Само под носот, да не се арчи за џабе Во последно време цела се прскам, па седам 5 мин на балкон да изветреам малку.
На пулсните точки, особено некаде каде што треба да се танцува, кога се потите најмногу се потите на пулсните точки и тогаш најмногу се испуштаат мирисните ноти од парфемот.
Во зависност, каков парфем нанесувам Ако е некој од Авон или Орифлејм, ставам насекаде, да не речам цела соба да стане парфем А ако ставам од оригиналите, ставам позади ушите, на пулсните точки и по еднаш на пулсните точки на рацете. 4 пати
ја ставам парфемче на таканаречен француски начин како да ви објаснам? паа, го шприцам напред пред мене од високо и веднаш потоа застанувам под него и така парфемот паѓа буквално врз мене.. а да и секако позади увцето
Во лето имам неколку “критични“ точки за ставање хаха. На рамениците, на зглобовите од рацете и на вратот во пределот под ушите Во зима се поминува и само со вратот. Но, ќе се согласам дека тоа колку ставам зависи и од квалитетот на парфемот. Доколку е некој поефтин го сприцам насекаде, се туширам со него, а доколку е накој посолен, богами си го штедам
Парфемот обично се става на пулсните точки,бидејќи таму најмногу трае но исто така и ставам на коса но никогаш не ставам на облека...
Ја па имам грда навика, највише прафем ставам на облека а свесна сум дека тука најбрзо се ветрее ретко ставам на пулсните точки и секогаш сметам дека одбирам погрешни парфеми затоа што после краток период не чувствувам ништо од мојот парфем. Поздрав.
На вратот прскам пообемно и по еднаш прскам на пулсните точки на рацете, без разлика за каков парфем се работи (дали е оригинал или не)
Секогаш ставам на вратот, позади ушите и на дланките (на пулсните точки). Понекогаш ставам и на косата, а на облека никогаш.
Не сум некој манијак за парфеми, битно јас секогаш ќе нашприцам 100 милилитри дезодоранс, особено на лето, па парфем може и да заборавам (не често но сепак знае и тоа да ми се случи ). А кога не заборавам тогаш ставам на врат два-три пати си шприцнувам, и потоа по цели раце уште така едно 5-6 пати, ако ми се голи нозете и таму малкуцка и така. Откако ќе се „напарфемисам“ ретко кој се осмелува да влезе во вц или во соба после мене, зошто тоа не мириса туку веќе почнува да смрди , но мене ми е убаво кога сум си целата таква-миризлива
Јас ставам на вратот , на рацете и на блузата и никогаш не ми се познавале флеки .. А може да го објасните тоа прскање позади колената , прв пат слушам за тоа ??