Наука vs Религија

Дискусија во 'Религија' започната од XMaN, 25 јуни 2012.

  1. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Гордана, извини што сум вака подиректна, ама навистина не мислам дека си компетентна да го критикуваш Ниче доколку не си прочитала барем една од неговите книги. Тој е еден од најголемите филозофи воопшто во историјата на постоењето на цивилизација на Земјата, и мислам дека не е доволно од тие неколку реда што ги напишав јас да заклучиш дали цела негова филозофија (со која ниту јас самата не сум во целост запознаена бидејќи е доста обемна) држи вода или не.
    Филозофијата главно се состои во барање на вистината. Филозофите се критикуваат и меѓусебно, некои се согласуваат со одредени ставови, некои не, но штом заслужиле да бидат вметнати во учебници и изучувани од цел свет значи нивните размислувања и идеи се (особено) вистинити, што значи дека се целосни, доследни и збиени и цврсти или поинаку кажано не содржат противречни тврдења и не можат лесно да се негираат.
    За другото не сакам да коментирам. Очигледно сме дошле до различни сознанија преку различни извори и не сакам да дигам тензија. Остани си на своето, јас на моето и тоа е тоа. :)
     
    На black-angel и E...V...I...L им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Знам што значи филозофијата затоа и го критикувам Ниче, а впрочем и сите останати филозофи кои наводно се некаде запишани ко атеисти.Не го негирам тоа што со својот начин на размислување заслужиле некакво место, за да бидат споменати во книги.Лесно е да се негираат, дали нивната теза држи вода или не, ако добро се знае разликата меѓу физикото и духовното, што е и впрочем темава.Не коментирам некаде, ако незнам.Не дигам тензија, само разговарам.Добро е да се разговара каде има различни мислења.
    Убаво е тоа што направиле, достигнале, но тоа незначи дека секогаш од некого ќе бидат пофалени и некритикувани.Како што е кажано и претходно, во иднина може ќе има и попаметни од нив, ко ќе го кажат токму спротивното и нема да се наречат наводни атеисти.
     
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    4.205
    Тоа не го кажал Ниче туку лудакот, ликот од книгата на Ниче: „Веселата наука„ кн.3
    Оваа често (не-до-)цитирана изјава е всушност извадена од контекст и сосема погрешно разбрана и од тогашните а и од современите луѓе. Ајде да го погледнеме целиот пасус од книгата:

    Само што тоа не се христијански вредности туку лажни вредности (празни фрази, ритуали, догми и црковна власт во спрега со државата) кои ги наметнала црковната институција а во име на Христа. Имено таа со векови обичниот народ го подучувала дека треба да си ги поднесува маките и сиромаштијата и тоа на таков начин како што го пропишува црквата, па после ќе може да оди во рајот. Тоа е она што се распаѓа, тоа е оној Бог кој умира а не вистинскиот Бог, бидејќи преку Исуса од Назарет Бог луѓето ги подучувал нешто сосема друго - дека Небесното Царство е додуша најважно, но дека тоа треба да дојде и на Земјата преку луѓето а не постојано и бесконечно да се очекува таму некаде далеку и утре, задутре. Инаку Ниче ја критикувал и науката како нешто што нуди само привремена вистина(денес некоја теорија е популарна и општоприфатена, а утре веќе не важи и тн.).

    Патем уште еден научник кој ми текнува а кој верувал во постоењето на Бога, е Никола Тесла кој рекол дека дарот на менталната сила доаѓа од Бога.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Премногу нови мислења па наместо да цитирам повеќе ќе кажам едно општо мислење по тоа што досега го прочитав.

    Образовниот систем сметам е лошо конципиран, не ги зема во предвид психичките можности на детето и го оптеретува неговиот мозок со апсолутно бесполезни информации кои само зафаќаат место а не нудат ништо корисно. Наместо да создаваме креативни деца ние добиваме роботи кои се навикнуваат да учат на памет и да препишат за да добијат повисока оценка, со други зборови создаваме идиоти кои не мислат. Знам дека звучи прегрубо и дека има деца кои и покрај тоа успеваат да излезат од калапот но за најголемиот просек школото е чисто губење време и енергија.

    Колку од учениците навистина го памтат материјалот од основното училиште, а колку во моментот кога ќе ја добијат оценката моментално сѐ забораваат? Јас не знам дали воопшто нешто памтам од основно а имам многу добра меморија, ми се мати нешто за рудниците во Африка, стресот од тестовите по математика и единицата по хемија ама не памтам ниту една единствена лекција. Што е тогаш користа од школувањето, сум можел исто така да седам дома и да читам книги и повеќе ќе сум научел. Дали е кај сите исто не знам ама мислам дека голем дел имаат слични искуства.

