Некое време се мислев дали да отворам ваква тема, знам дека веќе постојат некои теми за заштеда во „Општи дискусии“, меѓутоа имав впечаток дека повеќето мислења се од млади луѓе за некои мали заштеди од 100-200 ден, или општо заштеди од плата, во смисла тргање настрана пари од плата за купување на некоја работа. Сакав да отворам тема каде што би можеле да споделиме идеи за како заштедувате при купувањето на работи во самото домаќинство, кога купувате намирници, готвите, чистите. Живееме двајцата сами со дечко ми и додека правев некои пресметки колку трошиме само за храна и општо за станот, ми се чинеше дека премногу пари трошиме за основни работи (некои 400-500 евра - дефинитивно влијае фактот дека не живееме во Мк, меѓутоа и за стандардите тука ми се чинеше многу како за 2ца). Почнав да барам некои начини како би можеле да заштедиме без премногу да си скратуваме од секојдневните работи што ги купуваме. Секој ден готвиме дома, така да, најголем дел од трошоците се поврзани со храна. Еве дел од работите што почнавме да ги практикуваме: - Купување на голема количина суви зачини (ако на пример една кесичка зачин е 15г, ние купуваме голема тегла од 120-150г, обично наменета за ресторани). Има значителна разлика (3x помалку) во цената за килограм. Исто помага и чувањето на одредени билки дома во саксија, или градина, доколку имате двор. - Купување на поголеми количини на производи како тетрапак млеко, ориз, тестенини (особено со акција X+Y гратис), или купување на производи што често ги користиме со 1+1 гратис акција. За овие работи обично треба да се има поголем простор во кујната каде што можат да се складираат екстра купените количини. - Печење на домашен леб. Покрај тоа што ми е повкусен и поздрав, секаде надвор од Мк лебот е значително поскап, над 1 евро за помали количини од 300-400g, така што, печењето на домашен леб ни направи значителна разлика. - Си инсталирав апликации од повеќе маркети што обично ги посетуваме. На тој начин на едно место можам да ги следам акциите што ги имаат и да споредувам цени за производи што знам дека редовно ги купуваме. Потоа правам листа на телефонот кои производи од кој маркет ќе ги купам. Знам дека звучи како опсежна работа меѓутоа со правилните апликации и со добар план унапред за што ќе јадеме наредната недела, обично оди многу брзо. - Користам Google Keep за правење листи од намирници што ќе треба да се купат. Доста едноставна апликација е и имаме заедничка листа со дечко ми. Така и двајцата на исто место запишуваме работи што треба да се купат и избегнуваме купување на непотребни работи надвор од листата кога сме во маркет. - Користење на неделни купони во маркети. Знам дека ова обично го нема во Мк (можеби го има, не знам). Овде обично еднаш неделно има купони за 25% попуст на еден производ или 10% попуст на цело купување над одредена сума, и почнав повеќе да пазам да ги искористам овие попусти). Овие попусти ги користиме при купување на поскапи производи каде што би направило поголема разлика. - Промена на навиките на исхрана. Скративме готвење на месо на еднаш до два пати неделно. Го направивме ова повеќе поради здравствени причини, меѓутоа приметивме разлика и на сметките кога купуваме храна. Малку истражување на нови рецепти што ни се допаѓаат, малку експериментирање, резултираше со поздрави и повкусни оброци. Покрај промениве за храна, во други делови од домот направивме некои промени како на пример секогаш да ја пуштам машината за перење навечер кога е евтина струја (претходно не сакав да го правамова бидејќи обично заспивав и не сакав алиштата да стојат во машина цела вечер, меѓутоа искрено, нема разлика). Ако се сетам на уште нешто ќе допишам. Работиве ги практикуваме веќе 2-3 месеци. При груби пресметки мислам дека трошиме 100-150 евра помалку, мене ми направи голема разлика . Би сакала да слушнам ваши идеи и предлози доколку практикувате нешто слично. П.С. Се извинувам за долгиот пост. Доколку не припаѓа тука или мислите дека би требало да оди во другите теми, слободно преместете/избришете
Ми се допаѓаат твоите совети, некои и применувам, повеќето не. На пример купувам во скап супермаркет зашто Алди и сличните ми се далеку, а не возам. Ете штедам на автомобил, осигурања и чуда, но овде и јавен превоз е скап па заштедата не е значајна. Не фрламе храна, тоа за разлика од мк ни е плус, купуваме помалку и готвиме плански, не во поголеми количини од што треба. Изолација добра на станот: и да не вклучиме греење и во зима не паѓа под 19 внатре. Е сега ние што сакаме 22° е друго. Купони не користиме но детергент и се што има на попуст купуваме во такви прилики повеќе количински Зачини свежи замрзнувам, немам градина а во саксии ми се сушат, сум пробала. Ние сме фанатици за грицки и таму ни одат многу пари. На тоа да скратиме и на десерти и пијалоци секој ден мислам солидно ке заштедиме. Не купувам "био" ствари кои се поскапи, а за пекач за леб е можеби добра идеја..
