Науката во секојдневниот живот и светот околу нас

Дискусија во 'Слободно време' започната од Munchmallow20, 28 декември 2024.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.453
    Допаѓања:
    279.524
    Јасно, повеќе мислев што е разликата меѓу безбедната и небезбедната, веројатно не знам ни да се изразам како треба :D

    Кога сме кај мувли, дали кај нас ја има црната т.е. онаа што убива луѓе?

    Леле ама прашувам, оќе е ако не ме разбереш :D
     
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.443
    Допаѓања:
    28.608
    Пол:
    Женски
    Ако мислиме на истата црна мувла, мислам дека ја има.
     
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.782
    Допаѓања:
    63.047
    Пол:
    Женски
    Зошто нашето тело кога сме настинати/болни склоно е повеќе температура да крева ноќе додека спиеме?
     
  4. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    6.213
    Пол:
    Женски
    Базалниот метаболизам кој се однесува на метаболизам додека телото мирува е низок навечер кога органите од ептен активна состојба преминуваат во состојба на одмарање. Во ваква состојба помала е потрошувачката на енергија, топлина воопшто за нивно функционирање и затоа се покачува температурата кога телото е во состојба на болест, а навечер мирува.
    Барем јас вака го толкувам ова, ако е поинаку нека објасни некоја подетално.
     
    На theowndemon и Amellie13 им се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.443
    Допаѓања:
    28.608
    Пол:
    Женски
    И пошто кортизолот има антивоспалително дејство, а е најнизок навечер.
     
    На theowndemon, DragonFly22 и Amellie13 им се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.443
    Допаѓања:
    28.608
    Пол:
    Женски
    Ај ќе објаснам нешто што апла ме вади од такт кај некои (квази) нутриционисти и инфлуенсери.
    Мислам на она кога ќе речат пиј свежи сокови или јади сирова храна за да внесеш ензими. Или наоѓам една инфлуенсерка што јаде живо месо зашто готвењето ги денатурира ензимите.:worried: Нешто читала ама не дочитала.
    Значи ензимите не се само во дигестивен систем. Секоја биохемиска реакција што се случува во телото бара ензим. Создавање меланин во кожа, зараснување на рани, делба на клетка (нешто што се случува секојдневно по стотици пати), растење на коса, создавање хормони, претворање на мастите и шеќерите до енергетски соединенија (кое НЕ се случува во црева и желудник). Метаболизмот на кофеин, теобромин, сите аминокиселини, све ова бара ензими. И така ако телото чекаше ние сите овие да ги внесеме преку храна, немаше да постоиме, како да ви кажам.
    Ензимите ги има да, во месото и растителната храна. И еве типичен пример ви е кога јадете киви или ананас и знаете устата ве пецка. Тоа е баш од ензими што разградуваат протеини (бромеланин и актинидин) што ги има во големи количини во овие овошја. Ама во желудник, во многу кисела средина, веројатно и не би делувале врз храна или само минимално. Сум чула дека се користи наводно некогаш ананасов сок при готвење месо ама пак ќе речам, и без тоа ензими си имаме и на секој од нив, структурата му е одлично прилагодена во средината во која делува. Ензимите што ги внесувате преку храна и онака ќе ги денатурирате при варење зашто едноставно - средината не им годи. Денатурација е губење на тридимензионалната форма на протеинот и со тоа му се губи функцијата и тоа се случува со секој протеин што го внесувате преку храна. Исто и ензимите.
     
    На CameliaMiller, Annath и see.emily.play им се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.443
    Допаѓања:
    28.608
    Пол:
    Женски
    Не знам што ми текна, нешто гледав видеа околу носење шлем при возење мотор. И некои што споредуваат викаат дека најдобар бил тој што не се крши, па демонстрираат еве овој шлем не се крши, не се оштетува при удар, најдобро ќе те заштити.
    И сфаќам оти непознавање наука е опасна работа.
    Ако не се скрши шлемот, черепот ќе се здроби внатре, зашто целата енергија ќе се апсорбира од него.
    Проста споредба - ќе се повредиш повеќе ако паднеш на душек или бетон? Душекот е флексибилен, ќе ја апсорбира енергијата при падот наместо телото наше што е случај при пад на бетон.
    Или трчате во патики кои се со мек и флексибилен ѓон или со тврд и груб ѓон?
     
