1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Наука vs Религија

Дискусија во 'Религија' започната од XMaN, 25 јуни 2012.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Каде тоа Библијата вели дека Земјата е стара 6000 години?
     
  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Не сaкaв дa пoчнaм "дебaтa" зa oвa... Мислев декa oчигледнo беше сo нивoтo нa сaркaзaм и шеги вo сaмиoт пoст...
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^
    До кога планираш да им се плеткаш во дискусија со буцкања за кои подоцна не сакаш да се објаснуваш оти и дете од 10 години тоа треба да го знае, оти биологија не знаеле па сега ти немаш намера да им објаснуваш, оти не планираш Библија да цитираш итн итн. Ако имаш знаења како дискутантите на темава слободно придружи им се, ама како треба. Во спротивно само читај, како останатите.
     
    На rose60, LivingGlam, EvAngelos и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Зa смеење е aкo не знaе некoј биoлoгијa, a oд Библијaтa не цитирaм кoгa не е темaтa зa тoa. Акo некoј штo не знaе Биoлoгијa, си земa зa прaвo дa "дебaтирa" тoгaш зoштo јaс дa немaм прaвo?
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Ајде сега, не ми кажувај дека не си чул за young earth креационисти - сепак, не се толку малкубројна група. Тие „протумачиле“ од Библијата дека Земјата е стара 6000 години, исто како што и ти си „протумачил“ дека еволуцијата не е компатибилна со Библијата, а затоа и мора да е неточна. Католиците пак, „протумачиле“ дека еволуцијата си е скроз океј со пишувањата во Библијата.

    Во тоа е „убавината“ на Библијата - секој може да си ја тумачи како сака и да си извлекува заклучоци кои му одат во прилог на неговите тези.
     
    На Bozica1980 и BoneMachine им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Сеедно дали сум чул или не сум чул. Јас сум чул и за атеисти што на кафе ќе ти гледаат и ќе ти протумачат дека пред 6 години си имал швалерка што те варала.
    Јас не сум протумачил дека еволуцијата не е компактибилна со Библијата, туку сум протумачил дека таа не е компактибилна со објективната наука... ама ајде, не ја менувај сега дискусијата пак кон еволуцијата и ако не си сигурен дека во Библијата пишува дека Земјата е стара 6000 години, тогаш едноставно кажи: абе се зезазв само поима немам шо пишувам :D
     
  7. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Бате, 40% од населението на САД верува во ова - тоа се твоите браќа по христијанската вера. :D

    Теолози размислувале на овие теми, споредувале и собирале дати и настани од Библијата и дошле до некои бројки - измеѓу 5 и 10 илјади години. Сето тоа со помош на Библијата. :) Еве како е дојдено до таа бројка, иако сум сигурен дека и самиот знаеш.
    https://en.wikipedia.org/wiki/Ussher_chronology

    А што се однесува до еволуцијата, се прашувам зошто католиците ја прифатиле како точна?
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Абе ако сакаат и 90% нека веруваат, битно е дека таква работа нема во Библијата. Тие нивни пресметки доаѓаат од буквалното толкување на деновите на создавањето како 24 часовни дена (уште пред Сонцето да постои - 24 часовни дена :D ). Сепак еврејскиот збор „јом“ што е употребен таму за зборот ДЕН на многу други места во Библијата означува долги периоди. Пример во Библијата се спомнува „Денот на жетвата“ - а со сигурност знаеме дека евреите не ја вршеле жетвата во буквално еден ден и јасно е дека станува збор за подолг период.

    Најдобро да ги прашаш католиците зошто ја прифатиле како точна, пошо мене уште не ми е сфатливо како може црква да завзема страна на научна дебата. Едноставно не и е тоа работата. И во мојата локална црква имаме 4ца доктори по наука, од кои 3ца не ја веруваат еволуцијата (професори по хемија), а 1 ја верува. Па сепак како црква не сме завземале доктринален став по ова прашање. Немало потреба од тоа.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    И ја се слагам дека религијата не треба да се меша во научни прашања - мислам дека у темата Библија имав ставено цитат од еден папа од минатиот век за тоа.

    А што се однесува до еволуцијата, мене не ми делува толку далечно од она напишано во Библијата - и во Библијата живиот свет настанува од неживата природа, а и еволуцијата сугерира такво нешто. Разликата е само во тоа дали Бог имал вмешано прсти или не. :)
     
  10. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    @EvAngelos , мислам дека ова ќе те интересира. Професор по физика - верник, ќе зборува на тема наука-вера, поточно темата е: "Дали науката може да овјасни се".
    Предавањето е денес во 19ч во МКЦ во Скопје, еве фб ивент:
    https://www.facebook.com/events/608589035957648/
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Фала на инфо, знам за ова. Мои пријатели го организираат. Многу добри предавачи носат. Лани го донесоа и Д-р Џон Ленокс, еден од професорите што дебатираа јавно и му одржаа лекции на атеистот Ричард Докинс.
     
