Навистина имаш 19 години? Мислам дека на таа возраст добро можеш да процениш кој ти мисли добро а кој не.И ако момчето е на твоја возраст или поголемо,како дозволува да потпаѓа под влијание на некои твои "другарки" кои зборуваат лошо за тебе?Зарем не гледа дека не ти се вистински?!Мислам дека ова може да се реши со разговор да му ја објасниш ситуацијата на момчето дека тоа било само обично кафе со друштвото и ако сака и тој да успеете довербата е најбитна!А што се однесува до другарките..Избриши ги! Знаеш уште колку многу девојки има кои може да ти бидат добри другарки! Ти зборувам од лично искуство.Ако некој ти пакости во животот,воопшто не треба да биде дел од него.Тргни си ги од патот.
Не ми се верува дека на 19 години се замараш со вакви рекла-казала работи Ако дечково те сакал сигурно дека нема за такви глупости да ти раскине. Не сте деца мајка му стара. Па и плус тајна врска... Според мене проблемот е во него, ама ти од толку што си заслепена несакаш да сфатиш.
Значи не ми се верува дека некој на 19 години уште се замара со вакви работи. Ти девојче си опседната со твоите бивши другарки иако несакаш тоа да го признаеш. Тебе те боли тоа што те отфрлиле од друштвото. Впрочем јас сфаќам дека Македонија е мала и градовите во неа се мали скоро секој со секого се знае, ама сигурно можеш да ја избегнеш околината и опкружувањето на тие девојки. Најди си ново друштво што нема додирна точка со предходното и уживај. А тој копук што потпаѓа под туѓо влијание батали го. Слабаци во животот не ти требаат.
Таквите другарки во наводници, стави ги на игнор! Значи тргни ги на страна и не се дружи со нив! Поарно сама него со лошо друштво! А и тој дечкото чим не ти верува, а му верува на нив, значи дека не е дозреан сеуште! И на крај, биди успешна во учењето, истакнувај се барем во таа сфера, едноставно биди секогаш на врвот ете во тој поглед, ќе видиш колку ќе ти љубоморат! Таквите дури си им од корист ќе те користат, а од зад грб си ги покажуваат своите вистински лица, затоа те советувам прекини го изворот на користење...и едно големо игнор!
не знам зошто воопшто се замараш со вакви глупости, и јас се имам најдено во идентична ситуација, па воопшто не се замрав, едноставно и реков на девојката, што ти е тебе, што проблем си имаш со мене? следуваше ама не јас вака мислев, ова она.. и баталив, ме мрзеше да се расправам... најдобра одмазда ти е насмевката, само насмевка на лице и ќе си пукни од мака, немој да ја тераш да мисли дека успеала да те наневира, нанервирај ја ти и за дечкото, што се замараш бре не е единствен на светов
Јас одамна сум тргната од тоа друштво ,и воопшто не ми е криво што не се дружам со нив,единствениот проблем е што тие се замешуваат постојано(уште како недораснати)
Најдоброто решение е IGNORE верувај тоа најмногу ќе ги боли кога ке видат дека не се оптеретуваш и замараш со нив и дека не те допира тоа што го прават и запамети не е случајно што не останале во твојот живот тоа значи дека не се вредни да бидат во него гледај си се себе и за тебе да биде убаво има луѓе сто сакат и заслужубаат да бидат твои пријатели
негде низ форумов го сретнав ова, ете за тука е... If a girl ever steals your man, there is no better revenge then letting her keep him, because no good man, can ever be stolen...
Они недораснати а ти што си? Бараш начини за одмазди,се опседнуваш со глупости,е аман де Да не се сватиме погрешно,значи јас не мислам дека си ти психолошки случај како што ми напиша погоре,само ти кажав каква слика ми оставаш во главата со сето тоа што го кажуваш,а од кога сега и ја обелодени причината искрено веќе ми станува смешно. Да имаш 12 год па да речам ајде,мала е уште нема изградено свои ставови ама ти имаш 19 год,епа извини ама јас не сфаќам. Жалосно е што го губиш времето на небитни нешта,кога прв пат го објави постот помислив кој знае каква трагедија ти се случила не дај боже,ама твоите таконаречени другарки стварно не се причина за такви размислувања.Да не се повторувам,останувам на она што ти го пишав и во првиот пост,живеј го животот а не се труј со глупости,има многу поважни работи во животот
Најдобар начин за одмазда е заборавот и игнорирањето на таквите луѓе.И се разбира живеење на твојот живот најдобро што можеш!
А зошто упорно простуваш? Одмаздата не треба да ја насочиш кон нив, ти си си крива што си реагирала така на нештата и што упорно си одела со глава во ѕид. Болна е оваа желба за одмазда. Извини, ама доста си смешна со мислењево. Кој црн врв бре? Ќе се отрујам.
Најдобар начин на одмазда би им била кога би те виделе среќна и со насмевка на лицето,не дозволувај да те видат скршена, порази само пред своите пријатели и пред оние во кои си сигурна дека не би ти наштетиле, пред останатите секогаш имај ја насмевката! не мора ти да вратиш за ништо Господ ќе врати дупло за тебе !
Одмаздата може да направи да се чувствуваш подобро, но само за кратко. Затоа според мене најдобриот начин за одмазда е игнорирањето на таквите личности. Продолжи си со својот живот, биди насмеана, дружи се со луѓе кои те ценат и со кои се чувствуваш убаво. Другото само по себе ќе си дојде.
Остави, продолжи си ти со животот и гледај си ја својата работа. Нема потреба да се замараш со такви небитни луѓе, впрочем зошто и се ставаш на исто ниво со нив и да се однесуваш како нив. Биди над нив и покажи дека никој не може да те повреди, биди насмеана, среќна и уживај во животот. А шанса за да им вратиш ќе ти се појави кога најмалку очекуваш
хахахах земи едени стара и иди реши ги сите кои ти стојат на патот и оп троп на врвот си шала на страна да не се повторувам само ќе кажам дека се согласувам со девојките упсс мислев да земеш Сатар
Понекогаш на некои луѓе кои ти имаат многу згрешено, треба да им се одмаздиш. Но во спротивно не треба деновите да си ги расипуваш со такви мисли!