    Со нагласеното логичко резонирање и полнење на мозокот со информации добиени без размислување и со папагалско повторување комплетно се убива интуицијата и креативноста кај децата и кога ќе стигнат до 18-ата година наместо да ги имаат до максимум развиено духовните и психички потенцијали тие им се веќе неповратно загубени а најголем дел нема ни да памтат дека како деца имале потенцијал за нешто повеќе. Интуицијата односно таканареченото шесто сетило кога би се поттикнало низ вежби би довело до огромна полза во животот ама преку погрешен начин на едукација веќе до 15-тата година кај повеќето деца е во замрена или супресирана состојба.

    Дете треба да игра и низ играта да му се предава знаењето неосетно и низ забава, така нема ни да осети напор а ќе развие креативност и интуиција.

    HardSex спомна за можност за раст на екстремитетите. Иако звучи како научна фантастике од секогаш сум мислел дека е тоа можно но дека имаме во телото бариери кои не спречуваат да ги користиме обновувачките енергии кои секако ги имаме како потенцијал.

    Во едно научно списание пред извесно време прочитав една многу интересна статија за еден српски научник кој во Германија вршел баш такви експерименти за растење на нова коска на веќе исечени екстремитети на лабораториски глувчиња (жално за животинките :| ). Со електрична стимулација започнало созадање на ново коскено ткиво. Но според научникот (лекар) кога дошле првите позитивни резултати институтот каде работел му ги прекинал финансиите за понатамошните истражувања и му е сугерирано да ги прекине сите експерименти во таа област.

    Погоре се спомна за Бог и создавањето на земјата и човекот.

    Мислам дека создавањето на хомо сапиенсот е сосема невообичаено и не можа да се објасни со обичен еволутивен пат од човеколики мајмуни, не влегува никаде, се појавува од никаде а толку бараниот missing link никаде го нема и нема да го има затоа што не постои.

    Имаме премногу необјасниви способности кои ни се сеуште во латентна состојба. Вртечките енергетски центри (чакрите) се нешто фасцинантно за секој што успеал да ги активира но сите други не ни знаат дека ги имаат и зашто служат. Кој ги направил и зашто воопшто ги имаме а не ги користиме во полниот потенцијал никој не дава одговор.

    Две работи се наметнуваат како дилема. Дали универзалната енергија има интелект и воља да делува независно од нашите желби или е неутрална и достапна за секого и дали хомо сапиенсот е создаден од суштества кои веќе биле слични на нас односно од крв и месо?

    За создавањето на универзумот и живиот свет на сите планети во космосот немам став и мислење и не знам ни како се создадени ни кој ги создал а и не верувам дека некој знае, сите досегашни мислења се базираат на чиста верба и се само претпоставки.
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Чакрите или енергетските центри, се само одредени точки поставени на нервниот ситем кај човекот.Доколку истите се активираат по пат на медитација, се зголемува свеста кај човекот за духовното, всушност енергетскиот дел од него, повеќе обрнува внимание на тоа, отколку на материјалното.Познавам луѓе кои работат со чакри и успеале да ги активираат.Секоја од чакрите е поставена за точно одреден дел од организмот на човекот, чија нивна цел е доколку истите се активираат, да ја спречат донекаде болеста ( која всушност е недостаток на енергија во одреден дел од организмот), за здравје доста помагаат.Со нивна помош, се зголемува интуицијата или шестото сетило кај човекот, кое нели е наречено трето око, а е всушност чакра, која се наоѓа помеѓу очите кај човекот.Поставени точно на места - едната што ја напоменав е епифиза, потоа хипофиза, третата сместена позади вратот во паралела со клучната коска итн.Да не набројувам, оти темата не е за чакрите.Енергија се нашите мисли,чувства па оттаму и коинценденцијата, интелектот итн.Дали делува независно од нашите желби, донекаде, според мене делува, а истовремено достапна за секого.Но сепак има нешто од кое ние зависиме, со оглед на тоа дека воопшто во животов има работи за кои ние немаме целосна контрола.Инаку за се што зборуваме е само на база на претпоставки, на нешто што сме прочитале, па сме оформиле мислење.А останува и она во кое веруваме, па според тоа сметаме дека е вистинито.Дали некогаш ќе се открие како настанал универузумот и човештвото, за тоа некако сум скептик.Бидејки сите работи се вртат во круг.Еве научнициве направија што направија со експериментот, но дали е така и тоа е прашање.Освен ако не се пронајдат некакви записи од најстаро време кои ќе одговорат на прашањава.Иако можеби и луѓето во минатото и не се замарале околу ова, па за да се пронајде нешто, кое ќе е релевантно и доста убедливо за да се негираат одредени нешта.Па затоа прашањава ќе останат енигма, колку и да се одгатнуваат.
     
