Начин на нанесување на парфемите

Discussion in 'Парфеми' started by RedRose97, Aug 29, 2010.

  1. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Joined:
    May 14, 2012
    Messages:
    5,864
    Likes Received:
    32,486
    Gender:
    Female
    Не ставам премногу парфем на мене, ставам позади ушите, на рацете кај зглобовите и шприцам во воздух и поминувам, за да опфати и на друго место ;)
     
  2. ocila

    ocila Истакнат член

    Joined:
    Apr 20, 2012
    Messages:
    5,513
    Likes Received:
    1,901
    Јас ги нанесувам на вратот и на пулсните.Кога одам на забава на рацете а кога ке играм повеке да се осека.
    КАКО ДА ГО УПОТРЕБУВАТЕ ПРАВИЛНО?
    Нанесувајте парфем на чиста кожа. Не користете лосион или млеко за тело што има различна арома од аромата на вашиот парфем, затоа што во таков случај парфемот нема да го има вистинскиот мирис. Ако сакате да искористите млеко за тело, најдобро е тоа да биде од истата линија.
    Колку парфем ќе нанесете зависи од неговата концентрација. Парфемите со ознака Eau de Parfum имаат поголема концентрација на етерични масла. Тие имаат поинтензивна арома и треба да ги нанесувате внимателно врз пулсирачките точки над дланката на раката, зад ушите и зад коленото. Ако користите тоалетна вода, концентрацијата на етерични масла е пониска. Во таков случај можете да нанесете поголема количина на пулсирачките точки или да направите облак од тоалетната вода и да поминете низ него.
    Нанесувајте парфем на кожата, а не на облеката. Прскајте се со парфем пред да облечете алишта. Во никаков случај не нанесувајте парфем на облеката. Повеќето од парфемите оставаат мрсни флеки, а аромата може да стане непријатна по извесно време.
    Чувајте го парфемот во неговата кутија. Додека парфемот е во опаковката, тој испарува побавно и е позаштитен во случај да го оставите на сонце.
    Како подолго да го зачувате пријатниот мирис на парфем?
    Користете вазелин или лосион со ист мирис пред да се прснете
    Сувата кожа не ја задржува долго пријатната арома на парфемот. Исто како шминката, и парфемот трае подолго ако го нанесете на добра основа. Најдобриот избор е лосион од истиот бренд со ист мирис како и парфемот. Често се продаваат комплети лосион и парфем со иста арома. Нанесете прво од лосионот, а потоа прснете од парфемот. Но, никогаш не ставајте лосион со силен мирис различен од оној на парфемот, бидејќи мирисот на лосионот ќе го промени мирисот на парфемот.
    Ако немате соодветен лосион, ваш најдобар пријател е вазелинот. Ставете малку вазелин на пулсните точки пред да се напрскате со парфем. Ова е најефективен и најевтин трик за продолжување на долготрајноста на парфемот.
    Ставајте парфем на пулсните точки
    Коко Шанел советуваше да го нанесувате парфемот секаде каде што сакате да бидете бакнати. Иако тоа звучи доста интересно, не треба да заборавате дека парфемот е непријатен на вкус, па ако навистина очекувате да бидете бакнувани, подобро е да се прскате на внимателно избрани места.
    Ние ќе кажеме – нанесувајте го парфемот на пулсните точки (на рачните зглобови веднаш над дланките, на внатрешната страна на лактите, во основата на грлото и зад ушните ресички). Областа од нозете зад колената и внатрешноста на глуждовите се пулсни точки кои не треба да ги потценувате. Имајќи предвид дека аромата на парфемот се движи нагоре, овие точки се доста моќни. На пулсните точки крвните садови се најблиску до кожата. Тие зрачат со топлина, која придонесува мирисот на парфемот полесно да премине од вашата кожа во воздухот.
    Но, парфемот нанесен на пулсните точки поради топлината побрзо исправува. За подолго да трае мирисот на парфем на вашето тело, напрскајте се на деколтето. Така мирисот бавно ќе се пробива низ облеката во текот на целиот ден, а вашето присуство ќе мами воздишки.
    Никогаш не ги тријте зглобовите на рацете по нанесувањето на парфемот
    Многумина имаат навика да ги тријат зглобовите на рацете по нанесувањето на парфем. Но, со тоа не си прават услуга. Триењето создава топлина поради која парфемот ќе испарува со поголема брзина. Со триењето побрзо се ослободуваат горните површински ноти на парфемот и се променува неговиот мирис.
    Напрскајте ги малите бебешки влакна од косата на задниот дел од вратот
    Сакате некој да остане маѓепсан од вашиот парфем кога ќе ви се доближи? Ставете малку парфем на бебешките влакна на задниот дел од вратот. Парфемот ќе се „залепи“ за влакненцата и ќе трае подолго, а ќе се ослободува во воздухот постепено додека се движите.
    Напрскајте ја четката за коса пред да се чешлате
    Парфемот е штетен за косата, бидејќи го суши влакното. Но, многу жени решаваат да го игнорираат тој факт кога сакаат да бидат неодоливи, па неконтролирано прскаат парфем директно во косата.
    Воопшто не е лоша идејата да ја намирисате косата, бидејќи мирисот ќе биде ослободуван на интервали и ќе ви трае цел ден. Сепак, најдобро е да ја парфимирате косата индиректно. Прснете врз четката за коса, почекајте 2-3 минути за парфемот да се исуши и потоа исчешлајте ја косата.
    Никогаш не нанесувајте парфем на нечиста коса
    Погрешно е да си мислите дека парфемот ќе ви помогне да го освежите мирисот на вашата коса кога сте немале време да ја измиете. Мирисот на парфемот ќе се измеша со миризбата на природните масла кои ги лачи скалпот и резултатот може да биде непријатен за носот.
    Миризлив облак од парфем – ефективно, но скапо нанесување
    Многу претставнички на понежниот пол со неколку прскања создаваат „парфемски“ облак и поминуваат низ него за парфемот да се нанесе рамномерно врз нив. Иако ова е ефективен начин за нанесување на парфем, не е излишно да се спомене дека е скапо. Ако не сакате парфемот да исчезне кратко време откако ќе си го купите, нанесувајте го стратешки, без да го трошите залудно парфимирајќи го воздухот.
    Секогаш нанесувајте парфем пред да се облечете и да ставите накит
    Парфемот не треба да биде последниот чекор во вашиот ритуал за разубавување пред излегување. Некои парфеми оставаат флеки врз облеката, па поради едно прскање може вашиот омилен фустан или вашата деликатна кошула да останат со перманентна дамка.
    Освен врз облеката, парфемот може да остави флека и врз металот, бисерите и различните камења кои се користат при изработката на накит. Хемикалиите од парфемот може да предизвикаат промена на бојата и гребење на сјајот на накитот.
    СКЛАДИРАЊЕ НА ПАРФЕМОТ
    За мирисот на парфемот да остане непроменет, многу е важно да го чувате правилно. Складирајте го парфемот подалеку од силен извор на светлина или топлина. За да го заштитите од сончевите зраци, никогаш не го оставајте блиску до прозорец. Парфемите треба да се држат на суво, темно и ладно место.
    Зачувајте ја оригиналната кутија на парфемот и чувајте го во неа. По секое користење добро затворајте го капачето за да го спречите непосакуваното испарување.
    Парфемите се прекрасен додаток во женските козметички колекции и многу од нас си прават мали колекции. Имајте на ум дека рокот на траење на парфемите е 3 до 5 години. Ако забележите дека парфемот си ја променил бојата или мирисот, фрлете го.
    За крај... многу е важно да не претерувате со парфемот. Не треба сите веднаш да почувствуваат како мирисате кога ќе влезете во некоја простотија. Тие треба да го намирисаат вашиот парфем откако ќе се доближат до вас, при секое ваше движење.
    Секој има различен вкус за парфеми, па она што вам ви се чини дека е фантастичен парфем, на некој друг може да му е одбивен. Бидете поделикатни при користењето.
    Мирисот на парфемите трае 4-8 часа, во зависност од квалитетот и концентрацијата на миризливи есенцијални масла. Носете си мало шишенце в чанта и по одреден период, ако почувствувате дека е потребно, нанесете нов слој.
     