за пекач на леб сум слушнала поделени мислења, не сум сигурна дали вреди... зачини во тегли на големо каде има во мк?
Имавме пекач за леб, така почнавме да си правиме дома. Како за почеток беше супер, ставаш состојки, уклучуваш и не те боли глава после, не го мислиш лебот. Испаѓаше океј, до кај 750-800г леб, ќе ти го пишам рецептот ако ти треба. Еднаш случајно ни падна лебот сосе садот за печење на подот и садот се деформираше за жал, не можеше да го вратиме назад. Пред да гледаме опции за поправање или купување нов решивме да се пробаме сами да си испечеме леб во рерна и искрено толку убаво ни испадна што решивме деке ке продолжиме така, нема да го поправаме пекачот. Искрено кога рачно се меси можеби си бара малку повеќе внимание мегутоа оди многу побрзо се заедно. Рачно се на се за окулу 2 часа имаме готов испечен леб, со пекачот треба окулу 3 часа се заедно. За зачини во тегли во Мк за жал не знам каде има, ние купуваме вакви, доколку го има истиот бренд можеби може да се нарачаат од некаде
има еден парадокс со апративе кој што работат долго, трошат повеќе на струја. За машина за садови пример ми е кажано од електричар. Со ова се залажуваш дека штедиш, затоа што струјата е поскапа од се друго. за зачини, да такви има. Мислев некои поголеми тегли.
За жал за автомобил ни одат меѓу 1500-2000 евра годишно, одигурувања, гуми, технички прегледи, сервиси, бензин... меѓутоа ни треба, за жал не можеме без него Истите работи ги практикуваме за храната, плански и да се искористи што е можно повеќе, да не се фрли. Био исто така и ние не купуваме, некако беспотребно прескапо ми е, до пред некоја година немаше вакви био трендови па живи здрави сме
Ние со дм имаме неколку техники на штедење. - Кога платата ќе стигне, настрана си тргнаме одредена сума. И на неа не ни сметаме дека ја имаме. - Перална/машина за садови/готвење скоро секогаш е на ефтина струја. - Леб купуваме, ама и не јадиме баш. Ептен за мачкање нешто, и секогаш купуваме од жито лукс со повеќе рок и во фрижидер стои. - Овошје/зеленчук не купуваме во големи количини, за да може да се изеде цело. - Готвиме обично поголеми количини, за да можеме и за следниот ден да имаме ручек. Ова ептен ми помага и со заштеда на време, кое исто ни е кнап периодов. - Пазариме најмногу од Кам, и потоа Веро за работи кои ги нема пример во Кам. - Често знаеме работи кои можат да стојат и ако се на акција, да купеме. - Пред да купиме некоја покрупна работа за дома (инвентар или сл) секогаш истражуваме добро за карактеристики/цени и гледаме да е некоја златна средина.
Супер тема. Многу често се чува луѓе со добра и баш солидна плата да речат не стасува. Ќе се земам самата себе за пример. Исто ни беше и кога само маж ми работеше и кога и јас работев. И кога менував неколку работни места и кога земав различни плати. Исто. Колку повеќе имаш толку повеќе трошиш. Правило број 1 е планирање на буџетот. Сосем се согласувам со коментарот на @Alyson супер си објасни. Сакам да споделам еден профил од Инстаграм. мене ми "ги отвори очите" искрено има одлични совети може да те подзамисли да те мотивира околу заштедата кога станува збор за трошење пари.
