Ако сум со палто/сако, капут, јакна обавезно на нив. Потоа кога носам марама-обавезно и на неа. И на џемпер исто. И стандард, зад уши. Толку.
на плусните точки,на вратот,на чешелот за коса па потоа се чешлам а на облеката го избегнувам поради флеки...ако носам палто ставам и на него и на марама ако носам...
Парфем нанесувам зад уши,на зглобовите на рацете т.е на пулсните точки бидејќи таму најдолго трае парфемот а имам слушнато дека за уште толку да се продолжи траењето на мирисот пред да се нанесе парфемот малце да се навлажни местото со вода па потоа таму да се прсне од парфемот...уште го немам испробано тоа ама планирам тие денови да проверам дали стварно делува....инаку парфем си ставам и на средината на вратот и толку,додека на облеката не преферирам ради флеки.
Правилно нанесување парфем Составот на парфемот, состојбата на вашата кожа, како и местото на кое го чувате парфемот, имаат силно влијание врз трајноста на мирисот на вашиот омилен парфем. Сензуалниот мирис на личноста претставува знак на женственост и мистериозност и привлекува внимание. Затоа, научете како правилно да го употребувате вашиот парфем и прочитајте ги нашите совети. *Правилно: Исто како и на шминката, и на парфемот му е потребна подлога. Ако парфемот се нанесе на сува кожа, неговиот мирис брзо ќе исчезне. По туширањето, нанесете лосион за тело што претставува одлична подлога за парфемот, бидејќи мирисот се задржува подолго на помасна кожа. Парфемот се нанесува на пулсните точки: мало количество се нанесува и зад ушите, на зглобовите, на внатрешната страна на лактите и колената. На овој начин мирисот на вашето тело ќе остане подолго поради топлината на овие места. *Погрешно: Триењето на зглобовите на рацете е најчестата грешка кога се нанесува парфем. На тој начин се уништува структурата на парфемот. Нека ви стане навика да го нанесувате парфемот пред да се облечете, бидејќи на овој начин ќе спречите облеката да се измасти. Парфемот треба да се чува во оригиналната кутија и да не се остава на сончева светлина или на топло место. Внимавајте никогаш да не претерувате со нанесувањето на парфемот, бидејќи ќе добиете спротивен ефект од посакуваниот.
Околу вратот еднаш прскам Спојлер Незнам зошто ама кога се прскам таму мора мозолчиња да ми излезат На облеката, на косата, на зглобовите
Насекаде ставам ама умерено и повеќе преферирам на облеката да ставам одколку на кожата зашто подолго ми трае и до сега ми нема направено флеки ) и баш сакам да ја пробам финтата со вазалинот
Секадее.. ама буквално се бањам во парфем..прво ставам на вратот,на деколтето..на глуждовите,позади колената и после си правам облаче од парфем и поминувам под него..а даа ..и на облеката и на четката за коса пред да се исчешлам... Eвентуално ако сум во брзање или ме мрзи да ги правам сите овие процедури набрзинка си ставам само на пулсните точки и тоа е тоа...