Jaс од што не вракав, од што не се одмаздував ми се качија на глава.Ке почнам да вракам зошто нема да дозволам некој да си игра со мене ко да сум партал на жица за алишта.Многу падови сум имала за мои години,секогаш се обидував да станам но по секое станување јас не сум истата.Епа човек треба да научи да биде некогаш и ладнокрвен.Оставете тоа ке му се врати еден ден како бумеранг,да да,5-6 години се врака.Да ке се врати ама самата јас ке го сторам тоа.Доста беше заебавање.
Ако те повредувале толку многу пати што си им простувала ?? Како и да е,мислам дека одмазнтата не е најдобро решение,ипак вистински живот е ова,не е сапуница па одмазда да бараш Остај се како што е,стај ги тие личности на игнор и крај.Тркалото се врти!!
Јас од постовиве што ги прочитав сватив дека ти некогаш си била во центарот на вниманието (врвот) но твоите бивши 3-4 другарки незнам дали од љубомора или што почнале да јадат гом*а (извинете за изразов) за тебе и ги свртеле скоро сите против тебе(на дното).И сега ти се чувствуваш толку огорчено бараш начин да им се одмаздиш не затоа што сакаш да им го згрозиш животот туку сакаш и они да видат како ти е , дека не е убаво тоа чувство и ако им се одмаздиш ќе се чувствуваш посмирено дека не си само ти таа што ја газат дека си им вратила,несакаш да мислат дека те уништиле,тешко ти е да преминеш преку тоа нели? Мое мислење е дека колку и да ти е тешко нема потреба од одмазда апсолутно ,имаш неколку блиски пријателки (сепак не си сама) кои се тука до тебе ти веруваат и ја имаш нивната подршка и ги имаш сите услови да ги игнорираш тие твои другарки кои ти нанеле зло.Да беше сама ќе се чуствуваше најверојатно 3 метри под земја и немаше да имаш храброст да се спротиставиш.(ако добро сум ти ја сватила ситуацијата ако не корегирај ме) пс:Не моли го Бога да ти го олесни товарот,туку моли го Бога да ти ги зацврсти плешките.
Најдобар начин за да им се одмаздиш на тие што ти нанесуваат зло е да Успееш во Животот,без разлика во кое поле ќе успееш дали ќе се надоградиш во своето образование,или било што,верувај тогаш ќе немаат никаков начин како да те уништат бидејќи и тие а и самата ќе знаеш дека си подобра од нив во секое поле а тие само ќе можат да пукнат од мака.
Многу често сум имала желба за одмазда, ама и таа брзо ќе поминела. Јас не би се труела со такви ствари. Едноставно оставам на времето и на самите луѓе. Човек сам на себе како што може да си направи, никој друг не може.
Нема подобар начин на одмазда од тоа, да заборавите некого и да си продолжите со животот. Самиот факт дека сте успеале да го направите тоа ќе го измачува оној што ви наштетил, мада не тоа треба да ви е причина поради која ќе си продолжите по патот со облаците. Лично за вас го правите, за да се чувствувате подобро.
Па ти како што гледам цела енергија ја насочуваш кон одмазда и зборуваш доста негативно без лутење,а зошто кога толку те повредиле со секое повредување не елиминираш луѓе од твојот живот кој не вредат па цела таа енергија која ја имаш ја насочиш во твојот љубовен живот во твоето образование или било што па за тие кои те повредиле да успееш на било кое поле ќе биде најголема казна и навреда што изгубиле некој како тебе а ти ќе си го тераш напред животот. Мислиш дека никој од нас не бил повреден?па се лажеш секој од нас бил повреден е и ќе биде таков е животот има падови и искачувања неможеш да очекуваш и да мислиш дека од сега па натаму нема поќе да бидеш повреден до крајот на животот едноставно тоа е против природата,луѓето грешиме повредуваме навредуваме истото ни го прават и нас тоа ти е животот
Според мене најдобар начин на одмазда е да успеам во животот, да си докажам самата дека можам да бидам уште подобра. Да застанам цврсто на нозе и секако билошто да се случи тоа да ми биде плус лекција во животот. А времето си го прави своето на непријателите животот ќе им наплати дупло.
Нема потреба да се одмаздуваш, тоа животот сам си враќа... Најдобра одмазда за непријателот е личниот успех
Најдобра одмазда - БИДИ СРЕЌЕН. Креирај си го животот како што сакаш. Кога ќе видат дека не им обрнуваш внимание и дека си го тераш животот - полудуваат.
Само еднаш ми се има случено да мразам некој од дното на душата, да посакам да и се случи се најлошо на таа особа...но не превземав ништо нормално, оставам тој горе да си ги реди коцките... Но сепак и после толку време поминато, и покрај тоа што чуствата се изладени, ако некогаш ми падне во раце совршена прилика за одмазда, нема да се двоумам...
И јас сум била понижувана и исмејувана..но не преземуви ништо во свои раце..се ќе им се врати..Господ гледа од горе и тој знае што и како ќе биде
И јас имав една таква "другарка". Прво ме отфрли, без некоја посебна причина, и по некое време пак ме бараше затоа што веќе немаше кај кого да се обрати (кутрата, немаше другарки од толку зборење го**а за другите, пардон на изразот). Се сложувам со претходните постови, дека да успееш во животот и да продолжиш понатаму е најдобрата одмазда, односно да си се држиш до својот став! After all, животот не запира тука, нели?
И јас мислев дека ми го уништи некој животот, но не било така. Тоа помина, јас преживеав и на крај памет не ми падна да ја мразам таа личност. Тоа е .. толку интензивно негативно чувство што не мислам дека некогаш ќе го доживеам. Не велам дека сум светица, но многу луѓе ми згрешиле во животот, а јас на никој од тие не сум им посакала лошо. Кога се случи тоа што се случи јас кажав едно И така се случи. Повеќето луѓе видоа, сфатија. Не можам да кажам дека ми е мило, но не ми е сеедно. Си го доби заслуженото. Was that karma or what? СОВЕТ: Нема потреба од одмазда, ослободи го твоето срце од омраза, почувствувај ги позитивните вибрации, гледај на светлата страна на животот. Никој не може да ти наштети без твоја дозвола. Ти избираш дали ќе се нервираш и ќе се одмаздуваш или ќе го живееш животот понатаму.
ПОМОШ!!Имам една наводна другарка која не третира мене и уште две другарки како тестери(така и кажала на едно друго девојче)Кога сме заедно ќе земе една ќе ја одвлечка на страна и ќе шепка нешто.. Сите тајни што ги знае ги издава и кога ќе помине некое машко или ме бутка во него или вика оваа те сака(Ќе испадне јас сите ги сакам)Незнам како да и ја затнам таа чорапата ..