  6. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Во најголем дел се слагам но прашањето е зашто се чакрите зарворени кај скоро цела популација и треба екстра тренинг да се отворат? Зашто не се раѓаме сите со отворени чакри и веќе знаење како и зашто служат?

    Вака излегува дека некој намерно ги блокирал и прашањето е како и со која цел?
     
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    4.205
    За ова има одговор во неколку објави примеи од божествениот свет. Една од нив е „Спознај и лечи се со силата на Духот„ (во изд.на Универзален Живот) таму по смисла беше објаснето дека:

    [​IMG]

    Чакрите или центрите на свест како што ги нарекува Божјиот Дух во денешното време, ние самите си ги реметиме преку погрешно мислење(бидејќи и мислите се енергија), говорење и постапување. Не е потребен некаков специјален тренинг да се отворат. Потребно е едноставно живеење според божествените законитости кои ги наоѓаме во Исусовата Беседа на Гората и Десетте заповеди - звучи едноставно но едноставното е и најгенијалното. Животот во склад со божјите закони е нашата природна состојба и тогаш силите на Духот можат засилено да нè прострујат што пак доведува до законито ротирање на центрите на свест. Наспроти тоа разновидните ментални техники кои ги подучуваат разни „учители„ можат да бидат изразито опасни, при што последиците не мора да настапат веднаш туку подоцна.
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски

    Најверојатно како што кажа и претходниот член, поради блокада не човековиот ум, значи мисли, но тука не се самите мисли, стресот, нервозата итн.Не дека некој ги блокирал, бидејки како што човек се развива, нели човек се повеќе размислува, плус тоа што му се случуваат секакви настани кои дополнително го погодуваат од психички аспект, со тоа дополнително се случува таа блокада.Пример, децата се мили, интересни, добри, бидејки кај нив се уште мозокот не им е блокиран, додека повозрасните поради многу проблеми во животот им се блокира мозокот, затоа и се нервозни, доживуваат стресови, затоа е и целта на чакрите, медитацијата е одблокирање, намалување на стресот кој е причината за појава на болести, тоа и докторите го велат, потоа на смирен начин прифаќање на сите нешта во животот итн.Но зошто е тоа откриено во понов период, незнам, а можеби и било од порано откриено ова.
    Еве кога би зборувала, глобално, зошто е тоа што се случува во светот, поради што се вели и дека е причина дека Бог не постои.Има околу 7 чакри, четвртата се наоѓа во пределот на срцето, позади на грбот, од таа чакра нагоре е позитивна енергија, од неа надоле е негативна.Во однос на работа со чакри, не се работи со чакра 1, бидејки во неа лежи целата негативна енергија ( тенденција кон материјално итн.) всушност се она по што цел свет сега тежнее.Додека веќе ако се активираат премногу чакрите над 4 -та, веќе се појавува оној стремеж кон духовното.Значи има и такви објаснувања околу целава тема.Но ова мора да се работи со инструктор, никако на своја рака да се презема некаква работа со истите.
    Во контекст на Библијата, целата филозофија која Исус ја рекол, да се прави некому добро е всушност само насока или учење за луѓето да прават добро, на добар начин да го живеат животот.Токму затоа постојат заповедите итн.Во врска со рајот и пеколот, мора да спомнам бидејки е во контекст на темава,
    се знае каков може да биде рајот ( доброто), пеколот (лошото), а во сооднос на тоа може да се направи една споредба со она што човештвото го прави ( убиства, војни, создавање болести итн.), а мал е бројот на луѓе кои правеле добро. Уште нешто што е сосем доволно за разјаснување на тие работи во Библијата, па дали треба да се верува дека е така или не.Затоа имам речено дека Библијата го покажува она што се случува/ло во секојдневието на човештвото.Не е ништо измислено во неа, само тие работи кажани на алегоричен начин, како поблиска верзија за човекот истата да ја разбере.Додека, науката само го поткрепува истото со докази, но и не да го докаже токму спортивното што го вели Библијата дека Господ седнал и за неколку дена го создал светот.Сепак со оглед на тоа дека библијата е напишана во време кога сето ова што ние денес го знаеме, што денес науката го дознава, тогаш го немало и морала да биде напишана на начин кој ќе им биде близок на луѓето за истата да ја разберат.Затоа и тогаш многумина го негирале Исус како Бог, затоа и му се случило тоа што го распнале.Не дека немало воопшто други религиски книги, но според мене мислам дека повистинита е Библијата, зошто кажав малку погоре, за секојдневието на луѓето.
     
