Начин за одмазда

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Leala, 18 ноември 2010.

  1. Leala

    Leala Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    11
    Ми треба помош!
    Кажете начини за тоа како можам да им се одмаздам на оние кои ми се замешуваат во животот и целосно ми го уништија?Од толку падови неможам главата да ја кренам и да продолжам понатака,секогаш нешто зад грб ми прават колку и да им простувам се повеке.Ве молам помогнете ми бидејки се дури не им се одмаздам неможам да продолжам понатака.... :(
     
    На portugalcanka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    A зошто мислиш дека со одмазда ќе решиш нешто? Само уште толку ќе го разгориш проблемот, ќе додадеш масло на оганот. Како што велиш, простуваш секој пат, епа не простувај, тоа ти е најдоброто решение, да не се замараш. Со одмаздата нема да постигнеш, ама апсолутно ништо, затоа што јас имам барано одмазда и кога се остварува, не чувствуваш ништо, туку само некаква горчина. Зад грб ти работеле, ти работат и ќе ти работат, само треба да се навикниш на тоа. А за падовите, сите форумџики тука што сме сме имале некакви падови во животот. Сите имаат. Неможи животот секогаш да биде совршен, а и тие падови те прават поцврст. Судбината не ти донесува ништо што не можеш да поднесеш, така да знајш. Од ова искуство ти свесно или несвесно ќе излезиш посилна. Затоа главата горе, блок и делит на сите што ти работат зад грб, сврти нова страница и уживај во животот затоа што 18.11.2010г нема да се повтори уште еднаш. И за секој ден така.
     
    На Leala му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Leala

    Leala Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    11
    Ти благодарам за советот,но стигнав од врвот на подот тоа ме боли повеке не е се како порано...Ми упропастија се што имав ,а сега осекам како никој да не ме сака освен најблиските пријателки..... :(
     
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.683
    Не грижи се, за сите оние кои ти направиле лошо ќе им се врати се како бумеранг во животот. Нема потреба да бидеш толку огорчена и зло - памтило !
    Научи се да се бориш во животот, а не да се одмаздуваш на оние што те бутнале кон днотот. Научи да бидеш посилна личност ! Но секако, доколку ти се пружи прилика да им вратиш за она што ти го направиле-не испуштај ја приликата,а вака да се замараш да си трошеш време за да се одмаздуваш - не!
     
    На Sm.real и Leala им се допаѓа ова.
  5. Leala

    Leala Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    11
    Но како да се вратам на врвот?
     
  6. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.008
    Една лекција што ја научив токму од тие кои ми нанесоа падови. Најголема одмазда за непријателот е да бидеш негов пријател. Така тие правеа со останатите кои им го попречуваа патот. Ке се зближат толку блиску и наеднаш една по една тајните ке излегуваат.. Штета што не го можам тоа, кога ке се зближам со некого, и да сум скарана нема никогаш да кажам некоја наша тајна. Ни мене неме издале оние со кои сум била блиска, барем засега.
     
    На legallyblondee му/ѝ се допаѓа ова.
  7. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.729
    Допаѓања:
    5.142
    Според пишаново заклучив дека последно некој те има повредено тазе, изгледа денес.
    Сите имаме моменти кога мислиме на одмазда, и мислиме дека тоа е најдоброто решение ама не е секогаш.
    Остави, нека ти се излади главата знај дека лошото со лошо се враќа, тркалото се врти.
    Ете, овие зборови можам да и ги кажам на непозната личност, на непознат проблем.
    А веќе ако си решена да се одмаздуваш, никој нема да ти каже како тука. Си напишала само дека сакаш само да се одмаздиш, ти правеле лошо.
    Јас сега неможам да ти кажам: Кога ќе ја сретнеш Кате, речи и за Сања дека Томче не ја сака, нели?
    Барем кажи малку од проблемот, зошто си повредена, од која причина, кој те повредил, можеби и ти фаќаш некоја кривица, не за друго, ќе ти дадеме некој поарен совет.
     
    На Leala му/ѝ се допаѓа ова.
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.683
    Биди трпелива во своите намери. Не се стигнува на врвот за еден месец... Тоа е подолготраен процес. Ете јас на пример порано кога имав околу 15 години и јас се чувствував како тебе, бев понижена од многу луѓе, никој не ме сфаќаше, многу луѓе гледаа во мене со недоверба. Но ете како минува времето, сега сите ме гледаат одоздолу. Една работа е што се уверија дека јас не сум наркоманка како што тие мислеа, ниту сум некоја растуреница, туку сум една разумна и паметна жена, која додека студираше и работеше и се трудеше сама за секоја оцена добиена во индексот. А од кога се вработив сега каде што работам, им ја зачепив устата на сите. Сега ми велат:браво си го среди ти животот, плус и мажот ти се погоди!
    Со мака и труд се потигнува се, а не со одмаздување. Биди си трпелива, не греши душа на никој, биди упорна и се ќе си дојде на свое место !
     
