошењето на водородот предизвикува јадрото на Сонцето да се стеснува под сопствената гравитација, додека надворешните слоеви се шират и ладат. Овој процес ќе го трансформира Сонцето во ѕвезда со црвен сјај, која ќе зрачи црвена светлина.

    Во оваа фаза, јадрото ќе продолжи да се стеснува и да се загрева за да постигне рамнотежа меѓу гравитацијата, која го повлекува навнатре и притисокот од енергијата, која го турка нанадвор.

    На крајот, кога целиот водород ќе биде потрошен, Сонцето ќе ги исфрли своите надворешни слоеви, оставајќи зад себе мало, густо јадро кое нема да произведува енергија, но ќе продолжи да сјае од преостанатата топлина. За некои трилиони години, ќе се олади и ќе заврши како темна, мртва ѕвезда.

    Иначе, процесот е веќе почнат од самиот почеток на постоењето на Сонцето. (Од моментот кога започнала нуклеарната фузија). Али се одвива многу бавно. Досега е потрошена една половина количина водород. Има за уште околу 5 милијарди години. Меѓутоа, Земјата ќе биде непогодна за живот многу порано.
     
    На Munchmallow20 и Amellie13 им се допаѓа ова.
  12. SeñorPink

    SeñorPink Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2024
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Машки
    Абе ако му ја оставиш капачката отворена, ќе фати мувла а може и да се расипе, ако го затвориш можеби и не ама јас секако не си играм играчки со храна. За вакви намази повеќе од една недела не ми стојат, а тие што стојат одат јабана.
     
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.807
    Допаѓања:
    23.077
    Оти се спомна мувла, ми текна дека честа пракса кај луѓе со мувлосана храна е да ја тргнат мувлата горе и да ја јадат.
    Ама тоа што тргате горе е всушност само дел. Кога спора од мувла паѓа на храна, 'рти и пушта хифи (хифите се хоризонтални низи на клетки) во три правци - нагоре и создава ќесички со спори (спорангиуми), надоле создава "корени" и на страна, хоризонтално пушта столони за да се поврзе со други прортени спори во колонија. Тоа горе што го гледате и тргате е всушност спорангиумите и огромен број испуштени спори (прашкастото на допир се спорите). Кога ќе го тргнете тој дел, голем дел од хоризонталните и коренестите хифи остануваат. Затоа храна со мувла се фрла, особено помека, зашто во мека храна од типот ајвар, мармалад многу побрзо продираат хифите.
     
    На DragonFly22, Authentic, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.202
    Допаѓања:
    57.035
    Пол:
    Женски
    ^
    Сум читала за ова, и мааалку бело да има фатено сето го фрлам без разлика што е. Мајка ми има навика понекогаш на овошје на пример да го пресечи мувлосаното што фатило малку а другото да го јади. :D Знам дека многу прават така, ама јас нема шанси. Ќе повратам ако каснам нешто што има мувла фатено на него, до толку ми е грозно.
     
    На Munchmallow20 и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.810
    Допаѓања:
    274.842
    Ама мувлосано сиренце е превкусно :wasntme:
     
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.807
    Допаѓања:
    23.077
    Не да е грозно него и труење може да настане.
    Или па на пример афлатоксинот што нели се среќава во непроверено млеко е баш од мувла. Мувлата се фаќа на сточна храна и жито, на пченка исто и кај стоката токсинот се исфрла и преку млекото. Афлатоксин е инаку предизвикувач на рак на црн дроб.
     
    Последна измена: 3 јануари 2025
    На theowndemon и Amellie13 им се допаѓа ова.
  17. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.202
    Допаѓања:
    57.035
    Пол:
    Женски
    Не јадам ни тоа иако знам дека е друга мувла што не е фактички штетна. :lol:
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.810
    Допаѓања:
    274.842
    Ова ти е баш добро инфо, можеш да ни објасниш која мувла е океј да се јаде, која не е? Пример ете мувлосано сиренце :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.807
    Допаѓања:
    23.077
    Мувлите што се ставаат во сирење се обично од Пеницилиум родот ама пеницилиум се населува и спонтано на сирење и овошје. Е сеа ако храна мувлосала отпосле, ја би рекла ниедна не е безбедна оти не можеш од око да ги познаеш, плус условите може да диктираат како мувлата ќе се однесува.
    Така да освен само ако е под контролирани услови ставена мувлата при производство, инаку не е за јадење.
    Истото и за печурки нели:D
     
    На theowndemon, see.emily.play, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  20. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.146
    Допаѓања:
    4.965
    Пол:
    Машки
    Оти да не е за јадење? Се јаде ама еднаш.