  9. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Самата тема односно наслов ме поттикна да напишам АКО ДЛАБОКО ВО СЕБЕ ВЕРУВАШ НЕ ТРЕБА НАУКА ДА ТИ ГО ДОКАЖЕ ТОА !
     
  10. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Сосема за друго правевме муабет, не е ова религиска тема :)
     
  11. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.027
    Допаѓања:
    4.528
    Пол:
    Женски
    Налетав на едни текстови кои ја поврзуваат науката со религијата. Се мислев дали се за во темата БИБЛИЈА ама мислам дека местото им е тука.

    НАУЧНИ И АРХЕОЛОШКИ ДОКАЗИ ЗА БИБЛИЈАТА. И КАМЕЊАТА ЌЕ ПРОГОВОРАТ - 3 дел



    ЧУДОТО НА НЕЈЗИНАТА ТОЧНОСТ
    Со векови и епохи човекот стори сè можно за да ја уништи и негира Библијата, тврдејќи дека докажал дека е невистинита. Но сите тие тврдења и обиди да се демантира нејзината вистинитост и точност до сега завршија со тотален неуспех. Непријателите на Библијата во ниедна прилика не можеа да докажат ниту за еден единствен дел дека е погрешно напишан, односно дека е невистинит.

    СВЕДОШТВОТО НА ГЕОЛОГИЈАТА
    Ако библиските тврдења се вистински и веродостојни тогаш
    би морале да се во перфектна хармонија со артефактите ископани од археологот. Треба да сме свесни дека не постои конфликт меѓу науката и Библијата, иако непријателите на Библијата се обидуваат со своите демагогии да ја поништат нејзината вечна вистина. Библијата нема потреба да потврди датум или период на создавањето на универзумот. Тоа се случи „на почетокот“ и само Бог знае кога и како. Многу од најпознатите геолози го потврдија учењето на Библијата, запишано во Битие во врска со создавањето на универзумот,
    бидејќи знаат дека помеѓу моментот на создавањето што се опишува во првиот стих и опишаното во вториот стих изминале многу милиони години, кои му дадоа време за да се случат сите промени на земјината структура.
    Некои значајни и признати научници ја прифаќаа оваа тео-
    рија како и некои проповедници, евангелисти и библиски професори. Треба да бидеме свесни дека само тоа што е опишано во Библијата во врска со создавањето е единствено веродостојно и вистинско за секој човек кој логично размислува читајќи го Божјиот Збор. Но да видиме дека има и други разни верзии како на пример: вавилонска, индиска и други. Еве еден доста илустративен апсурден пример на
    индиската теорија и тврдење во врска со универзумот:
    „Пред многу милиони години светот започна да постои. Се
    создаде една триаголна површина со долини и планини, и со големи количини на вода. Се состоеше од мноштво катови и сето тоа се потпираше и стоеше врз главите на слоновите, чија опашка беше свиткана а нивните нозе беа потпрени на грбот од една гигантска желка, а желката преку спиралата на една голема змија. Кога слоновите се нишаа или мрдаа земјата се тресеше“. Смешно, нели? Вакви и слични теории има повеќе, кои без сомнеж предизвикуваат недоверба и смеење. Но, читајќи ги првите редови од Битие, каде Мојсеј е инспириран од Божјата вистина пишува како на почетокот беше сè во совршена состојба, но потоа настана една голема катастрофа. Тука, археологот ни го дава сведоштвото за библиските вистини. Сите земјини места се евидентни докази за промените на земјината површина. „Ете, Господ ја запустува земјата, ја разурнува, и го обезобразува лицето, ги распрснува нејзините жители.“ – Исаија 24:1. „Да, вака зборува Господ, Творецот на небесата - Тој е Бог - Кој ја вообличи и ја создаде земјата, Кој ја зацврсти и не ја создаде
    пуста, туку ја вообличи за живеење: „Јас Сум Господ и нема друг.“ – Исаија 45:18.
    „Ја гледам земјата: пуста е, еве, и празна, небесата: свет-
    лината им исчезна.“ – Еремија 4:23. Па сепак не можеме точно да знаеме што била причината за таа катастрофа. Можеме само да претпоставиме дека деструкторот на овој свет на кого му е името Сатана, ја превзеде во еден момент власта, баш кога човекот се одвои од Божјите заповеди и ја искори-
    сти приликата да завладее со злото користејќи ја неприсутноста на Бог во човекот. После првиот стих од првата глава во Битие, само во два на- врати читаме дека Бог создал нешто. Тука Бог ни зборува за создавањето на животните (Битие 21) и на човекот (Битие 27). Во ниеден друг цитат во Библијата...??? Геологијата ја потврдува библиската вистина во врска со креацијата на човекот. Познато ни е дека во многу училишта денес уште постои теоријата дека потеклото на човекот е од инфериорните животни. Ваквата теорија освен што не е докажана во еден целосен научен
    поглед, туку претставува и голема опасност за христијанството бидејќи е тотално спротивна на библиското учење дека човекот е од самиот почеток Божјо создание. „Не е секое тело исто тело: туку друго е човечкото, и друго е животинското тело, и друго е телото на птиците, и друго на рибите.“ Прво послание на апостол Павле до Коринтјаните 15:39. Геологот има откриено повеќе од сто видови на ’рбетници во примитивните пештери и повеќето од тие видови денес се живи и се идентични со праисториските, и се репродуцираат според својот вид.