    На lasthope, Sm.real и peperutkaa им се допаѓа ова.
  9. trlala

    trlala Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    35
    Ti voopsto si dobra. Gi imas najbliskite prijateli koi te sakaat. Toa e odlicno imas poddrska. Mene mi se sluci i moite najbliski, semejstvoto me predadoa, ponizija potcenija, pa povtorno mozam da kazam deka sum uspesna i se boram ponatamu vo zivotot. Ne bidi budala. Ti ne zivees za nikogo. Se sto loso ke ti se sluci i ne e taka loso, te pravi da bides posilna i pocvrsta, no i pomudra. Ne se odmazduvaj, no bidi mudra i razmisluvaj sledniot pat da ne ti se sluci toa sto sega ti se slucilo. Ne taguvaj, sredi se, postavi si celi vo zivotot i stremi se da gi ispolnis. Mene vo zivotov mi se slucija eden kup raboti, no zatoa sega sum cvrsta i silna i ke uspeam vo se sto ke posakam. Zatoa hrabro ispravi se devojko, postavi gi celite vo zivotot, doteraj se sredi se, veruvaj vo sebe (samodoverbata e najvazna), i trgni kon toa da uspees.Sekogas ima luge losi i zavidlivi koi nekomu sakaat zlo da mu nanesat. Nabljuduvaj gi takvite samo od strana i pazi da ne padnes vo nivnata zamka, i nemoj da bides premnogu doverliva kon nikogo, toa e klucot kako da se spasis. Ako povtoruvas vo sebe deka si silna i ako veruvas, ke uspees.
     
    На Leala му/ѝ се допаѓа ова.
  10. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    721
    Допаѓања:
    928
    Животот е составен од подеми и падови драга моја. Треба да знаеш само како да се носиш со падовите затоа што голем човек е оној кој кога паѓа, а не кука само ќе се истресе и ќе стане, ќе продолжи понатаму. Одмаздата е начин да се казниш самата себеси а не тие што те повредиле. Горчината е таа што го јаде твоето срце, а не нивното. Дури и да се одмаздиш ти немаш корист од тоа ти ништо не добиваш. Пак ќе остане празнина во тебе. Ќе се трудиш толку многу и ќе изгубиш скапоцено време само за да видиш дека не се помрднуваш од местото на кое што си не продолжуваш туку назадуваш. Затоа остави ги другите луѓе тие се само препреки што ќе те направат посилна личност, што ќе ти помогнат да бидеш ти. Еден ден и ќе им заблагодариш затоа што те научиле да бидеш борец. А тоа е најдоброто чувство на светот да знаеш дека и покрај се ти си испливала сама. Затоа остави ги другите и фокусирај се на себе. Само главата горе и ќе биде се во ред. Се надевам дека ти помогнав. Се најубаво :)
     
    На Leala му/ѝ се допаѓа ова.
  11. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.998

    Јас додека го читав ова почнав да те замислувам како психолошки случај...извини,ама да размислуваш како некому да му го загорчиш животот и само нанесувањето зло да ти биде единствен поттик за да продолжиш понатаму со животот е тотално несфатливо за мене.Или гледаш премногу психолошки трилери (читај се соживуваш со нив) или сериозно ти треба промена на стилот на живеење.

    Излези,дружи се,разговарај со родителите,другарките ако ти е тешко,најди си занимациија и не се преоптоварувај со секоја дешавка што нема да биде во твоја корист,уживај во животот а не си го труј мозокот ама сериозно те молам.
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.693
    Допаѓања:
    103.503
    Мене ме интересира мотивот за да почувствуваш толку желба за одмазда...Што толку те натерале да лазиш?!Како?!Што ти направиле?!
     
