Начини за заштеда во домот

Дискусија во 'Дом' започната од Alyson, 8 февруари 2021.

  1. lale22

    lale22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2021
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    2.372
    Пол:
    Женски
    Секако имам пробано и да запишувам колку пари се трошат што се купило секој ден, и да распределам за секој ден па пак ќе излези нешто непланирано. Ја сум штедлива ама трошоците се тие. Машина за перење на евтина, за готвење неможам бидеќи сум на работа, пазарење еднаш неделно и пак нешто фали во текот на денот мора да се дополни. Е сега и имам поголеми деца кои нормално си излегваат и тука одат пари.Само да сме здрави и живи парите не ги жалам јас велам само за убаво да ги трошиме.
     
    На Alex.T, Снегулк@23 и marchi-cool им се допаѓа ова.
  2. Alyson

    Alyson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    172
    Најдобар начин да се заштедат пари при купување на храна, без да си кратиме од тоа што купуваме, е да си имаме листа на работи што често ги купуваме и користиме, траат подолг период, и не е проблем да се купат во поголема количина кога се на попуст. На пример млеко тетрапак, конзервирани работи како туна, кафе, тестенини, па и средства за чистење, козметика итн.
    Ние сме само двајца и кога готвиме со пилешко месо, наместо да купувам само пилешки гради или само копани, купувам цело пиле и готвам еднаш јадење со белото месо, еднаш со копаните (темното месо) и се што останува го варам и правам основа за пилешка супа. Многу поздраво отколку коцка за супа. А и поевтино излегува се заедно.
    Инаку не запишувам точно каде колку трошиме, плаќам кога можам со картичка и следам online од банката каде колку пари се потрошени. Секој месец приближно исто трошиме за дома. Непредвидени трошоци излегуваат само за колата.
     
    На Ne znam koj, Снегулк@23 и marchi-cool им се допаѓа ова.
  3. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.662
    Пол:
    Женски
    Одлична тема и корисна. Штета што не е повеќе активна.
    Ама па што му значи тоа на Македонче. :?: Сепак мора Македонче да се пофали шо се подновил најново, да види народ, како иначе, имајте разумевања, па инфлацијата слеш депресија ин д мејкинг, што, кога, каде тоа, може да почека.

    Ајде да напишам поопширен пост, доста има идеи за пишување.
     
    Последна измена: 11 август 2023
    На Alex.T и marchi-cool им се допаѓа ова.
  4. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    487
    Да ја активирам темава бидејќи ми се допаѓа:

    - На работа носам кафе и храна од дома, понекогаш пуштам од дома и за детето во градинка место да му нарачувам од таму
    - не користам страници ко фуд шеринг, но работам со храна и често земам месо или зимница бесплатно
    - кога се роди детето добро изгуглав кои кашички/ пелени/ млеко од ефтините се најквалитетни. Заклучок: најскапото не е и најквалитетно.
    - Откажав претплата на киндл, не купувам веќе книги, позајмувам од библиотека.
    - имам разни плејбек опции, ваучери итн уклучено
    - на парно не штедам, но на струја да. Рерната ја исклучувам 10 мин порано на пример, или јадењето го ставам без да чекам истата да се загрее.
    - почнав да користам менструална чашка место влошки
    - пијам вода од чешма, не купечка
    - фитнес студио и онлајн фитнес апликации исклучиво од јануари, си наоѓам вежби од јутуб
    - храна не нарачувам, дома готвиме. Ресторан ретко, за разлика од порано.
    - детето го носам на активности кај што може да се купи годишна карта, на пример зоолошка
     
    На Alyson, Alex.T и marchi-cool им се допаѓа ова.
  5. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.497
    Пол:
    Женски
    Навистина треба да се активира темава. Имам и јас забележано дека последниве 3-4 месеци трошоците ни се поголеми а имав земано годишен бонус и к-15 и пак сум кнап со пари а ништо корисно не сум купила :(
     
    На Cka и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    14.395
    Пол:
    Женски
    Готви на плин, купувај облека вон сезона. Пример, крај на летото ќе купиш за следното лето. Исто и за зимата. Од секоја плата одма пари на страна и заборави на нив. Исто како да ги немаш. И те како се наоѓаат после.