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Денес дознав дека е родено за прв пат во светот, дете создадено од тројца биолошки родители, дознав т.с.прочитав за контроверзниот експеримент во кој група научници создале ембрион кој е пола човек а пола е од животно, изгуглав исто така дека научниците наголемо работат за лекување на пореметувањето наречено стареење....Ме интересира до кога научниците ќе си играат Бог!? Каде е религијата тука и светите лица, нели се бунат против вакви експерименти и новородени деца со тројца родители?
     
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Се работи за генетски инжинеринг, во кој што се разбира дека има многу етички дилеми. Во овој случај детето практично има гени од двајца биолошки родители. Втората мајка е само донор на митохондриска ДНК која е иста кај сите луѓе (и е доказ дека сите луѓе поттекнуваме од една иста жена ;) ).

    Не сум чул за ова и не верувам дека е можно.

    Протестантските пастори и организации во светот го креваат гласот против вакви и слични работи завземајќи цврст став, излегувајќи на медиуми, а понекогаш и организираат протести. Исто и Католичката црква знае да застане со одреден став по некое вакво прашање. Кај нас е друга прича, да не зборам ќе се најдат некои навредени.

    Генерално кажано, верата и дава морални водилки на науката и од неа се очекува да ја корегира кога таа ќе залута во погрешен правец. Дури и од еден научник-атеист, иако не верува во Бог, се очекува да има верба во доброто, во хуманоста, да се грижи за природната средина и ресурси, да мисли и за следните генерации. Алберт Ајнташј на оваа тема има кажано вака:

    „Науката без вера е осакатена, а верата без наука е слепа.“ (Алберт Ајштајн)
     
    На rose60 и baba Rada им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Оваа недела се доделуваат Нобеловите награди за 2016 година. До сега се избрани овогодишните нобеловци по физика , хемија, медицина, a во исчекување се нобеловците за мир и литература.
    Хемичариве направија молекуларна машина која е 1000 пати потенка од влакно. Секоја чест!

    Во оваа насока интересно за форумов Религија е да се спомне религиозната статистика на Нобеловците во периодот од 1901 - 2000 година (барем јас тој податок го имам од книгата „100 years of Nobel Prizes“ од Baruch A. Shalev.)

    Добитници на Нобелова награда 1901-2000 (според тоа како они се изјасниле):
    • 30.9% - протестанти
    • 22% - евреи
    • 20.3% - христијани без наведена деноминација (мнозинството од нив се протестанти кои се нарекуваат само „христијани“)
    • 11.6% - католици
    • 7% - атеисти и агностици
    • 3.2% - слободни мислители (Freethinkers)
    • 1.8% - будисти, хиндуисти и шинтоисти
    • 1.6% - православни
    • 0.8% - муслимани
    • 0.5% - нео-пагани
     
    На kikikikirika, Херкул, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Што сакаш да кажеш со сликава? Дека христијаните од 1913 го денес само се молеле, а атеистите ја развивале науката? :) Ајде да видиме дали е така и тоа баш според сликава што ја залепи овде...

    1. На првата слика тоа е Марија Кири. Таа била агностик. Ок, тоа е поблиску до атеист, отколку христијанин.

    2. На втората слика ако добро гледам тоа е првиот компјутер. За „таткото на компјутерите“ се смета Чарлс Бебиџ (еве доказ) - кој не бил атеисти, туку посветен христијанин-протестант (еве доказ).

    3. На третата слика се првите луѓе на Месечината. Конструкторот на ракетата Сатурн 5, која ги однесе космунаутите на Месечината е Вернер Фон Браун кој не бил атеист, туку посветен христијанин-протестант. (еве доказ).
      Законите на гравитацијата се постулирани од:
      - Исак Њутн (3те Њутнови закони) - христијанин, а не атеист.
      - Јоханес Кеплер (3те Кеплерови закони за движење на планетите) - христијанин, а не атеист.
      Без Њутновите и Кеплеровите закони не можело реално ни да се сонува за слетување на Месечината

    4. На четвртата слика тоа е реакторот во CERN. Во CERN работат и атеисти и христијани и верници од други вери. На пример лани ова време во Благоевград (Бугарија) имав прилика да го запознаам во живо д-р Мајкл Страус (Dr. Michael Strauss) професор по физика на универзитетот во Оклахома, кој води неколку истражувања во CERN и исто така е посветен христијанин-протестант, а не атеист. Всушност му бев на предавање на тема: „God, Particles, and the Cosmos: How new Discovers from Science Provide evidence for God“. Ептен атеистичка тема а? :)
     
