Начин на исхрана

Дискусија во 'Диети' започната од inn, 25 април 2012.

  1. inn

    inn Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    29
    НАЧИН НА ИСХРАНА


    Појадок:
    • 1 цитрон,1к.л. цимет, 1к.л. мед (цедено заедно измешано во вода)
    • 3 варени јајца
    • или мусли,овесни снегулки со 0,5% масленост мелко или со 1%масленост јогурт
    • кафе или зелен чај
    • кокосово масло


    Ужинка:
    • бадеми,лешници, ореви, суви смокви,сушена брусница, урми (10,една врста плод, без сол или шеќер)
    • или марула салата, краставица, патлиџан, пиперки, брокула
    • авокадо
    • или јагоди


    Ручек:
    • чили пиперка(во салата,со месо, со ориз,ваш избор,задолжителна е за ручек)
    • риба (секаква на скара)
    • ако ужинката не ви била салата тогаш во ручекот вклучете ја
    • 250г стек пилешки (варен или печен без масло на скара)
    • или варен ориз (не во комбинација со пилешко)
    • или супа без тестенини



    Ужинка:
    • 3 варени јајца (доколку сте немале за доручек)
    • 10 несолени бадеми
    • црно чоколадо (над 70% какао маса)


    Вечера:
    • истото од ручекот (преполовено)
    • или чаша јогурт 1%масленост (доколку не сте имале доручек со јогурт)
    • или чај
    • или салата (ваш избор)



    Внесувајте !
    • 2 до 3 литри ВОДА на ден!
    • Шеќерот заменето го со МЕД!
    • Солта избегнувајте ја колку можете повеќе!
    • Кафе внесете пред тренинг!
    • После тренинг внесете протеини (мелеко, чоколадно млеко,јогурт)
    • Витамински таблети + омега3 + 1000мл витаминЦ



    Вежбајте!
     
  2. inn

    inn Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    29
    јас го практикувам овој начин на исхрана...
    пробајте да јадете без сол и шеќер, па резултатите ќе ви дојдат многу брзо
     
  3. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.057
    А овој начин на исхрана сама си го смисли или?
     
  4. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    1.345
    Пол:
    Женски
    и јас читав дека кокосовото масло е добро за слабеење..ме интересира колку да се пие и каде го купуваш?
     
  5. inn

    inn Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    29

    не ова ми го дадоа во теретана кога вежбав, и искрено јас имав одлични резултати
    а и со гледам по сајтовиве за здрава храна и начини на исхрана сите овие работи ги содржи, така да пробај.. :)
     
  6. inn

    inn Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    29
    кокосово масло најдов во веро кај сосовите со стојат, имало и во тинекс, а на нет има сигурно да се нарача
     
  7. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.386
    jas za pojadok pojaduvam ovosje, rucekot kifla,a vecera salata pa uspeav do sakanata tezina dobro uste nekoe kilce da simnam dobro ke mi dojde!pozdrav
     
    На inn му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.788
    Допаѓања:
    2.546
    Пол:
    Женски
    И јас се придржувам горе доле на овој начин на исхрана и навистина има ефект и што е најбитно не чуствувам глад. Лани ослабнав повеќе од 10 кила само на овој начин на исхрана и со вежбање и трчање :)
     
  9. Clumsy.girl

    Clumsy.girl Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Дечки сакам само да прашам.
    Бидејќи насабајле не јадам во школо и после тоа кога ќе се вратам дома јадам и така многу ми се дуе стомакот. и сега сакам насабајле да си направам сендвич за во школо ама незнам со што да го направам за да не биде многу калоричен/.. не држам диета ама не јадам многу благо ако јадам-јадам 2 пати неделно по малце,избегнувам многу мрсни храни .. такви што дебелеат итн.... и сега кажете ми со што да го направам сендвичот? :$ :P
     
  10. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    3.016
    Пол:
    Машки
    Интегрално лепче и зеленчук,само тоа.Или ако сакаш можеш да додадеш и туна,или некој друг вид на сецкана риба. :)
     
  11. Clumsy.girl

    Clumsy.girl Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Јас сакам пак да прашам нешто.
    Другата недела на 20 Мај идам во Турција од играорна.. а кога ќе се вратам отприлика после 1 недела ми е полуматура.. и сега ми е страв да не се поправам дека ќе јадам и ќе седам во автобус. нема сигурно да легнам на сред автобус и вежби да правам :D .. ве молам кажете ми на пр што да јадам.. Дали од кифлите ќе се здебелам .. :$ :$ :?:
     
  12. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.093
    Епа зависи каков метаболизам имаш. Пример некој ќе јади цело време и ќе седи, а нема да се здебели а некој ако не се движи, па макар и малку да јади можи одма да се здебели. Се зависи од метаболизмот. Не можиш да вежбаш ама сигурно ќе имате таму напорни проби, значи сепак ќе си физички активна. И пиј повеќе вода ;)
     
