И јас знам некогаш да ставам многу парфем , па после да ми се лоши од сопствениот мирис . При крај на школската година си отидов дома зошто ми се слоши многу , многу ставив
Темава за мене би била..Како да се банњате во парфем Секогаш го прам тоа, којзнае оти, ко да немам видено. а убаво си велат луѓето,сосем доволно е на пулсирачките места, зглобови, врат, позади колена..ама на кој
Никогаш не ми текнало позади колена да ставам, ни на крај памет. А и сега ми е смешно да се замислам да ставам позади колена Јас шприцам насекаде, најмногу на коса, позади ушите, вратот, е сега знам некогаш и на блузите ама од подалеку, божем флеки да не ми се познаваат Ама добро е, не сум претерала досега па да ми се лоши
Парфем ставам на врат, позади ушите и на облеката прскам отподалеку. На коса не ставам, бидејќи на неа ставам креми за коси од кои преубаво мириса, нема потреба парфем за на други места си е наменет тој. И не прскам по многу од парфемот, сакам дискретно да мирисам кога човек ке се доближи малку до мене, а не на 1000км да мирисам. Исто и кај машки, ми се лоши ако многу копа на парфем. Сакам измешано, неговиот мирис на кожата, и дискретен мирис на парфем.
Се согласувам со Lacrimosa Јас ставам обично позади уфцињата, и на пулсните точки,понекогаш на коса по малце, бидејки стварно ми е некако убаво косата кога убаво мириса Исто, сакам да мирисам дискретно,односно кога си близу (не превише) до мене, да осетиш а не од 100 киломтери да ме познаеш дека доагам Инаку и мене ми се има десено да ставам премногу парфем и после да ми се лоши, у моментот после проага, и да мора да се двишкам у место,за да ја избегнам миризбата И така..обожавам парфемчињаа
Па скоро секогаш си ставам на левата и десна страна на вратот а кога е да речеме " посебна " приликата , си ставам и позади ушите внатреноста на раката, косата, облеката, од горе до доле едноставно ќе се угушам во парфем хахах
И јас така но ме нервира тоа што ако ставам премногу парфем почнува да мириса на алкохол наливно и после тоа испарува за 5 минути...
зад ушите на вратот на на рацете кај зглобовите и на косата..........а некогаш може и на секаде од далеку да се напрскамза да не остави флека некаде на алиштата
На пулсните точки, на вратот, позади ушите, на облеката понекогаш ама од далеку заа да не останат флеки.. Отакако ќе нанесам на овие места, ништо чудно да почнам да прскам кај ќе стигнам Затоа многу брзо ги трошам парфемите, мајка ми вика абе се бањаш ли во нив ти
Hезнаев дека фрижидер се чувале парфемиве,сега сите ке ги наредам како пиво мала шала,незнаев вистина,можеби има ефект
нанесувам парфем на вратот, на деколтето , на рацете, и секако на пулсните точки незнаев дека треба да се чуваат пафмемите во фрижидер и незнаев дека Ланком имаат и парфеми