    ЛОПАТАТА НА АРХЕОЛОГОТ
    Можеби е подобро лопатата на археологот да не ја земат в
    раце атеистите, неверните или скептиците, да не одат во библиските земји да копаат и да истражуваат, бидејќи може лесно да се изненадат откривајќи и најситни детали кои ја потврдуваат библиската вистина и точност. Еве еден пример:
    Пред околу сто години на студентите во еден универзитет во
    САД им се објаснуваше дека не е можно Мојсеј да ги напишал
    првите пет книги, и притоа Библијата беше исмејувана. Како резултат на тоа погрешно учење многу од нив станаа атеисти и како такви останаа до смртта. Зошто погрешно учење? Има безброј примери и докази кои го демантираат ова учење.
    Пред многу години една жена работејќи во својата градина,
    пронајде 320 писма на кои стоеше напишано: „Писмата од Тел Ел Амариа“. Кога конечно беа дешифрирани сосем јасно се откри дека тоа беше кореспонденцијата на египетските конзули од Палестина со фараонот и неговите одговорни политичари од Египет, каде се спомнуваат политичките работи и проблеми во Ханаан. Беа тоа прастари писма во кои сосем јасно се открива дека се напишани пред окупацијата на Палестина од Исус Навин. Како знаеја одговорните дека тој период беше точен? Знаеја, бидејќи кога конзулите му пишуваа на Египет, Ханаанците уште беа на власт. Египетските конзули ги именуваат опустошените нации од
    страна на Исус Навин, како и градовите освоени од него.
    Ова несомнено ни зборува дека не само што Божјиот Збор
    беше познат и употребуван во времето на Мојсеј, туку фактот дека постоеше и стотина години пред тоа. Навистина Библијата и овој пат не потфрли во сферата на испитувањето на археологот, па макар и години да поминат Господ преку сите можни аспекти го пресведочува човекот за вистината.
    Триесет и петте откриени мумии Во тој период професорот Масперо, еден од главните археолози, забележал како туристите враќајќи се од регионот на реката Нил, носеле со себе вредни и интересни уметнички предмети. Кога ги проверил, открил дека се извадени од гробовите на кралевите. Неколку месеци подоцна запознал еден Арабјанин, кој заедно со своите браќа открил во регионот на гробиштата на кралевите една соба полна со мумии и уметнички куриозитети. Собата била широка 4 метри и долга 8 метри, и во таа соба внимателно завиткани се наоѓале 35 мумии, кои потоа биле пренесени во музејот во Каиро на испитување.
    Знаете ли што открија меѓу тие мумии? Телото на фараонот
    од времето на Јосиф, мумијата на ќерката на фараонот која го најде Мојсеј во реката како бебе, нејзиниот татко Рамзес Гранде кој вла- дееше кога Израелците го напуштија Египет, и многу други, меѓу кои се значајни Јаниј и Јамвриј за кои апостолот Павле пишува: “И како што Јаниј и Јамвриј му се спротивставија на Мојсеј така и овие се противат на вистината...“. Најстарата од мумиите била стара 5000 години.
    Во 1884 година професорот Naville од Женева во Танис (Еги-
    пет), ископувајќи открил разни подземни градби со дебели ѕидови. Тоа беа историски градби направени со тули без плева, што ни потврдува во Стариот Завет каде што пишува дека Израелците беа присилени да прават тули без плева.
    Во 1897 година експедицијата Greenfel y Hunt во долината на
    Нил на 150 км од Каиро, пронајде неколку тони папирус каде на грчки беше напишано со јазикот на Новиот Завет?? (на кои со грчки јазик беше напишан Новиот Завет?)

