Таа чудесна светлина што излегуваше од неговите очи ми даваше сила да лебдам, да се издигнам над сите и да ги победам злите јазици. Знаев дека тој ќе биде само мој.
No, ne se zalam. Bidejki sega go cuvstvuvam prodolzenieto na toj moment, i zapoznavanjeto koe se dvizese kako film.
Ми рече ќе носи темно зелени панталони...Знае ли колкумина поминаа со темнозелени панталони во рок од 5 минути? Како сите мажи на овој свет да се имаа договорено тој ден да носат иста боја панталони...
Ја поткревам главата и го забележувам како ми доаѓа во пресрет. Чувствувам како ми се тресе тлото под нозете.
Го почувствував неговиот парфем, ме опи со самата негова фигура.Зраците на зајдисонцето јасно ја исцртуваа неговата мажевствена силуета.