    detelinkaa likes this.
  3. Sartela

    Sartela Истакнат член

    Joined:
    Jun 21, 2012
    Messages:
    124
    Likes Received:
    24
    на пулсните точки и на косаата :D
     
  4. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2011
    Messages:
    669
    Likes Received:
    667
    На вратот кај ушите, на пулсните точки и на деколтето. Не трпам премногу парфем на мене. Ми се лоши.
     
  5. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Joined:
    Jul 2, 2010
    Messages:
    2,273
    Likes Received:
    8,906
    На пулсирачките места, вратот ,зглобовите на рацете. За да трае подолго парфемот.
     
  6. detelinkaa

    detelinkaa Истакнат член

    Joined:
    Jan 18, 2012
    Messages:
    150
    Likes Received:
    60
    Парфемот го нанесувам на вратот, деколтето и над дланките. Ми се случува и да прснам на косата. :)
     
  7. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Joined:
    Mar 9, 2012
    Messages:
    4,997
    Likes Received:
    96,216
    Gender:
    Female
    Јас ставам на пулсните точки на зглобовите на рацете, зад ушите и позади на вратот (под косата). Последново обавезно го правам, зошто сум забележала дека поради движењата кои ненамерно ги правам (дали кога ја подместувам косата, дали кога ја подигам ако ми е топло, дали со вратот и сл.), доволно, а сепак ненападно се чувствува мирисот, а јас сакам така ненападно да се шири мирисот околу мене :D Воедно и косата така ми се умирисува на парфемот без да прскам директно на неа. :)
     