  13. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    160
    Зашто да ја избегнуваме солта? Каква улога има во слабеењето? за шеќерот знам.. :)
     
  14. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    15.491
    Како најважно ќе издвојам дека ја задржува водата во организмот, што не е воопшто препорачливо, а меѓудругото го покачува и крвниот притисок.
    Значи што повеќе употребуваме сол, толку поголем ризик имаме и сме склони кон срцеви болести.
    Па поради тоа, треба внесот на сол во организмот да го сведемее на миимум.
    Значи не зборам само за улогата што ја има солта за врее на слабеењето, туку општо..
     
    На inn и biggirlsdontcry им се допаѓа ова.
  15. Clumsy.girl

    Clumsy.girl Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    таму немаме проби само пред да идеме имаме. таму само настапи
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.932
    Допаѓања:
    49.888
    Пол:
    Женски
    Мојот начин на исхрана:

    Појадок 08:30
    1 чаша вода, 1 чаша чај Термоџетик од Хербалајф и шејк од чоколадо од Хербалајф

    Ужина1 11:30
    Неколку овошја, на пример: банана, цитрон, киви, јаболка, портокал, мандарини, јаготки, црешки... 3-4 овошја

    Ужина2 (со оглед на тоа што не можам да ручам додека сум на работа ги заменив ужината2 и ручекот) од 13 до 14
    Ладен сендвич со растителен кашкавал и зеленчук; Салата купечка; Ѓеврече и јогуртче; Некакво пециво, па макар и сендвич некој во критичните денови пред добивање

    Ручек од 16 до 17
    Печен ориз; Супа од зеленчук; Печени компирчиња; Некакво мевце; Салата со туна и воопшто салата со било каков ручек; Манџичка кога можам да си направам; Палента... Било каков класичен ручек, се разбира или со црно лепче или без него.

    Вечера најкасно до 21:00
    Кога немам никаква идеа што би вечерала си правам пак шејк, но во избор влегуваат салата, јаткасти печени плодови: ореви, лешници, бадеми, семки, сончоглед и слично печени без или со сосем малку сол.

    Секој ден пијам по 3-4 литра вода без претерување, 3 кои ми следуваат со килограмите и уште литро од кафето, со оглед на тоа што пијам 2-3 кафиња на ден. Понекогаш оброците се менуваат со оглед на тоа како ми е ангажиран денот, понекогаш додавам уште една мини ужинка од оние јаткасни плодови пред крајот на работното време. Понекогаш и се почастувам со порција сладолед или нешто слатко, па и мојот организам има потреба од нешто чоколадно и вкусно нели. Пијам наутро и пред ручек една мултивитаминска таблета и две растителни влакна. За точно еден месец ослабев 5 килограми и 9 см во обем, една недела после тоа мерење ослабев уште 2 килограми. Сеуште немам некакви особени физички активности така да овие килограми ми се буквално подарок од Хербалајф. Овој начин си го направив сама според моите амбиции, начин на исхрана и можности. Се надевам дека ќе го практикувам барем една година за да се ослободам од овие непосакувани килограми кои полека но сигурно одат во неповрат. Ви посакувам на сите многу среќа и немојте да си го скратувате задоволството да не се грижите за својот изглед и здравјето пред се, затоа што здравјето влегува преку устата. Сечив биоритам може да се прилагоди на одреден режим, најважно од се е да се почитува, тешки се првите 3 недели после тоа кога и резултатите ќе се покажат се е поинаку, сите забележуваат а тебе егото ти се полни.
     
    На Cence му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    482
    Пол:
    Женски

    Татко ми е дистрибутер на хербалајв во мојот град и баш се мислев дали да започнам да го користам, добра идеја само ме интересира дали ова што дневно го јадеш придонесува да ја намалиш тежината !?
    И дали ги пиеш мултивитамините и фиберот од хербалајв?
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.932
    Допаѓања:
    49.888
    Пол:
    Женски
    Ги пијам, реков една мултивитаминска и две растителни, наутро и пред ручек. Досега имам ослабено 7 килограми за месец ипол, пред две недели бев намалила 9 цм во обем, за две недели имам мерење. Воопшто да не му ја мислиш, поготово што татко ти работи со Хербалајф, па ај да откриеме тајна ќе си јадеш поефтино, по набавна што би се рекло. Јас сум презадоволна, имам енергија, слабеам, се чувствувам преубаво, немам големи менструални болки, немам главоболки што е најдобрата работа за мене и пак, имам енергија да го поминам денот и да го завршам квалитетно. Ти посакувам среќа, ова е мојот начин кој ме направи задоволна со себе!