    ЛАБОРАТОРИЈАТА НА ХЕМИЧАРОТ
    Елементите во човечкото тело Битие 2:7: „Господ, Бог, го обликува човекот од земниот прав и му дувна здив на живот во носниците. Така човекот стана жива душа.“
    Библијата тврди дека човекот е создаден од земната пра-
    шина. Хемијата ни докажа дека колку што се знае досега универзумот содржи 118 хемиски елементи. А сега еден неверојатен, но вистински факт: земната прашина содржи 16 елементи, а исто така и човечкото тело ги содржи тие 16 елементи. Покојниот др. Artur Brown се прослави што ни ги откри следните факти во врска со оваа тема: Човечката протоплазма се состои од 72% кислород, 13,5% јаглен, 9,1% хидроген?, и мали количини на фосфор, хлор, сулфур,
    калциум, магнезиум, железо, силициум, со минимум количина на флуор, јод и магнезиум. На сето тоа му се додава 70% вода. Др. E. F. Lawson направил една симпатична анализа за човек од 60 килограми: -вода – доволно да се наполни едно буре од 35 литри -маснотии – можат да се направат 7 сапуни
    -јаглен – можат да се направат 9 000 моливи -фосфор –доволно за да се направат 2200 кибритни клечки
    -железо – за една средна шајка -калциум – за да се исфарба еден кокошарник-сулфур – доволно за да се уништат паразитите на едно куче. И сето тоа заедно чини околу 78 центи од долар. За циркулацијата на крвта во телото
    Еден човек тежок околу 72 килограми во себе содржи околу
    4 литри крв. Низ многу векови се веруваше дека артериите се
    празни, шупливи цевки. Не се знаеше дека крвта циркулира низ телото еднаш на секои 23 секунди, се додека др. Harvey му докажа на светот дека е тоа така. Но, во Библијата, книга Проповедник 12:6 се зборува за крвната циркулација. „Пред да се скине сребрената врвца и се скрши златната светилка и се распарчи врчвата на изворот и се разбие тркалото над бунарот;“ (овде не се зборува за крвта?) Кој му даде информација на Соломон за една ваква вистина?
    За бактериологијата
    Веќе добро е познато дека во водата која не циркулира има
    бактерии, и ако во таква вода се миеме нема да бидеме чисти, а кога се тушираме со чиста вода бактериите исчезнуваат.
    Законот на бактериологијата, што се однесува до неговото откритие – не е многу стар, но Бог му го даде на Мојсеј уште во Левит15:13 “Кога ќе се очисти од тоа, оној што има излив, тогаш нека изброи седум дена за своето очистување; нека ја испере својата
    облека и нека се искапе во жива вода, и нека биде чист.“