    На theowndemon, Керолајн и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.782
    Допаѓања:
    63.047
    Пол:
    Женски
    Вака мене едно прашање ме мачи од сабајле :D
    Зошто водата од чешма во купатило е поладна отколку таа в кујна?
    Кај мене барем е така, моментално таа в кујна е за неколку степени барем потопла, и ако сакам да си пуштам вода одам в купатило. :D
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  9. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.349
    Допаѓања:
    2.135
    Пол:
    Машки
    И мене ова ме интересирало отсекогаш, еве според ChatGPT:

    upload_2025-6-27_10-6-1.png
     
    На Amellie13 и senjorita-v им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.254
    Допаѓања:
    205.025
    После долги домашни студии на тема купатило, кујна и цевки:D... моја теорија е - Ваљда затоа што повеќе/побрзо истекува во купатило, пошто од една цевка се полни казанче, вода за туш, вода за чешма. Во кујна претпоставувам е само една чешма:smirk:.
     
    На DS10, Amellie13 и senjorita-v им се допаѓа ова.
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.782
    Допаѓања:
    63.047
    Пол:
    Женски
    :rofl: ова ми има логика, гуглав ама не најдов нешто што вака го опиша. :D
     
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.782
    Допаѓања:
    63.047
    Пол:
    Женски
    Прво мислев да пишам во "Денес дознав дека" темата, но потоа ми текна на оваа и мислам е посоодветна.
    Епа дознав дека можиш да направиш урда "несакајќи". :D
    Дома имав едно млеко што го запоставив, се напив само малку од него бидејќи не ми беше убаво на вкус. Потоа ми стоеше во фрижидер и стално одложував да го искористам некако/заборавав. Епа денес видов дека веќе не мириса како што треба и сакав да го фрлам, но прво да го истурам во мијалникот за потоа да го фрлам само тетрапакот празен. Епа тука беше шокот, почна да течи чиста течност, и се чудев како се направило проѕирно млекото. :D Потоа видов дека на крај има останато бела цврста материја. Иако знам отприлика за процесот на правење урда/сирење, не ми текна во моментот што се има случено. Го барам верниот пријател Чат ГПТ, и кога му опишав што се случи, тој ми кажа дека science happened in your kitchen и ми ја објаснува целата ситуација.
    Имено, кога млекото има доволно протеини и масти, дури и купечко, ако стои доволно долго можи да се случи процес на ферментација кога целосно се издвојува течна и цврста материја (а обично кога такво млеко е расипано само е погусто и мириса лошо). Бактериите што се размножиле од стоењето се хранат со лактозата, произведуваат млечна киселина и со тоа ја намалуваат pH вредноста на млекото, правејќи го покисело. Млечните протеини, особено казеинот, обично се одбиваат едни со други. Кога pH вредноста ќе падне до одредена точка, тие го губат негативниот полнеж и се привлекуваат едни со други, згрутчувајќи се заедно во цврста урда. Преостанатата проѕирна течност е сурутка.
    Свесна сум дека ова треба да е common knowledge :D но мислев дека само со интервенција на човекот се прави урда/сирење, не знаев дека на овој начин може само по себе. Секако, ова во никој случај не значи дека е безбедно за јадење. :lol: Можело да се направи лесно дома со загревање млеко и додавање (лимонска) киселина, ако сакаш да пробаш сам, но сѐ уште не би експериментирала до толку. :D
     
    На CameliaMiller и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.443
    Допаѓања:
    28.608
    Пол:
    Женски
    Кога сме кај ферментација, пред едно 10тина + години во Австралија имаа многу тежок топлотен бран со температури над 50 степени. И пчеларите имаа проблем оти нектарот фатил да ферментира па пчелите станувале пијани и не можеле да долетаат назад или имаа мала содржина на алкохол у медот.
     
    На Amellie13 и milkyway^^ им се допаѓа ова.