Убава тема. Купување на поголеми количини е начин да се заштеди, иако можеби минимално. Зачини, кечап, прашок и ред други работи или купување на производи на акција. Готвење и перење на евтина струја. За печење леб не верувам дека се исплати, што знам, евтин е да се купи, а вака ако трошите струја, не мислам дека се штеди.
Не сакам многу да ситничарам при пресметки за струја, ама мислам дека во наш случај повеќе плаќаме фиксен трошок за приклучоци отколку за самата струја што ја трошиме. Можеби грешам. Мислам дека окулу 5 центи ни испага струјата на kWh на евтина струја, плус секако не се пече цел час.
Котани зачините се толку скапи што скоро сите мали пакувања зачини се поевтини од голем Котани. (за во Македонија зборам) Печење леб се исплати за заштеда, и тоа како. Машина за леб е раат и помало замарање, а во рерна лебот е посебно добар. Ни еден купен леб не може на квалитет со домашен да се споредува (одговорно тврдам)
Грицките се нездрави и скапи. Пример еден чипс чини 80, 90 денари, а за истите пари може да се купи килограм или две овошје. Инаку, грицките се зараза, јадам додека не снема ни трошка од нив.
Апсолутно. Ги избегнувам целосно особено поради тоа што пробувам да се хранам поздраво. Размислував да си купам апарат за сушење на овошје, па кога ме фаќа желба за грицкање да си правам суви јаболки, банани итн.. Исто и со сокови, веќе практикувам повеќе да си правам смути или сок од сезонско овошје отколку да купувам газирани или било какви други овошни сокови.
Ооохоо, газираните сокови се многу штетни за заби, коски, за се. Кога ќе ќе ми текне колку сме пиеле порано. Сите можеме да се храниме поздраво, само не се трудиме.
Па не е лошо да се напомене и заштеда која може не ја чувствуваме толку на сметка, а многу значи да се заштеди за атер на општественото добро - водата. Читав дека според истражувањата, машинското перење на садови заштедува дури 9 до 10 пати повеќе вода, во однос на рачното миење на садовите. На пример, за полна машина садови со подобра енергетска ефикасност се трошат околу 11 литри вода по циклус. Кога истите тие тањири ги миете рачно, се трошат од 50 литри (ако не ви тече водата цело време) до 100 литри вода (ако чешмата ви тече без прекин.). Огромна разлика! Заштедата на струја е исто така поголема ако се користи машина наместо бојлерче. За штедењето време и раце да не правиме муабет, за тоа време седнете налакирајте нокти, на пример И да се пофалам дека не ја арчиме питката вода за наводнување на цвеќиња и зеленило, туку користиме бунарска вода. Секако, знам дека не секој кој живее во куќа има пристап до бунарска вода, ама вреди да се консултира за таква благодет, може ќе се намириса некоја водена „жица“ во дворот. За другите работи се трудам да бидам оптимален потрошувач. Мислам дека умереноста е мајка на штедењето, во секој поглед.
Малку ќе бидам оффтопик ама ова за водата стварно е така и секоја чест што не користите од водата за пиење за наводнување . Додека живеев во Словенија ова беше стандард, беше забрането да се користи питка вода од водовод за полнење базени и за наводнување на почва. Доколку ја користиш така повеќе ќе покаже на мерачите и ќе ти пишат казна. За луѓето што немаа бунари или не живееја покрај реки, си нарачуваа со цистерна да им донесат на пример за базен, ќе си платат и тоа е тоа. И така треба да биде.
од грцки може да е сончоглед кикирики бадеми.... Не е тоа толку нездраво колку смоките и чипсот. Или ете и пуканки може
Интересна и корисна тема. Дали водите евиденција колку пари трошите месечно пр. на храна, пијалоци, сметки, облека, трошоци околу деца, непланирани трошоци и сл? Како практикувате да пазарувате, неделно, дневно, месечно, како е посплатливо, каде најчесто купувате храна? Од следната година здравје ќе живееме во стан со маж ми и двете деца, па постојано правам пресметки како ќе тераме