    ТЕЛЕСКОПОТ НА АСТРОНОМОТ
    Познато е која беше идејата за земјината топка на многу мис-
    лители низ древните времиња. Некои од нив мислеле дека
    земјината топка е поставена врз главите на слонови, потоа се мислеше и дека земјата е рамна плоча итн, но мнногу векови пред тоа пророкот Исаија најави дека Земјата е округла.
    Зборувајќи за Создателот Исаија рече: „Тој престолува над
    земниот круг, жителите се како скакулците пред Него. Како завеса ги простре небесата, ги оптегна како шатор за живеење.“ (Исаија 40:22).
    Јов, според многу претпоставки се смета дека е автор на
    најстарата книга во Библијата, и еве што вели Јов во врска со нејзината форма: „Тој го оптегнува Северот врз празнината, Тој ја држи земјата, необесена на ништо.“ (Јов 26:7). Астрономите тврдат дека во сиот универзум постои само едно место каде нема ѕвезди, а тоа е на Северот. Галилео откри дека Земјата кружи околу својата оска, а Торисели откри дека воздухот има своја тежина; но сето тоа Јов веќе го знаеше многу векови пред ние да го откриеме. „Зашто со поглед ги опфаќа границите на земјата и забележува сè под небесниот свод. Кога сакаше да му одреди тежина на ветерот и со мерилка да ја измери сета вода, кога му наметна закони на дождот и патишта на громовните облаци...“ (Јов 28: 24, 25, 26). Ѕвездите кои пеат
    „...додека воскликнуваа утринските ѕвезди и извикуваа Бож-
    јите дворјани...“ (Јов 38:7) Во оваа глава се зборува она што е веќе научно докажано. Тоа значи дека модерната астрономија тврди дека “воздухот е звучен“. Кога брановите на етерот вибрираат брзо соз- даваат светлина и таа вибрација истовремено произведува музички звук. Нашиот слушен апарат тоа нешто не може да го осети, но сепак звукот постои. Низ различни периоди и епохи човекот откривал новости во врска со созданијата, кои веќе претходно со векови стојат запишани во Библијата. Книгите кои човекот ги пишува и создава по извесно време стареат и се забораваат, енциклопедиите напишани пред неколку години моментално се продаваат по половина цена бидејќи идеите се менуваат со времето, но Библијата никогаш не се менува, во секој момент и период е актуелна и научно совршено точна. Бројот на ѕвездите До откритието на телескопот се веруваше дека постојат само 3.146 ѕвезди, но со неговото откривање, дознавме колкава точност и вистина има во Божјиот Збор. „Тој го одредува бројот на ѕвездите, секоја ја наречува со нејзиното име.“ (Псалм 147:4). Тоа значи дека само Бог како Создател го знае бројот на ѕвездите.

    (превземено од Христијански Портал)
     
    На Serafima и Gordana10 им се допаѓа ова.
  12. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    139
    11 причини да бидеш атеист!

    Девојки несакам да ви се мешам во полемиката но би сакала од honorthyself да слушнам факти дека постои бог секако не доведувајки ја о прашање твојата интелигенција, а јас сум подготвена за секоја работа која што се препишува како работа на бог да ти дадам научно објаснување на таа тема. Еве еден пример во минатото громот се сметал како казна од бога и кога ќе удрел, некој човек тоа го објаснувале како казна од бога или тој човек работел во празничен ден, а сега сите знаеме која е причината за настанување на грмотевиците или громот.
     
  13. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    11 причини да бидеш атеист!

    Јас уште еднаш ќе повторам дека сметам дека Бог ниту може да се негира ниту да се потврди. Сметам дека не постојат факти што би го докажале едното или другото со што се се сведува на тоа дека или ќе веруваме или не. Јас сум во потрага по вистината и прашањата кои си ги поставувам не може да ги одговори религијата. Јас во оваа дискусија не заземам став дека има Бог, туку дека можеби има, а можеби и не, но дури и да има тоа е невозможно да се докаже, барем незамисливо за времето во кое ние живееме. Во минатото луѓето верувале и дека Земјата е плоча, верувале во геоцентричен систем и многу други работи кои се докажале неточни, но од секогаш не можеле да си објаснат причината за своето постоење и затоа си ги стимулирале мозоците, пробале да го сфатат за нас несфатливото и за жал се уште не стигнале до вистинските одговори... Сепак тоа што се прашуваме докажува дека нашиот разум е на високо ниво и дека ние сме свесни за нашата егзистенција.
     
  14. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    139
    11 причини да бидеш атеист!

    Но затоа секоја појава која му се препишувала о минатото на бога, сега може да се објасни со помош на наукта и со помош на технологијата.
     
  15. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    11 причини да бидеш атеист!

    Но, науката покажала и дека елементите кои ги има во нашето тело ги има и во природата. Зарем тоа не е слично со библиските сфаќања за настанокот на човекот?
    Тоа што го напиша ти е доказ дека човештвото се движи напред, можеби во далечна иднина овие прашања кои ние ги дискутираме ќе бидат исто толку смешни за нашите потомци како што се за нас прашањата кои ги измачувале нашите претци.
     
  16. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    11 причини да бидеш атеист!

    Пред да се продолжи дискусијата треба да се дефинира што е Бог и кои се неговите својства и особини зашто најверојатно мислите за сосема различни работи. За некого е Бог суштество со бела брада кое живее на небо, за друг некоја енергија без сопствена воља, за трет ентитет со сопствена воља и интелигенција но бестелесен, за четврт исто како третото но по потреба може да добие човечки облик и да шета меѓу луѓето, така да има повеќе варијанти и додека не се дефинира која варијанта е за сите заедничка ќе биде како муабет помеѓу глуви и слепи а такви се и муабетите последните 2000 години и затоа и досега верниците и атеистите тешко односно никако не се разбираат, одат на фаза два без да ја дефинираат фаза еден: Што е Бог по дефиниција?
     