  8. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Joined:
    Feb 18, 2012
    Messages:
    1,252
    Likes Received:
    1,100
    Зад ушите, на вратот и на пулсирачките места на рацете.
    Иначе имав слушнато дека парфемот ако го чуваш во фрижидер подолго траел? Вистина е ова или... :^)
     
  9. Talita

    Talita Популарен член

    Joined:
    Nov 14, 2011
    Messages:
    945
    Likes Received:
    1,417
    Gender:
    Female
    Обично зад ушите,по вратот и по рацете. Некогаш и на коса на нозе и така.
    Зависи од парфемот,ако е некој поскап не прскам баш и многу а ако не тогаш ојде половина за едно излегување :D
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,343

    Бидејќи не е топло во фрижидер и не испарува. Ако го добро затвориш немаш гајле. Кој бре мери 0,001мг испарување :D на ден
     
  11. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Joined:
    Apr 30, 2012
    Messages:
    1,427
    Likes Received:
    1,935
    Ја па неам мерка кај ке ми текне прскам и коа искачам ме прашуваат дали се бањам у парфем :rofl:
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Staff Member

    Joined:
    Aug 19, 2010
    Messages:
    19,352
    Likes Received:
    82,000
    Gender:
    Female
    Јас обично нанесувам на пулсните точки кои веќе сте ги спомнале - зад ушите и на рацете, кај што се мери пулсот. Прскам и на деколтето, по облека многу ретко.
    Многу ме иритира кога некој буквално носи по себе цел облак од парфемот. Премногу е бре луѓе. |(
    И ваквите секогаш ме тераат на кивање. Најозбилно.
    Најубаво малку, да се чувствува мирисот кога некој ќе те гушне или кога ќе застане во твоја близина, а не вака од цел километар да труе на парфем. Па најубав мирис да е, ќе му се згади на човек. :puke:

    Добар трик е тоа со вазелинот, ќе го испробам уште вечерва и ќе споредам баш дали и колку има ефект. :wasntme:
     
  13. pupymor

    pupymor Активен член

    Joined:
    Jul 5, 2012
    Messages:
    31
    Likes Received:
    2
    ставам на секаде 8)
     
  14. tea4e

    tea4e Популарен член

    Joined:
    Jul 11, 2012
    Messages:
    3,410
    Likes Received:
    3,148
    Па....не се трујам од парфеми!
    Околу вратот и кај зглобот од рацете... :D
     
  15. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Joined:
    Jul 7, 2011
    Messages:
    916
    Likes Received:
    2,182
    Исто..
     
  16. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Joined:
    Aug 17, 2012
    Messages:
    137
    Likes Received:
    70
    Ме мрзеше да ги читам сите страни па незнам дали некој го дал овој совет..Кога нанесувате парфем предходно ставете ист таков лосион на местото ако имате и нашприцајте парфем,а ако немате таков лосион тогаш ставете вазелин и од горе парфем.Проверено - многу подолго трае. :D
    Секако вие нема да се мачкате цела со вазелин па да се лизгате :D
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,770
    Likes Received:
    23,804
    Gender:
    Female
    Многу е важно

    1. да избереш квалитетен парфем и

    2. да го избереш вистинскиот парфем за тебе (затоа што секоја кожа има свој специфичен мирис и затоа убаво реагира само на одредени мириси).

    Според мое искуство, кога овие два услова се исполнети, тогаш не ни има потреба многу да се шприцаш за мирисот подолго да трае. Барем во мојот случај е така. Неколку пати се случувало, еден оригинален парфем со мирис кој ми одговара на кожата да ми трае подолго од 6 “обични“ да ги речам и со мирис шо не ми одговара иако се 6 пати поефтини. Прскам минимално на пулсирачките точки и мирисам 2-3 дена.
     
  18. Darya

    Darya Истакнат член

    Joined:
    Jun 8, 2012
    Messages:
    71
    Likes Received:
    51
    Јас обично се туширам со парфем за, нели, што подолго да ми трае, но како Јовче Белосветскиот патник стасав со моите до едно село/гратче во Франција Grass:e: каде што се произведуваат сите оригинални парфеми...женичката таму ни објасни дека за оригинален парфем доволно е да се прсне два до три пати (на вратот и на деколтето) и притоа да не се размачкува/трие бидејќи се уништуваат нотите на парфемот, и да тоа со вазелинот помага зошто парфемите всушност така и се прават...на вазелин се ставаат листови од цвет да отстојат за вазелинот да го добие мирисот и потоа се комбинираат со мириси од други тревки... така да оттогаш се прскам 3-4 пати и не мора д акупувам парфем на секој 2 месец :lol:
     
  19. Angela12345

    Angela12345 Истакнат член

    Joined:
    Aug 15, 2012
    Messages:
    223
    Likes Received:
    27
    Секаде ставам :)
     
  20. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Joined:
    Jan 23, 2011
    Messages:
    1,434
    Likes Received:
    577
    Ставам на пулсните точки, на косата дирекно не бидејќи се оштетува. Прскам во воздух и потоа поминувам низ тоа.