    Често забележувам дека луѓето си трошат пари на глупости. Еве Temu. Ситници може ќе речеш дека се, ама ситница ваму-таму и ете ги парите.
     
    На marchi-cool, Cka и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    13.602
    Можете да си купувате облека и обувки надвор од сезона. Пред некој ден си купив чизмички за 700 денари, што е доста евтино. Пред две години, исто во овој период купив получизми, ама ги земав тогаш 1.200 денари. Значи сега налетав на 500 денари поевтини чизми. Сакам да имам резерва чизми, односно два чифта да имам. Едните ги фрлив и веднаш купив нови, да имам два, оти идната година, во октомври кога ќе ми треба уште еден чифт, ем нема избор, доцна ги изложуваат, ем се скапи тој период. Пред две години купив капут во овој период за 2.200 денари, а истиот две недели претходно чинеше 2.500 денари, арно ама, братучетка ми сега најде супер капут за 1.600 денари. Значи, како ќе налеташ. Ако нешто ти одговара и е евтино, земи си го. Најтешко е според мене, ако се спремаш за свадба, некој настан, повод, е тогаш, барај, барај, па не ти одговара, па скапо, па ќе купиш нешто што не ти е по ќеиф и нема да го носиш.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.367
    Пол:
    Машки
    Поскапено е се. Затоа и имаш повеќе трошоци. Не само ти, туку скоро сите.
     
    На eliesaab и marchi-cool им се допаѓа ова.
  9. Romina

    Romina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    221
    Следам акции сум во супермаркети и секогаш кога сум во можност купувам на акција.
     
  10. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.367
    Пол:
    Машки
    Имаше и некоја апликација за тоа.
     
  11. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    860
    Допаѓања:
    1.534
    Пол:
    Женски
    Што практикуваме ние:

    - почесто готвење со аир фруер, заштедува на струја со рерната.
    - си имаме поставено цел да јадеме само 2 пати месечно надвор, дали е тоа нарачување со колегите од канцеларија или ние ќе си искочиме во ресторан или нарачаме дома, тоа го практикуваме на месечно ниво.
    - нешто што за нас функционираше многу добро, ние сме двајца па тестиравме на месечно ниво колку пари ќе ни одат на храна, кога ќе земеме плата вадиме точно 15.000 денари, и тие пари ни одат секогаш на храна, доколку во месецот се случи нешто да не ни зафали (бидејќи вежбаме пиеме протеин па тој ни трае по неколку месеци), некогаш ни останува 1000ка или 500ка и таа ја ставаме во заштеда. Почнавме со 18 илјади, видовме дека ни се многу па намаливме на 16 па стасавме до 15 и сега веќе година дена функционираме така месец за месец ни одат точно 15 илјади.
    - не практикуваме често излегување за викенди зошто се трошат многу пари на пијачки, и ако излеземе тоа е 1-2 пијачки максимално.
    - си имаме поставено цел за купување парчиња облека по едно во месецот, зависи што ти треба, ако ништо не ни треба тие пари пр. 1000ка ја ставаме во заштеда, и гледаме да купуваме во лето зимски парчиња облека во зима летни зошо секогаш се поевтини така.
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Romina

    Romina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    221
    Не знам на која апликација мислиш, но од супермаркетите Рамстор имаат апликација каде што можеш да го гледаш тековниот каталог, а исто така да видиш и колку поени си собрал со клуб картичката.
     
  13. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.367
    Пол:
    Машки
    Ја најдов: Процени
     
    На Romina му/ѝ се допаѓа ова.