    На honorthyself и kravce им се допаѓа ова.
  17. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    11 причини да бидеш атеист!

    Дали воопшто може да се создаде една дефениција што ќе го дефинира Бог? Баш како што напиша погоре ти, Бог за секого претставува различен поим. Всушност толку различни сфаќања, а сите преточени во еден збор - БОГ. Според мене Бог би требало да ја објасни причината за нашата егзистенција. Но, тоа може да биде и нешто сосема поразлично од она до кое нашиот разум може да достигне, а може и воопшто да не постои. Многу луѓе делат мислење дека до Бог не може да се стигне преку разумот туку преку духот, а што е духот и како е во согласност со телото има многу поделени мислења и објаснувања. Ако продолжам пак ќе отвориме голема дискусија која најверојатно нема да се совпаѓа со насловот на темата, if you know what I mean. :D
     
  18. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    11 причини да бидеш атеист!

    Мора да се создаде барем една заедничко прифатлива дефиниција инаку ќе бидат муабетите како да му викаш некому откажи се од храната а не му кажуваш на која храна мислиш па тој што стално јаде праски ќе мисли дека треба да ги намали а тој што главно јаде месо ќе мисли дека треба месото да го намали а ти си мислел на заситените масти, карамбол :D.

    I know what you mean ;), иако ќе беше наубаво за дискусијата да се споеја двете теми во една :).

    Ќе почекам да ми дефинира некој еден заеднички поим за Бог пред да се изјаснам за атеизмот.
     
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.839
    Допаѓања:
    4.523
    Пол:
    Машки
    11 причини да бидеш атеист!

    Православната дефиниција на Бога, во Кој верувам, се наоѓа во Никејо-цариградскиот символ на верата кој гласи:

    Верувам во едниот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и земјата и на сè видливо и невидливо.
    И во едниот Господ Исус Христос, Син Божји, единороден, Кој е роден од Отца пред сите векови, Светлина од Светлина, Бог вистинит од Бога вистинит, роден, нестворен, едносуштен на Отца, преку кого сè бидна.
    Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение слезе од небесата и се воплоти од Духот Свети и Марија Дева и се вочовечи.
    Кој беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат и страдаше и беше погребан.
    И Кој воскресна во третиот ден според Писмото.
    И Кој се вознесе на небесата и седи оддесно на Отца.
    И Кој пак ќе дојде со слава да им суди на живите
    и мртвите и Неговото Царство не ќе има крај.
    И во Духот Свети, Господ, Животворец, Кој од Отца исходи, Кој со Отца и Сина е сопоклонуван и сославуван, Кој говорел преку пророците.
    Во едната, света, соборна и апостолска Црква.
    Исповедам едно крштение за отпуштање на гревовите.
    Го чекам воскресението на мртвите.
    И животот во идниот век. Амин.
     
    На Witchman и Serafima им се допаѓа ова.
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.839
    Допаѓања:
    4.523
    Пол:
    Машки
    11 причини да бидеш атеист!

    Иако Православен Христијанин никогаш на памет не ми паѓа да ја отфрлам теоријата на еволуција на видовите, но исто така не ми паѓа на памет да помислам дека на некое мајмунче што си скокало од гранка на гранка му текнало и рекло чекај дај да почнам да одам строго на две нозе и да почнам да се облекувам. Му текнало и почнало да си прави муабет. Или уште повеќе си шетале две амеби и едната и` рекла на другата, ај ти фаќај бактерии, а јас ќе ги варам, па така настанале повеќеклеточните организми. Или пак си била една микрочестица и така си стоела па одеднаш се распрснала и настанала цела Вселена (теоријата на Биг Бен сепак се заснова на Библиската теорија за настанок на светот).
    Значи верувам дека постои еволуција како продолжение на творештвото, т.е. креативноста на Бога, но исто така верувам дека Адам е создаден од кал, а Ева од реброто негово. Сепак поважно е тоа што верувам дека ќе дојде Судниот Ден и дека сите мртви ќе воскреснат едни за суд и осуда, а други за Живот Вечен (непрестана заедница со нашиот Отец и Создадтел).