    На Херкул и baba Rada им се допаѓа ова.
  17. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Машки
    @EvAngelos дaли мислиш декa Кеплер и Њутн у нивнoтo време би им дaвaле усб нa студентите би ги викaле нa сoстaнoци и тaкa би ги убедувaле у пoстoењетo нa гoспo ? :rofl:
    А студентиве демек требaлo дa се oсетaт блaгoдaрни и дa пoчнaт дa идaт нa групни читaњa библијa у нaдеж декa рaди тoa би стaнaле Кеплер:inlove::inlove:
    Зa мене еднo усб немa ли?

    Ќе нaучaм нa пaмет кoи oд Нoбелoвците биле пoсветени прoтестaнти:x
     
    На Читател и Deemy им се допаѓа ова.
  18. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    На видеово може да видите докази со слики и снимки за настаните од времето на Мојсеј.

    Човеков што зборува има дипломирано геологија во Србија и медицина во Америка, докторирал филозофија со пофалба (cum laude) на тема поврзаност на наука и религија. И од речиси сите негови изгледани видеа не може, а да не се примети дека е одличен историчар. Неколку негови видеа имав слушано пред некоја година кога ја немав прочитано Библијата, тогаш ме воодушеви иако не го рабрирав баш се, и еве денес кога ја читам Библијата уште повеќе ме фасцинира со неговото знаење. На ју туб има полно видеа од него зборубајќи за разни теми.
     
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Го разгледав видеово набрзинка и можам само да кажам - ако религијата се докажува со ваква „наука“, тогаш, тешко и на религијата и на науката. :)

    Секоја му чест на д-р Мирољуб на бројните титули (иако во видеово е претставен само како геолог), ама сепак, тие не се соодветни за тематиката за која разговара, која е во доменот на археологијата.

    Сепак, човек не мора да биде археолог, за да знае дека Егзодусот на Евреите од Египет е целосно недокажан, т.е. е докажано дека никогаш не се ни случил. Во прилог на тоа има огромен број на факти - недостаток на било какви археолошки наоди за присуство на Израелитите на таа територија во тоа време (не во толкава голема бројка), за нивното талкање низ Синајската пустина, ниту пак записи во архивите на Древниот Египет (кои се инаку доста детални) - ни за чумите кои ги „снашле“, ни за егзодусот на Евреите, ниту за разделувањето на Црвеното Море.

    Ако зборот „Натприродно“ во насловов на видеово значи „Измислено“, во тој случај, скроз се согласувам.

    Но, видов дека човеков има и видео у кое збори дека диносаурусите и луѓето живееле у исто време, па не знам стварно што повеќе да очекувам да „научам“ од него. :D

    @A-j-a, искрено се надевам дека со научни информации и податоци не се здобиваш преку видеата на докторов или некои слични.

    Проблемот со Мирољуб и сите други кои се трудат да ја докажат Библијата со наука е што Библијата ја земаат како апсолутно вистинита теорија за настанокот и минатото на светот, и фактите и доказите од физичкиот свет се трудат да ги вклопат со она што е кажано во неа.

    Вистинска теорија треба да е во согласност во фактите и доказите, а не обратно - тие да и се „прилагодуваат“ на неа. :)
     
    На Ariastri, Gosh и Lella им се допаѓа ова.
  20. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    ^ Лично за мене, немам потреба да барам докази, дали Бог постои. Јас знам дека постои, Бог се откри во мојот живот. А тоа дека Мирољуб има супер познавања од Библијата и функционирањето на Божјите закони, има. За мене Бог е моја вистина, прво од мое искуство, второ од целокупната најпозитивна промена на животот на моја пријателка кога го спозна Бог. Тука не мислам на лаичко "јас верувам", има огромна разлика од човек кој го спознал Бог и живее според Неговите заповеди и човек кој вика дека верува, можеби и го спознал, а покасно на пр. иде да се дрвоса од пиење. Нормално дека кај таков човек нема да го спознаеш Бог во неговиот живот и нема да има позитивна промена, односно да ги има плодовите кои Бог ти ги дава.

    Те разбирам дека можеби неможеш да ме сватиш и не ја разбираш големата вера и љубов кон Бога на нас верниците.Она што ти го гледаш како проблем што се зима Библијата како апсолутна вистина е зашто тој некој го спознал Бог и увидел со своето искуство дека сите тие работи испишани во тие илјада и кусур страни не се туку така, колку нешто да се напише.
     
    На theowndemon, Rama и Sky-butterfly им се допаѓа ова.