  13. Leala

    Leala Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    11
    Не во никој случај несакам да им го загрозам животот ,но тие што повеке ме гледаат како подобра личност повеке ми навлегуваат во приватноста и се повеке ме срушуваат.Подобро да им се одмаздам еднаш,за да престанат или повеке да се ''воспалат''.
    Грешка си ако мислиш дека сум психолошки случај,ајде кажи како ти би реагирала кога некој постојано ќе те гази и не ке можеш повторно да заздравиш,нели ке почуствуваш за момент како сакаш да изчезнат и тие и сите проблеми кои ти ги создале?
    Или пак мирно ќе гледаш како тонеш?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    200
    Како што кажа Лилит погоре,ако може малку подетално да ја опишеш ситуацијата..Што е тоа што предизвикало ваква омраза и желба за одмазда?Кој и што ти напрвил?Барем наведи две-три ситуации за поконкретни совети да ти дадеме,можеби нема да има потреба за одмазда,можеби сето тоа може да се реши на друг начин.Појасни ни,зошто нормално неможеш на крај краева исто да се одмаздиш на бившиот и на лажната другарка,зар не? :)
     
  15. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    2.101
    Потребно е да имаш многу самодоверба и да бидеш силна личност, ДА СЕ СПРОТИСТАВИШ, да покажеш дека не си ти најдена на улица па да те шуткаат како сакаат. Покажи ЗАБИ! Не чекај прилика за да се одмаздуваш - спречи другите да те повредуваат.Не верувај на секого... незнам што е проблемот за конкретно да ти кажам како би постапила јас!
     
  16. Leala

    Leala Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    11
    Па вака тоа ми беа 3-4 бивши „другарки“ па една ситуација еве ке ви наведам:
    Пред еден месец излеговме со момчето кое цел живот сум вљубена,наводно и тој чуствуваше нешто кон мене.На почетокот се договоривме врската да биде тајна па по една недела -две таа врска да премине во јавна.На второто излегување една од нив не виде (а на нејзе наводно само и се допаѓал,па што ако и се допаѓа јас цел живот вљубена сум во него,и не и се допаѓа само нејзе крај краева) и потоа почнаа да се шират муабети дека јас сум излегувала со мојот најдобар другар(а бевме излезени цело друштво,на кафе)ме праша дали е вистина ,а јас реков дека тие се такви да не им верува.И потоа тие си фатија врски со неговите другарки и тие го убедуваа и му кажуваа триста глупости.По некое време почна многу чудно да се понаша и се гледаше дека е крајот,па јас бев најповредената и бев принудена да му раскинам.И ве молам кажете како да не ми горчи душата кога го изгубив за тоа што живеев и тоа најмногу што го сакам?
     
  17. Leala

    Leala Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    11
    И покрај тоа и многу други работи ми измешаа,не им беше прв пат
     
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.962
    Не се труј со негативна енергија...не се труј со одмазди...Биди ти силна и докажи им дека не успеале да те погазат.А тоа ќе го направиш со тоа што ќе ги избришеш од твојот живот сите тие кои те довеле до оваа ситуација.Нив се ќе им се врати како бумеранг...животот е тркало.
     
    На Leala му/ѝ се допаѓа ова.
  19. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    2.101

    Бори се за тоа што го сакаш! Јас би го викнала на кафе, и би била искрена со него. Ќе треба малку повеке време да ја стекнеш неговата доверба. Бидете пријатели... Допишувајте се на мсн, гледајте се, излегувајте заедно со друштво. Пријателството е најдобар почеток на нешто посеризно... А ако веќе еднаш сте биле заедно, има шанси да бидете пак..

    А на бившите другарки покажи им дека ти си подобра од нив, и немој да паѓаш на нивно ниво. Секогаш кога ќе поминат покрај тебе ти биди насмеана и со крената глава... Јас би им упатила еден сожалувачки поглед... Најди си нови другарки или другари... Ехх колку само нови пријателства имам стекнато на ФБ или на МСН...

    Дружејки се со нови луѓе можеби ќе ја пронајдеш вистинската љубов, и ќе го заборавиш овој тип, ако не испадне ништо со него. Во средно си ја трескав главата по еден идиот за кој мислев дека ми е љубовта на животот, неколку месеци бев буквално во депреесија, па имав и здравствени проблеми поради тоа....А сега кога сум стварно заљубена, сфаќам дека сум немала врска што е тоа ЉУБОВ! А љубов е кога двајцата се сакаат :)
    Со среќа...
     
    На Leala му/ѝ се допаѓа ова.
  20. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    830
    Мислиш дека со одмазда подобро ќе се чувствуваш???
    Јас мислам дека напротив ти ќе се чувстуваш уште полошо и победно бидејќи се спуште на нивно ниво. Најдобро е да се одалечиш од тие што ти нанесиле болка, ако до сега не си се одлечила :D и да им докажеш дека она што ти го направиле не те соборило, туку напротив уште повеќе те зајакнало.
     
    На Leala му/ѝ се допаѓа ова.